Ги запознаваме пределите извајани со магијата на јужноамериканската природа, се дружиме со необични луѓе од сокриените села и големите метрополи, го искусуваме живописното секојдневие какво ни нуди само Sudamerica! Нашите патници ќе имаат можност да нурнат во секое ќоше на овој разноврсен и возбудлив континент. Ќе патуваме низ магичните патишта од висина на Андите, преку боливиските висорамнини, колоритните лагуни и бескрајните пустини Атакама до хедонистичките престолнини како Сантјаго де Чиле, Буенос Аирес или Рио Де Жанеиро. Нашите патувања по Јужна Америка се необични аранжмани каде спојуваме повеќе држави, региони и предели во една авантура или каде во целост се посветуваме на истражување и престој во една земја. Наша цел е запознавање и со автентични култури и уживање во благодетите на современите текови на овие подрачја. Ќе дознаеме за цивилизацијата на Инките, ќе ги запознаеме обичаите завиткани во мистерија на пазарот на вештерки, ќе се залутаме далеку преку највисокото езеро на светот Титикаке, ке џвакаме кока со домородците од Андите, ќе мазиме алпаки (вид на јужноамериканско животно од семејството камили) во дивите предели, ќе се залуламе пред еквадорските вулкани, ќе испробаме најквалитетни вина Мендоза и бразилско кафе, ќе заиграме танго на улиците на Бока, ќе се вметнеме во навивачката грозница на Рио, ќе се капиме на најубавите плажи на Јужна Америка... Добредојдовте на местото полно со магичен реализам, на улиците каде се преплетуваат звуците на тангото и гласот на Евита Перон, каде се протегаат божества од древниот Кокопели до современиот Марадона, континетот кој со глечери, пустини, врвови, прашуми раздвојува два океани. Единствена приказна која го прави највозбудлив континент на нашата планета.