Аргентина

Аргентина

Нашите патувања низ Јужна Америка имаат неизбежна станица во непрегледните пампаси каде се наоѓа Аргентина. Нејзините жители ги наредуваме гаучоси, по одгледувачите на стока и нивниот начин на живот на ранчовите. Буенос Аирес, град на устието на Ла Плата во Атлантскиот океан, престолнината е втора по големина земја во Јужна Америка, земја на танго, фудбал, вино и бифтек, Марадона, папата Франциск и Евита Перон. Преку 30% од населението на земјата живеат во престолнината и нејзината околина. Фудбалот е дел од културата на земјата, а не само најважна споредна работа во светот. Стадионот на Бока Јуниорс Ла Бонбониера потсетува на кутија со чоколада поради својот карактеристичен облик со една рамна трибина и три подигнати во круг. Додека навивачите на Бока ("La doche") скокаат на трибините на овој акустичен стадион тој вибрира и нуди незаборавно доживување за секој посетител. Тангото се родило во сиромашните области на Буенос Аирес па овој популарен танц станал симбол на земјата и UNESCO го прогласил за нематеријално светско културно наследство. Се свири на бандонеон, специфичен вид на хармоника. Покрај престојот во Буенос Аирес, нашето племе ќе се упати кон југ до крајот на континентот, речиси до Огнената Земја. Ќе се сретнеме со глечери како што е Перито Морено, ќе ја истражуваме дивината и ќе ја слушаме природата. Без разлика дали ќе отпатуваме до Патагонија или само во Буенос Аирес, духот на оваа земја се облагородува како звукот на брадестите гаучоси.

Патувања

Видео

Прашања, одговори и искуства

Општата состојба на сигурност е на задоволувачко ниво, но треба да се внимава од ситни кражби. Не се препорачува шетање во периферните делови на Буенос Аирес, ниту посета на фавелите. Своите лични работи секогаш чувајте ги до себе и водете сметка кога менувате пари од банкомат, не го правете тоа навечер или во повлечените делови на градот. Не препорачуваме сами да шетате навечер, а доколку го правите тоа, бидете внимателни.

Не дозволувајте да ве излажат боите во населбата La Boca во Буенос Аирес, иако е шаренолика и весела, не е безбедна за туристите навечер, особено не во тесните и затскриени улички на овој дел.

Доколку ја посетите Кордоба, имајте на памет дека ризикот од ситни кражби и измами е висок. Најдобро е своите работи да ги чувате во сефот на хотелот и да водите сметка ако носите скапи фотоапарати и телефони. Доколку го посетите Росарио, најдобро е да се држите до пешачката зона Oroño Bv. и да го избегнете јужниот дел на градот.


Вакцината против жолта грозница не е задолжителна, но се препорачува. Најдобро е да се консултирате со Институтот за јавно здравје и да ги проверите сите детали. Пожелно е да носите пробиотици, фервекс и/или некои лекови за болка и температура за секој случај. Доколку не понесете лекови, не е е ништо страшно бидејќи таму може да се купи во аптека.


Според наводите на Министерството за надворешни работи, на македонски државјани не им е потребна виза за посета и престој во Аргентина до 90 дена. Аргентинските царински прописи се многу строги во однос на внесувањето и изнесувањето на оружје, лекови или заштитени животнски видови. За време навлегувањето и излегувањето од земјата, потребно е да пријавите доколку носите готовина поголема од 10.000,00$.


Локален број можете да купите во продавниците Claro или Movistar. Најважно е да нагласите дека ви е потребна prepaid картичка и да носите пасош со себе. Продавачите замолете ги да ви ја активираат линија. Со локалниот број можете да активирате и интернет, но многу од хотелите, хостелите и рестораните имаат WiFi така што непречено можете да бидете во контакт со своето семејство и пријателите.


Советуваме да ги научите основите на шпанскиот јазик и иако дијалектот во Аргентина се разликува, јазикот може да ви помогне полесно да се снајдете со оглед на тоа што Аргентинците се дружељубив народ. Препорачуваме да не се потпирате на банкоматите, туку да носите пари во готово и најдобро е да имате долари. Најдобро е да не очекувате дека работите ќе одат според прецизен тајминг, туку наоружајте се со трпение и имајте на памет дека доцнењето е често.


Доколку одите на излет на водопадите Игуасу, препорачуваме да понесете кабаница, средство против комарци и удобна облека. Советуваме и носење на специјални торбички кои може да се носат под маица или јакна, така што вашите вредни работи секогаш ќе бидат со вас и ќе ја избегнете можноста од кражба.


1. La Perta Roja – опуштен бар во Сан Телмо каде излегуваат локалците.
2. Madero Tango – одлично танго show кое може да го резервирате со вечера по цена од 40 евра. 
3. Plazoleta Julio Cortazar – плоштад на кој се наоѓаат многу клубови и барови
4. Museum – клуб во Сан Телмо направен во стара зграда
5. Avenida Corrientes – улица со традиционален дух на Буенос Аирес која е исполнета со театри, кафулиња, ресторани и книжарници 


Не е ни чудно што Аргентина е позната по кожата со оглед на тоа што е една од најголемите светски произведувачи на месо. Со повеќе од 200 работилници за кожа, имаат извонредно продизводство на висококвалитетни и издржливи производи како што се јакни, обувки и торби. Вистински рај ако сте љубители на шопингот. Аргентина денес со право е прогласена за еден од најдобрите произведувачи на Малбек вино на светот. Благодарение на надморската височина и климата во регионот близу Андите, аргентинската винска земја е способна да произведе силно и раскошно вино. Агентина е моментално водечки производител на Малбек во светот. Улицата Флорида во Буенос Аирес е богата со разни продавници за сувенири како и пазарот Сан Телмо. Тоа се одлични места каде можете да купите добро аргентинско вино или предмети изработени од кожа.


Сметаме дека пролетта, периодот од октомври до декември, есента и од април до јуни е најпогодно да се посети Аргентина бидејќи ќе имате прилика да ја избегнете гужвата која ја прават туристите.


Во Буенос Аирес можете да користите метро, автобус и такси. Најлесно е да се возите со метро, а карти купувате на станицата и истите ги користите и за метро и за автобус. Деловите од градот како Палермо можете да ги посетите шетајќи, додека до населбата La Boca препорачуваме да одите со автобусот број 29. Постојат и велосипеди за изнајмување кои се интересен начин за разгледување на градот.


За патување во Аргентина советуваме да припремите буџет од околу 50$ дневно. Трошењето е индивидуална работа но имајте во предвид дека Аргентина не е толку поволна во однос на останатите држави во Јужна Америка. Советуваме парите да ги менувате во официјални менувачници или банки, а не на улица. Исто така советуваме да носите понови банкноти кои немаат никакви оштетувања бидејќи ќе биде многу потешко да ги замените или курсот ќе биде полош.


1. T–Bone steak, најквалитетно парче месо – 20 $
2. Асадо - аргентинска традиционална скара – 10$  
3. Dulce de leche - омилениот десерт на Аргентинците – 3$
4. Проволета - парчиња сирење со зачинето масло – 3$
5. Емпанадас - полнето тесто со месо и сладок компир – 4$


1.Населбата La Boca во Буенос Аирес 
2.Фотографирање пред глечерот Перито Морено
3.Водопадите Игуасу 
4.Вулканот Ланин  
5.Винскиот Регион Мендоза


1. La Posada de 1820 - Улица Tucuman 501, ресторан со одлично месо   
2. Sigue la Vaca - одличен „all you can eat „ ресторан во квартот Puerto Madero.
3. Рестораните во населбата La Boca - шарена населба со многу локални ресторанчиња
4. Buenos Aires Verde - ресторан во населбата Palermo.  
5. Fayer - Израелско-аргентински ресторан во Палермо

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Аргентина

1. ОПШТИ ПОДАТОЦИ

Осмата држава на светот по површина (2.780.400 km2) Аргентина или службено Република Аргентина се простира на поголемиот дел  од југоистокот на Јужна Америка. Поточно, Аргентина е сместена на подрачјето помечу Андите на запад и Атлантскиот океан на исток, додека на запад и југ се граничи со Чиле, на североисток со Бразил и Уругвај, а на север со Парагвај и Боливија. Иако е осма земја по површина, Аргентина со околу 40 милиони жители дури на 31то место на светот. Главниот град на државата, кој воедно претставува и автономно подрачје, е Буенос Аирес, додека покрај него од поважните аргентински градови ги издвојуваме Кордоба, Розарио, Мендоза, Тукуман, Ла Плата и Санта Фе. Аргентина е политички уредена како федеративна, демократска република и е поделена на 23 провинции и автономно подрачје на градот Буенос Аирес.

Поголемиот број Аргентинци денес се потомци од европски доселеници, и тоа најмногу Италијани и Шпанц, но бројни се и потомците Германци, Британци и Французи. Службен јазик е шпански со посебен нагласок познат по називот 'castellano'.

2. ВИЗИ

За државјаните на Р. С. Македонија не е потребна виза за влез во земјата.

3. ВАКЦИНИ И ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА

Не е потребна вакцина за влез во земјата. Се препорачува консумирање на флаширана вода. Не постои стравување од епидемија и заразни болести.

* Буенос Аирес и областа Патагонија не се ризични области во кои владее вирусот зика.

4. ВРЕМЕНСКА ЗОНА

Временската зона во Аргентина е UTC -3

5. КЛИМА

Речиси цела Аргентина се наоѓа во јужниот умерен појас, а климатската разноликост е условена со географската ширина и релјефот. Најголемиот дел на Аргентина има умерена клима; на крајниот север се чувствуваат суптропски влијанија (летните температури се повисоки од 27°C), на крајниот југ климата е остра, субполарна. Поради дождовните сенки на источната страна на Андите голем дел од Аргентина прима помалку врнежи од дожд, како што се гледа од вегетациското покритие.

6. ХРАНА

Рај за гурмани! Веројатно најпопуларното аргентинско јадење е традиционалната скара - асадо. Популарна е и подготовката на јагнешко, свинско или јарешко на стап кој е цврсто зариен во земја. Лебот од бело брашно е неизбежен прилог на масата, а dulce de leche и empanada се неизбежни аргентински јадења. Пократ асада и стековите, тука се и други специјалитети на скара како choriza - свински колбаси, morcilla - крвав колбас и сл. Зеленчукот и салатите се важен дел од аргентинската кујна. Компир, домат, кромид, зелена салата, модри патлиџани и тиквички се многу високо рангирани на аргентинската скала за намирници.

Што се однесува до понудата за вино, најзастапени црвени вина се вината од сортите criolla, torrontes palomino, malbec, shiraz, sangiovese te barbera, додека од белите вина сортите semillon, chenin blanc, ugni blanc и chardonnay.

7. БЕЗБЕДНОСТ

Општата состојба во Аргентина е на задоволително ниво. Сепак, треба строго да се води сметка за личните работи во Буенос Аирес, особено во периферните квартови поради честите кражби. Се препорачува парите и вредните предмети да се оставаат во хостелот.

8. ОБЛЕКА

Доколку патувате во Аргентина во јануари/февруари кога е летна сезона за Буенос Аирес Ви требаат исклучиво летна гардероба, лесна и удоба облека и обувки. Доколку се одлучите за Патагонија, неопходна е зимска облека.

9. ПАРИЧНИ СРЕДСТВА

Локална валута во Аргентина е аргентински пезос. 1ЕУР =15 пезоси, 1$ = 14,5 пезоси

10. СТРУЈА

Потребен Ви е адаптер за струја, со три влеза.

11. СУВЕНИРИ

Аргентинско вино, дрес од Марадона, мате чај.