Кападокија се наоѓа во централниот дел на Анадолија во Турција. Денес Кападокија е едно од најпосетените и најромантичните места на светот. Овој крај покажува и докажува дека Турција има многу повеќе од море и прекрасен брег! Секако, кога на природната убавина ќе се додаде гостопримство и вкусна храна, не е ни чудно што #ЦелСвет сака да го истражи ова магично парче земја... И не, Кападокија не се само балони... Кападокија е мнооогу, многу повеќе..!
Пејсажите на овој турски предел се толку чудесни и магични што ќе помислите дека се наоѓате на друга планета. Вулканските ерупции и ерозијата, десеттици милиони години ги создавале овие пејасажи, кои изгледаат како природата да си поиграла со магично стапче!
Пределот изобилува со природна убавина и богата историја. Подземни градови, цркви од рано христијанскиот период, замоци вклесани во карпи од османлиско време се само дел од историските споменици останати да сведочат за богатата историја на овој предел.
Кога ќе кажеме Кападокија, неизбежно е да не помислиме на балони, на стотици балони кои истовремено летаат над впечатливиот пејзаж. Ќе помислиме на нереалните слики од Инстаграм за кои мислевме дека се фотошопирани. Во Кападокија нема потреба од фотошоп. Секој призор, секоја глетка, секој агол околу нас е како на фотографиите од интернет.
Летање со балон во Кападокија е атракција која се наоѓа на врвот на бакет листите на многу луѓе, и не е тешко да се заклучи зошто.
Регионот Кападокија е најпопуларна локација на светот за летови со балон. Секоја година, повеќе од половина од светските летови со балони се имаат одржано баш тука. Популарноста на овој регион за летови со балон не е само поради уникатниот пејсаж, туку и поради тоа што во просек 250 дена во годината се со погодни услови за летање, во споредба со просек од 60 дена во други делови од светот.
Кападокија е единственото место во светот каде што може да видите стотици балони на небото секое утро додека го пиете првото кафе на прекрасните тераси украсени во традиционален турски стил.
Ја истражуваме Кападокија која навистина изгледа нереално.. Всушност “нереално” е и зборот кој најмногу го употребуваме додека сме на нашите патувања таму, бидејќи никој не успева да пронајде други зборови за да ја опише убавината на она што го гледаме…
Патувања
Корисни информации
Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.