Срцето на Кападокија
Излетот го започнуваме во утринските часови (09:30ч). Aвантурата започнува со прошетка во Rose Valley и со уживање во геолошките шарени формации на оваа долина. Се упатуваме кон големиот манастирски комплекс - “Зелве музејот на отворено” (Zelve Open Air Museum) каде ќе ги видиме најубавите цркви вклесани во карпите, создадени од раните христијански монаси и најубавите примери на византиска уметност. Авантурата ни продолжува со истражувањето и го разгледуваме Пашабаги (Paşabağı) со необичната формација на печурка! Пашабаги исто така го нарекуваат и долината на монасите заради црквата на Свети Симеон која е сместена во самата долина. Следи пауза за ручек во градот Аванос. Аванос е сместен на брегот на Црвената река (Kızılırmak) која воедно е и најдолга река во Турција. Познат е по глинените работилници и глинени производи, за кои се верува дека почнале да ги изработуваат Хититите во II милениум п.н.е. Го разгледуваме гратчето и посетуваме работилници во кои учиме за глинените и керамички ремек дела. Локалците во живо ни ги демонстрираат и некогашните техники на изработка. Продолжуваме кон Devrent (Imagination) Valley или долината на имагинацијата. Долината дефинитивно ќе направи да се чувствувате како да сте во земја од бајките. Во регионот има многу фантастични геолошки форми кои наликуваат на животни каде што можете да ја искористите вашата имагинација и да се забавувате додека шетате по патеките. Денот го завршуваме со посета на античкото село Чавушин (Çavuşin). Селото е познато по своите уникатни куќи во пештери и зачудувачки карпести формации, што го прави популарна дестинација за посетителите во регионот. Враќање во сместувањето околу 17:30ч.
Во цената е вклучено: трансфер со комбе, локален водич на англиски јазик, влезници на наведените локалитети, ручек, услуги од претставник на агенцијата.
Во цената не е вклучено: пијалоци за време на ручекот