Барселона Нова Година

Барселона Нова Година

цена од
849
EUR ,00
траење
7 дена
Пријави се Барање
Барање

Еден од најубавите градови на светот - шарената Барселона, град кој се наоѓа на бакет листата на сите патници -- а дали има помагично од посета на Барселона од дочек на Новата 2025!!!

Поради несекојдневната убавина ја нарекуваат „Кралица на Медитеранот“, а она што никако не смеете да пропуштите е Гаудиевите куќи Casa Milla и Casa Batllo, познатата Sagrada Familia, бајковитиот Park Guell, танцувачките фонтани во Montjuïc, шеталиштето La Rambla, плажата Barceloneta и градот Жирона.

Незаборавна новогодишна авантура која дефинитивно ќе ја паметите доживотно!! 


Рута
Скопје
Тирана
Барселона
Тирана
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
Дестинации
Европа, Шпанија
Код на патување
ES12
Тежина
Погодно за деца
Да

План и програма

Состанок на патниците во Скопје. Трансфер од Скопје до Тирана. Лет од Тирана и пристигнување во Барселона. Трансфер до сместувањето во Барселона. Добродојдовте во еден од најмагичните и најшарените градови во Европа. Имаме слободно време да го истражиме овој магичен град. Ноќевање

Превоз

  • Трансфер од Скопје до Меѓународниот Аеродром во Тирана
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Тирана - Барселона (Wizz Air) со вклучен рачен багаж (40x30x20)

Сместување

Ibis Barcelona Meridiana 1 ноќ

Место

  • Скопје
  • Тирана
  • Барселона

Овој ден е посветен на познатиот архитект Антонио Гауди -- таткото на модернизмот во Барселона. Започнуваме со прошетка низ најпознатиот парк во Барселона -- Park de la Ciutadella. Во еден здив ги гледаме каталонскиот парламент, музејот на природни науки и зоолошката градина. Нашата посета ја завршуваме со познатата фонтана -- која ја има направено Josep Fontsére, но некои придонеси во ова ремек дело дал и Гауди. Потоа продолжуваме кон најпознатата креација на Гауди, која се гради веќе околу 142 години и се верува дека ќе биде целосно изградена во 2026 -- Sagrada Familia. Оттука продолжуваме кон познатиот Парк на Гауди -- Паркот Гуел. Огромен парк, со стотици шарени згради и креации на Гауди. Навистина необично место кое ве транспортира во некоја бајка која сме ја читале како деца. По паркот продолжуваме кон Музеј куќата на Гауди -- каде што се зачувани сите лични работи, уметнички дела и разни предмети кои Гауди ги собирал низ времето. Продолжуваме до Passeig de Gràcia -- една од најлудите улици во Барселона. Улица каде модерните згради на 21виот век се испреплетени со шарени историски town-houses, тука за првпат се запознаваме со архитектурата на Гауди. На оваа улица се наоѓа и Casa Batllo -- куќа која ја направил Гауди. Внатрешноста е неверојатна како и надворешноста. Иновативниот архитектонски дизајн на Антони Гауди се поигрува со формата и функционалноста. Секој елемент од Casa Battlo си поигрува со вашите очи. Локалните жители ја нарекуваат куќа на коските и веднаш ќе дознаете зошто. Оттука продолжуваме до уште една куќа која е дизајнирана од Гауди -- Casa Mila. Последната приватна резиденција која ја изградил пред целосно да се посвети на изградба на Саграда Фамилија (Sagrada Familia). Денес оваа куќа е претворена во музеј, каде што се претставени делата на Гауди. По нашата авантура низ креациите на Гауди се враќаме во нашето сместување. Ноќевање

Сместување

Ibis Barcelona Meridiana 1 ноќ

Место

  • Барселона

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадок, започнуваме со еден од најинтересните излети во Барселона -- излет кој не транспортира во ,,Westeros" од серијата ,,Game of Thrones" (Игра на Тронови). Започнуваме со истражување на средновековниот град Жирона (Girona). Тука го посетуваме познатиот Еврејски кварт или Braavos од серијата. Се шетаме по тесни камени улички се додека не пристигнеме до големата готска катедрала (или големата септа Baelor - од серијата). Чекориме по стапките на Arya, Joffrey, Daenerys и Cersei... Оттука продолжуваме кон родното место на познатиот уметник Salvador Dali. Прекрасно шпанско гратче во близина на границата со Франција. Пешачиме низ шареното село и се запознаваме повеќе со животот на овој познат уметник. Во попладневните часови се враќаме во нашето сместување и имаме слободно време да испиеме уште по некоја Сангрија.

Сместување

Ibis Barcelona Meridiana 1 ноќ

Место

  • Барселона

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Овој ден е резервиран за посета на најважните места во Барселона. Започнуваме со катедрала на Барселона (Catedral de Barcelona) -- оваа катедрала се наоѓа во прочуениот готскиот кварт. Оттука продолжуваме кон Булеварот Лас Рамблас -- жива и иконска улица во срцето на Барселона, улица каде што вистински ќе го доживеете овој град. Голем булевар кој минува низ срцето на центарот на градот. Пристигнуваме до плоштадот Sant Felip Neri, каде што се наоѓа и познатиот отворен пазар -- Mercado de La Boqueria кој има посебен дух и можете вистински да го почуствувате духот на градот. Продолжуваме во музејот на познатиот уметник Пабло Пикасо -- музеј со најголемата колекција на уметнички дела на Пикасо. Замислете си панорамски поглед од 360 степени на Барселона. Оттука продолжуваме кон Булеварот Лас Рамблас -- жива и иконска улица во срцето на Барселона, улица каде што вистински ќе го доживеете овој град. Голем булевар кој минува низ срцето на центарот на градот. Пристигнуваме до плоштадот Sant Felip Neri, каде што се наоѓа и познатиот отворен пазар -- Mercado de La Boqueria кој има посебен дух и можете вистински да го почуствувате духот на градот. Во најживото место во градот ја дочекуваме Новата 2025... СРЕЌНА НОВА ГОДИНА!! Неизбежно е да не си посакаме секоја наредна Нова Година да ја дочекаме на вакво магично место.

Сместување

Ibis Barcelona Meridiana 1 ноќ

Место

  • Барселона

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Се будиме малку покасно од вообичаено :), имаме слободно време за истражување на Барселона.

Сместување

Ibis Barcelona Meridiana 1 ноќ

Место

  • Барселона

Храна

  • Континентален појадок × 1

По појадок го напуштаме нашето сместување. Со жичарница се искачуваме на Montjuïc Hill -- најпознатиот рид во Барселона во кој се наоѓа една од најживописните населби во градот. Освен што нуди прекрасен панорамски поглед на Барселона и околината, тука посетуваме и живописни паркови, танцувачки фонтани и музеии. Вечерен трансфер до аеродром. Лет од Барселона до Тирана. Трансфер од Тирана до Скопје. Крај на патувањето.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Барселона - Тирана (Wizz Air), со вклучен рачен багаж (40x30x20)

Место

  • Барселона

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Во раните утрински часови пристигнуваме во Тирана. Трансфер од Тирана до Скопје. Крај на патувањето.

Превоз

  • Трансфер од Меѓународниот аеродром во Тирана до Скопје.

Место

  • Тирана
  • Скопје

Поаѓања и цени

За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€ (12.400,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци.

Што е вклучено

Сместување

Ibis Barcelona Meridiana Пример 5 ноќи

Превоз

  • Трансфер од Скопје до Меѓународниот Аеродром во Тирана
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Тирана - Барселона (Wizz Air) со вклучен рачен багаж (40x30x20)
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Барселона - Тирана (Wizz Air), со вклучен рачен багаж (40x30x20)
  • Трансфер од Меѓународниот аеродром во Тирана до Скопје.

Храна

5 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Gaudi Tour

Gaudi Tour
Цена: 65,00 EUR

Овој ден е посветен на познатиот архитект Антонио Гауди -- таткото на модернизмот во Барселона. Започнуваме со лабава прошетка низ најпознатиот парк во Барселона -- Park de la Ciutadella. Во еден здив ги гледаме каталонскиот парламент, музејот на природни науки и зоолошката градина. Нашата посета ја завршуваме со познатата фонтана -- која ја има направено Josep Fontsére, но некои придонеси во ова ремек дело дал и Гауди за време на неговите студентски години. Потоа продолжуваме кон најпознатата креација на Гауди, која се гради веќе околу 142 години и се верува дека ќе биде целосно изградена во 2026. Како инспирација за ова дело Гауди ја користел природата -- сите неправилности кои произлегуваат од неа. Ова финално ремек дело служи и како неговата гробница. Оттука продолжуваме кон познатиот Парк на Гауди -- Парк Гуел. Огромен парк, со стотици шарени згради и креации на Гауди. Навистина необично место кое ве транспортира во некоја бајка која сме ја читале како деца. По паркот продолжуваме кон Музеј куќата на Гауди -- каде што се зачувани сите лични работи, уметнички дела и разни предмети кои Гауди ги собирал низ времето. Продолжуваме до Passeig de Gràcia -- една од најлудите улици во Барселона. Улица каде модерните згради на 21виот век се испреплетени со шарени историски town-houses, тука за првпат се запознаваме со архитектурата на Гауди. На оваа улица се наоѓа и Casa Batllo -- куќа која ја направил Гауди. Внатрешноста е неверојатна како и надворешноста. Иновативниот архитектонски дизајн на Антони Гауди се поигрува со формата и функционалноста. Секој елемент од Casa Battlo си поигрува со вашите очи. Локалните жители ја нарекуваат куќа на коските и веднаш ќе дознаете зошто. Оттука продолжуваме до уште една куќа која е дизајнирана од Гауди -- Casa Mila. Последната приватна резиденција која ја изградил пред целосно да се посвети на изградба на Саграда Фамилија (Sagrada Familia). Денес оваа куќа е претворена во музеј, каде што се претставени делата на Гауди. По нашата авантура низ креациите на Гауди се враќаме во нашето сместување.

Напомена: Во излетот е вклучена влезница за Парк Гуел. Не е вклучена влезница за Sagrada Familia, која чини 30 по-човек (влезницата треба да се обезбеди однапред -- при пријава или доплата на целосниот аранжман)

Game of Thrones Tour

Game of Thrones Tour
Цена: 75,00 EUR

Овој ден нѐ транспортира во некои од најпознатите сцени на хит серијата ,,Game of Thrones" (Игра на Тронови) кои се снимани во градот Жирона (Girona). Започнуваме со Еврејскиот кварт -- еден од најдобро зачуваните во Европа (градот Braavos од серијата). Се губиме во лавиринтот на тесни улички и патуваме низ времето. Шетајќи по овој средновековен град пристигнуваме до една од најубавите готски катедрали во Шпанија (или големата септа Baelor). Од Жирона продолжуваме во Фигрес, мал град во близина на границата со Франција. Една од трите точки што го сочинуваат таканаречениот "Дали Триаголник" -- овој град претставува родното место на познатиот уметник Дали. Шетаме низ шарени улички и се запознаваме со ова живописно место.
Во излетот не е вклучена влезницата во музејот на Дали, која чини 17€ по лице.

Gothic Quarter & Picasso Museum

Gothic Quarter & Picasso Museum
Цена: 50,00 EUR

Овој ден е резервиран за посета на најважните места во Барселона. Започнуваме со катедрала на Барселона (Catedral de Barcelona) -- оваа катедрала се наоѓа во прочуениот готскиот кварт, катедралата е седиштето на архиепископ на Шпанија и еден од најважните симболи на градот. Боите, архитектурата, нејзината големина се од епски размери. Нашата посета ја завршуваме на самиот врв на катедралата. Ааааа.... за самиот поглед од горе ги остава сите посетители без здив.  Продолжуваме до Passeig de Gràcia -- една од најлудите улици во Барселона. Улица каде модерните згради на 21виот век се испреплетени со шарени историски town-houses, тука за првпат се запознаваме со архитектурата на Гауди. На оваа улица се наоѓа и Casa Batllo -- куќа која ја направил Гауди. Внатрешноста е неверојатна како и надворешноста. Иновативниот архитектонски дизајн на Антони Гауди се поигрува со формата и функционалноста. Секој елемент од Casa Battlo си поигрува со вашите очи. Локалните жители ја нарекуваат куќа на коските и веднаш ќе дознаете зошто. Оттука продолжуваме до уште една куќа која е дизајнирана од Гауди -- Casa Mila. Последната приватна резиденција која ја изградил пред целосно да се посвети на изградба на Саграда Фамилија (Sagrada Familia). Денес оваа куќа е претворена во музеј, каде што се претставени делата на Гауди.

Во излетот не е вклучена влезницата во музејот на Пикасо, која чини од 14€ по лице.

Montjuïc Hill

Montjuïc Hill
Цена: 45,00 EUR

Со жичарница се искачуваме на Montjuïc Hill -- најпознатиот рид во Барселона во кој се наоѓа една од најживописните населби во градот. Освен што нуди прекрасен панорамски поглед на Барселона и околината, тука посетуваме и живописни паркови, танцувачки фонтани и музеии. 

Сместување

Ibis Barcelona Meridiana

Ibis Barcelona Meridiana
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Hotel Ibis Barcelona Meridiana e сместувачки објект со 2* (по локална категоризација) во Барселона. Хотелот се наоѓа во модерна зграда и има сопствен ресторан и бар/кафуле. Хотелот располага со дво-креветни cоби. Секоја соба има сопствен тоалет, сателитска ТВ, бесплатен WiFI и клима уред. Хотелот се наоѓа на само неколку чекори од метро станица -- па оттука цела Барселона ни е достапна!!

Услугата е на база ноќевање со појадок.

Вебсајт https://all.accor.com/hotel/3310/index.en.shtml?utm_campaign=seo+maps&utm_medium=seo+maps&utm_source=google+Maps

Адреса Passeig Andreu Nin
9
Nou Barris
08016 Barcelona
Spain

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.