Португалија

Португалија

Ова е една од малкуте земји на #ЦелСвет каде што навистина ќе се почувствувате свои. Речиси никаде на светот нема да видите посрдечни локалци, ниту пак повкусна храна. Чувство на вистинска среќа.

Велат „што појужно, тоа има повеќе душа“, момци и девојки, госпоѓи и господа, пријатели и пријателки направете место во вашите календари и ајде заедно со нас во ПОРТУГАЛИЈА!

Правиме заедно спомени во земјата на „fado“ музиката каде што секоја нота длабоко метастазира во вашиот организам. 

И пред да почнеме ова наше воодушевување со оваа земја да го споделуваме може да ви се чини како владата на Португалија да не плаќа да го споделиме, но верувајте не е така! Ние само сакаме да го доживеете она кое што не се опишува со зборови!

Го запознаваме најдобриот народ на #ЦелСвет,  го слушаме најубавиот јазик кој што постои, а секоја „calçada“по која што чекориме ви раскажува по една приказна. Секој залак кој ќе го пробате е нешто сосема ново и поразлично и не може а да не е пропратено со чаша од најдоброто вино на планетата. 

Vida boa, би рекле португалците, а ние само сакаме ја доживеете нашата Португалија!

Па да започнеме од Лисабон, во самиот центар на градот се наоѓа Baxia западно од неа, се наоѓаат Bairro Alto и Chiado а источно Alfama. Ако прашувате како изгледа шармантен град, тоа е токму ова место. Но, тука има и доста историја. Сте ги виделе ли некогаш оние симпатични и автентични стари улички кои што ги има во Лисабон? Е и тоа ви е тука. Тука со сигурност можеме да кажеме дека се наоѓа вистинскиот дух на Португалија. Онаа Португалија како што си ја замислуваме. 

Додека шетаме, во прилика сме да видиме повозрасни португалци како на улица играат шах, баби кои што го простираат својот веш на прозорите и деца кои што се облечени во фудбалски дресови од најдобрите играчи од нивната земја, играат фудбал истите по тие тесни улички. Оваа сцена не ве потсетува на некој јужно-амерички филм? 

Вистинската возбуда е во Belem, каде што се наоѓа „Споменикот на откритијата“, манастирот „Јеронимос“, а многу блиску во делот Orient се наоѓа и лисабонскиот Океанаријум, еден од најголемите во Европа. Здраво љубители на слатко! Дали сме за еден Pastel de nata? Немате пробано ваков колач! А после благо може и едen Ginju, најпознатиот ликер од вишна. Мала чашка полна задоволство.

Дали знаевте дека Лисабон ја има скулптурата на „Исус“? Малку помала од онаа во Бразил, а се наоѓа во близина на мостот Васко Де Гама, кој што е воедно и најдолгиот мост во Европа.

Има и плажа! Вау, па уште колку причини ќе се појават за дефинитивно да го наречеме совршен град! Ајде да се сончаме, дишеме португалски воздух и уживаме на Praia de Carcavelos и Praia Sao Pedro. 

Поаѓања

Патувања