Лисабон и Порто Авантура

Лисабон и Порто Авантура

цена од
1.099
EUR ,00
сега од
899
EUR ,00
траење
8 дена
Пријави се Барање
Барање

Vida boa, би рекле португалците, а ние само сакаме ја доживеете нашата Португалија!

Велат „што појужно, тоа има повеќе душа“, момци и девојки, госпоѓи и господа, пријатели и пријателки направете место во вашите календари и ајде заедно со нас во Порто и Лисабон!

Нашата авантура ја започнуваме во Порто -- градот на мостовите, непобедливиот град или северната престолнина, ние би рекле еден од најстарите градови во Европа – Порто, каде што се крие една незаборавна приказна. Кој ќе Ви ја раскаже? Tripeiros или пак оние вистински „порторијанци “. Државата го добила името по овој град, а Порто го крие и нааааајдоброто вино на #ЦелСвет! Најавтентичното Le Francesinhas за љубителите на добра храна, и неверојатен ноќен живот кој што е во ритамот на бразилската музика која што буквално се слуша на секое ќоше. Ааа... за сите љубители на вино, посетуваме и винарија каде имаме ретка прилика да дигустираме стотици видови на познатото португалско вино!

Потоа продолжуваме во незаборавните Лисабон. Град каде што има сѐ. Богата историја, разнолик, шарен, топол и најживописен амбиент на #ЦелСвет! Топла клима, Атлански океан и неверојатен спој на култури кои ги спојуваат духот на Африка, Маор, шармот на европскиот југ како и огнениот темперамент, а не постои човек на светот кој што нема да каже „Е тука би живеел“. Воздух исполнет со смеа, мирис на свеж Pastel de nata и неезаборавно добар вкус на најдоброто вино на #целсвет! Шетаме низ шарениот хаос на Лисабон, каде што дури и калдрмата танцува во ритамот на Fado! Од Лисабон ја посетуваме и Синтра -- ,,градот од бајките", Кашкаи -- ,,Португалското Сан Тропе" и една од најубавите плажи во Европа -- Коста дa Капарика

Португалија можеби нема Колосеум ниту Ајфелова Кула, НО Португалија има душа, има музика, прекрасни плажи и има најкул lifestyle на #ЦелСвет!

Дали почна да се пакуваш?


Рута
Скопје
Истанбул
Лисабон
Порто
Истанбул
Скопје

Превоз
Авион, Автобус, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
Дестинации
Европа, Португалија
Видови патувања
Кратки патувања
Код на патување
ESPT4
Тежина
Погодно за деца
Да

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања 5. 3. 2025

Состанок на патниците на Mеѓународниот Aеродом во Скопје два часа пред лет. Вечерен лет од Скопје за Истанбул. Пристигнување во Истанбул. Преседнување на лет за Лисабон.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Скопје
  • Истанбул

Факултативни излети

Пристигнуваме во Лисабон во раните утрински часови. Bem vindo a Portugal!!! Ова е една од малкуте земји на #ЦелСвет каде што навистина ќе се почувствувате свои. Речиси никаде на светот нема да видите посрдечни локалци, ниту пак повкусна храна. Чувство на вистинска среќа, ги посетуваме најубавите градови во Европа!!! Правиме check-in во нашиот хотел и имаме слободно време да се освежиме. Денот го продолжуваме во португалски дух со Praça do Comércio или познат како најголемиот плоштад во Португалија со неверојатни 30,600 m2 каде што имаме слободно време да ги истражиме и оние добро познати вкусни португалски специјалитети. Дали сме за една Cataplana de Marisco? Па патот не води кон познатото маало Alfama. Се возиме со познатиот Трамвај 28 -- искуство кое НЕ СМЕЕ да се пропушти на било која посета на Лисабон. Во еден здив? Сте виделе се. Нема да сме целосно авантуристи доколку денот не го завршиме со еден незаборавен пикник на зајдисонце во некое miradouro.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Лисабон (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

HF Fenix Garden 1 ноќ

Место

  • Лисабон

Факултативни излети

Доколку би требале со неколку зборови да Ви го опишеме ова место тоа би било „место од бајките“. Ушушкано во непосредна близина на Лисабон, Синтра како мало живописно градче кое се наоѓа на истоимената планина Serra de Sintra е еден од најдобро поминатите денови кои што можете да ги доживеете во Португалија. Mистичен град со кулата на масоните Quinta da Regaleira, шарената палата Pena и националната палата, основана од страна на Маварите во почетокот на 9-ти век. Полни кафулиња и ресторани со голем број посетители за кои Синтра е неизбежна станица низ Португалија. Продолжуваме на Кабо да Рока - најзападната точка на Европа каде брановите се одбиваат од карпите и каде можете да добиете сертификат дека сте биле на крајниот запад на стариот континент! Денот го завршуваме на најпесокливите плажи и најраздвижената марина во Cascais. Совршено време за уживање!

Сместување

HF Fenix Garden 1 ноќ

Место

  • Лисабон

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Првиот дел од денот е резервиран за авантура!!! Посетуваме уште две must-see места во Португалија -- Белем и Santurai de Cristo! Го посетуваме еден од најпознатите дистрикти на музеии во Европа -- Белем, потточно ја посетуваме познатата кула Belem -- која изгледа како да е излезена од некој Disney цртан. Дали знаевте дека Лисабон ја има скулптурата на „Исус“? Малку помала од онаа во Бразил, а се наоѓа во близина на мостот 25 Април -- португалскиот Golden Gate. Потоа вториот дел од нашиот ден е резервиран за потполно уживање на плажа со најдобрата екипа на #целсвет! Се плажираме во Коста да Капарика -- шармантен крајбрежен град во Португалија, познат по своите прекрасни плажи, живописна атмосфера и превкусна морска храна.

Сместување

HF Fenix Garden 1 ноќ

Место

  • Лисабон

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Правиме check-out од нашиот хотел и не очекува нова авантура!!! Започнуваме со посета на португалскиот ватикан -- градот Фатима (Fatima). Опколени сме со огромни базилки изградени од бел мермер и го посетуваме и најпознатиот плоштад во ова гратче каде се наоѓа и базиликата -- Nossa Senhora do Rosário. Овој град е свет поради тоа што се верува дека на ова место три деца биле посетени од Богородица. Оттука продолжуваме до еден од најживописните градови во Португалија -- Коимбра (Coimbra). Најстариот универзитетски град во Португалија. Низ градот се протега и една од најпознатите реки Мондего, шетаме по кејот на оваа река додека не пристигнеме до познатиот парк Мондего. А се разбира како неизбежна точка во овој град е познатиот универзитет -- -- опколени сме со стари згради и библиотеки кои изгледаат како да се излезени од Хари Потер. За време на овој излет ја доживуваме Португалија од една сосема различна перспектива. Пристигнуваме во Порто, правиме check-in во нашиот хотел и имаме слободно време за истражување на овој град!! Вечерно излегување во некои од локални барови, каде танцуваме цела вечер!!

Превоз

  • Трансфер од Лисабон до Порто со автобус.

Сместување

HF Tuela Porto 1 ноќ

Место

  • Лисабон
  • Порто

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Денот го започнуваме со факултативен излет -- Порто City Tour. Го истражуваме еден од најстарите градови во Европа -- градот на вино, прекрасни катедрали, шарени графити и мурали и azulejos. Нашата авантура ја започнуваме со посета на еден од најважните делови на овој град, потточно Историскиот центар на Порто, кој е заштитен од УНЕСКО. Ги посетуваме некои од најфасцинантните споменици, згради и катедрали во овој дел на градот. Се движиме по тесните улички на Riberia, најживописното маало во овој дел на градот. Шарени згради, графити и мурали скриени зад секое ќоше и мали кафулиња. Транспортирани сме далеку од градската бучава и модерните згради! Шетајќи се по тесните улички ја впиваме енергијата на овој фасцинантен град. Ја посетуваме и најстарата катедрала во Порто, па продолжуваме до една од најстарите железнички во Португалија -- São Bento и авенијата dos Aliados. Нашиот ден го завршуваме на Rua das Flores најпосетуваната улица во Порто. Вечерта одиме да посетиме традиционална винарска визба, каде што имаме шанса да дегустираме стотици видови традиционално вино од порто. Вино кое традиционално се меша со бренди за да се добие неговиот најуникатен вкус.

Сместување

HF Tuela Porto 1 ноќ

Место

  • Порто

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадок ги напуштаме нашите собите и имаме слободно време во Порто да докупиме уште некој сувенир, да јадеме уште по некое Pastéis de Nata и да откриеме уште некој скриен графит. Попладне имаме трансфер до аеродромот во Лисабон. Лет од Порто до Истанбул. Преседнување на лет за Скопје.

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром.
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Порто - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Порто
  • Истанбул

Храна

  • Континентален појадок × 1

Лет од Истанбул за Скопје во раните утрински часови. Пристигнување во Скопје. Крај на патувањето.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Истанбул
  • Скопје

Поаѓања и цени

За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€ (12.400,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Што е вклучено

Сместување

HF Fenix Garden Пример 3 ноќи
HF Tuela Porto Пример 2 ноќи

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Лисабон (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер од Лисабон до Порто со автобус.
  • Трансфер од сместувањето до аеродром.
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Порто - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Храна

5 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Туристичка такса за Португалија која изнесува: 2€ (Porto) и 4€ (Lisabon) дневно по лице.

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Фадо вечера во Порто

Фадо вечера во Порто
Цена: 60,00 EUR

Одиме на традиционално fado шоу -- музиката каде што секоја нота длабоко метастазира во нашиот организам и must-see без кој ниедна посета на Португалија не би била целосна. Ги слушаме нотите на гитара додека уживаме во прекрасно порт вино и вечера. 
 

Во цената на излетот се вклучени алкохолни и безалкохолни пијалоци и вечера.

Напомена: превозот до ресторанот не е вклучен во цената на излетот

Lisabon City Tour

Lisabon City Tour
Цена: 40,00 EUR

Денот го започнуваме во португалски дух, па како вистински авантуристи го истражуваме најживиот дел на Лисабон -- неговиот центарот, а не може да не видиме сѐ! Спремете си удобни обувки, бидејќи Belem се доживува на нога. Оттука продожуваме кон Praça do Comércio или познат како нааајголемиот плоштад во Португалија со неверојатни 30,600 m2 каде што имаме слободно време да ги истражиме и оние добро познати вкусни португалски специјалитети. Дали сме за една Cataplana de Marisco? Ai Ai Ai... Па патот не води кон познатото маало Alfama. Улици познати по едни од најдобрите тезги за традиционални ракотворби од златните раце на овие неверојатно насмеани португалци. Имаат и добро кафе! За љубителите на фоткање, би рекле едно од подобрите места за слики! Дали некогаш сте слушнале за познатиот Трамвај 28? Една од најдобрите линии низ Лисабон. Во еден здив? Сте виделе сѐ. Нема да сме целосно авантуристи доколку денот не го завршиме со еден незаборавен пикник на зајдисонце во некое miradouro.

Напомена: Излетот се организира со јавен превоз

Sintra, Cabo da Roca & Cascais

Sintra, Cabo da Roca & Cascais
Цена: 90,00 EUR

Доколку би требале со неколку зборови да Ви го опишеме ова место тоа би било „место од бајките“. Ушушкано во непосредна близина на Лисабон, Синтра како мало живописно градче кое се наоѓа на истоимената планина Serra de Sintra е еден од најдобро поминатите денови кои што можете да ги доживеете во Португалија. Во Синтра одиме за да се воодушевуваме на нејзините дворци и палати во чиј склоп се наоѓаат дури 7 од нив. Тоа кое што никако не смееме да го пропуштиме додека сме во Синтра е Cabo da Roca, најзападната точка на Европа. На овој „крај од Европа“ се наоѓа светилник како и споменик кој што ќе Ви потврди дека од другата страна се наоѓа Америка. Водичот веројатно би се пошегувал и би ви рекол доколку е навиистина сончев денот и добро се загледате таму некаде можете да го видите New York! Тоа што е фасцинантно тука се дивите бранови кои што моќно удираат по карпите. Погледот е неверојатен, а најхрабрите ќе се спуштат до океанот и ќе ги пробуричкаат своите прсти во Атлантикот. Денот го завршуваме на наааајпесокливите плажи и најраздвижената марина во Cascais. Совршено време за уживање!

Belem, Santuario de Cristo Rei & Costa de Caoarica

Belem, Santuario de Cristo Rei & Costa de Caoarica
Цена: 55,00 EUR

Релаксирачки ден, создаден за уживање во океанот, коктелите и локалната храна. Но, пред да стигнеме до плажа, во типичен Jungle стил одиме да посетиме уште две must-see места на секоја посета на Португалија -- Santuario de Cristo Rei и Belem! Го посетуваме еден од најпознатите дистрикти на музеии во Европа -- Белем, потточно ја посетуваме познатата кула Belem -- која изгледа како да е излезена од некој Disney цртан. Дали знаевте дека Лисабон ја има скулптурата на „Исус“? Малку помала од онаа во Бразил, а се наоѓа во близина на мостот 25 Април, мост кој гo поврзува Лисабон со Алмеда -- Португалскиот Golden Gate!! Време е за плажаа!! Продолжуваме до Коста да Капарика -- шармантен крајбрежен град во Португалија, познат по своите прекрасни плажи, живописна атмосфера и превкусна морска храна. Остатокот од денот го користиме за коктели, сончање иии целосно опуштање на една од најпознатите плажи во Европа!!!

Посета на Фатима (Fatima) & Коимбра (Coimbra)

Посета на Фатима (Fatima) & Коимбра (Coimbra)

******ИЗЛЕТ ВКЛУЧЕН ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАН*******

Започнуваме со посета на португалскиот ватикан -- градот Фатима (Fatima). Опколени сме со огромни базилки изградени од бел мермер и го посетуваме и најпознатиот плоштад во ова гратче каде се наоѓа и базиликата -- Nossa Senhora do Rosário. Овој град е свет поради тоа што се верува дека на ова место три деца биле посетени од Богородица. Оттука продолжуваме до еден од најживописните градови во Португалија -- Коимбра (Coimbra). Најстариот универзитетски град во Португалија. Низ градот се протега и една од најпознатите реки Мондего, шетаме по кејот на оваа река додека не пристигнеме до познатиот парк Мондего. А се разбира како неизбежна точка во овој град е познатиот универзитет -- -- опколени сме со стари згради и библиотеки кои изгледаат како да се излезени од Хари Потер. За време на овој излет ја доживуваме Португалија од една сосема различна перспектива.

Porto City Tour и посета на винарска визба

 Porto City Tour и посета на винарска визба
Цена: 40,00 EUR

Излет на кој ја дишеме историјата и влегуваме во сржта на Порто. Го истражуваме еден од најстарите градови во Европа -- градот на вино, прекрасни катедрали, шарени графити, мурали и azulejos (познатите португалски плочки). Нашата авантура ја започнуваме со посета на еден од најважните делови на овој град, потточно историскиот центар на Порто, кој е заштитен од УНЕСКО. Ги посетуваме некои од најфасцинантните споменици, згради и катедрали во овој дел на градот. Се движиме по тесните улички на Riberia, најживописното маало во градот. Шарени згради, графити и мурали скриени зад секое ќоше и стотици мали кафулиња. Транспортирани сме далеку од градската бучава и огромните згради. Шетајќи се по тесните улички ја впиваме енергијата на овој фасцинантен град. Стигнуваме до најголемата катедрала во Порто, изградена во XII век. Во катедралата се чуваат непроценливи уметнички дела и артефакти, кои го претставуваат наследството на оваа прекрасна земја. Продолжуваме до една од најстарите железнички во Португалија -- São Bento. Прво нешто што ќе забележиме е влезот на оваа станица кој е декориран со 20,000 azulejos. Пристигнуваме до Avenida dos Aliados, најголемата авенија на овој град. Како што пешачиме низ овој прекрасен град, пред нас се појавува најголемата камбанарија во Порто, изградена во XVIII век. Време е за опуштање, пристигнуваме во еден од најживописните паркови во Португалија -- Jardim de Cordoaria, оттука се движиме по кејот на реката Douroa. Поминуваме по една од најпосетените улици во Порто -- Rua das Flores. A на крај нашата прошетка ја завршуваме во Институтот за Вино, каде имаме шанса да научиме повеќе за најпознатото вино во Европа! Спремни со ново знаење одиме да посетиме традиционална винарска визба, каде што имаме шанса да дегустираме стотици видови традиционално вино од порто. Вино кое традиционално се меша со бренди за да се добие неговиот најуникатен вкус.

Напомена: Излетот се организира со јавен превоз.

Сместување

HF Tuela Porto

HF Tuela Porto
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

HF Tuela Porto e сместувачки објект со 3* (по локална категоризација) во Порто, Португалија. Се наоѓа во најживиот дел на градот (Boavista) на само 10 минути пешки до реката Дуро. Хотелот располага со сопствен бар и ресторан. Хотелот располага со двокреветни соби со телевизор со сателитски канали, минибар, електричен kettle и клима уред. 

Услугата е на база ноќевање.

Вебсајт https://www.hfhotels.com/hoteis/hf-tuela-porto-pt/?utm_source=mybusiness&utm_medium=organic&utm_term=&utm_content=hf-tuela-porto&utm_campaign=my-business

Адреса Rua Arquitecto Marques Da Silva
200
Lordelo do Ouro e Massarelos
4150-483 Porto
Portugal

HF Fenix Garden

HF Fenix Garden
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

HF Fenix Garden Hotel е сместувачки со 3* (по локална категоризација) во Лисабон, Португалија. Хотелот се наоѓа на предобра локација во центарот на Лисабон, веднаш на плоштадот Marquês de Pombal. На неколку чекори од хотелот се наоѓа и познатиот парк Eduardo VII. Се сместуваме во двокреветни соби со сопствено купатило, телевизор, бесплатен Wi-fi интернет и клима уред. Хотелот располага со сопствен ресторан за појадок, и летна руфтоп тераса.

Услугата е на база ноќевање со појадок.

Вебсајт https://www.hfhotels.com/hoteis/hf-fenix-garden-pt/?utm_source=mybusiness&utm_medium=organic&utm_term=&utm_content=hf-fenix-garden&utm_campaign=my-business

Адреса R. Joaquim António de Aguiar 3
1050-010 Lisboa
Portugal

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.