Боливија

Боливија

Боливија е место за авантуристи, рај за истражувачи и трагачи по она што е автентично. Времето поминато во Боливија е исто како тоа во старите книги, каде по улиците ќе сретнете вистински припадници на индијанското племе Ајмара, купувате џемпери и лековити производи напознатитот „Пазар на вештерки“, принесувате жртва на божицата која претставува Мајка на Земјата - Пачамама, наздравувате со Pisco Sour додека сте дел од карневалска поворка. За љубителите на адреналин тука е фамозниот „Death Road“ со долгиот спуст кој поминува низ полиња нараснати со растенијето кока, авантура со џипови во пустината каде се одвива рели трката „Дакар“, фотографирање и губење во перспективата на фотографијата на најголемата солена рамнина во светот „Салар де Ујуни“, која воедно е најголемото огледало на планетата. Ла Паз и неговиот сателит Ел Алто ќе ве пречекаат со своите лагуни полни со фламинга, насмеани Индијанци, највисокото езеро во светот „Титикака“, чудни растенија, рецепти, традиции и приказни. Земјата во која се говорат 37 јазици всушност зборува само на еден, јазик на недопрена природа и весели домаќини. Со Боливија се запознаваме при нашето патување во Јужна Америка, фокусирано ја впиваме секоја информација за највисокиот главен град во светот кој ќе имаме и можност да го разгледаме при возење на жичарница. Секако ќе се посети и легендарниот остров „Исла дел Сол“, најмирното место во светот каде нашата цивилизација сеуште не е е распространета. Пред заминување од Боливија ќе се упатиме во непознатите краишта на нејзината пустина, авантура која ќе помислите дека ве води до крајот на светот, која ќе ве соочи со топли гејзери, термални води, бели и црвени лагуни, вискачи и викуњи.

Патувања

Видео

Прашања, одговори и искуства

Ла Паз (La Paz) не е еден од најбезбедните градови. Мора да водите сметка за своите лични работи. Се препорачува парите да ги носите секогаш во затворен џеб, пасошот да го остаавите во хотел во сеф и да не шетате сами навечер. Боливија нуди бројни авантуристички активности, вклучувајќи и велосипедизам, т.е. Death Road, тури до Салар де Ујуни (Salar de Uyuni) и експедиција во џунгла. Заради тоа морате добро да внимавате на Вашата сигурност и да избегавате можност за потешки или полесни повреди.


За да може да влезете на територијата на Боливија (Bolivia) неопходно е да имате жолт картон како доказ дека сте примиле вакцина против жолта грозница. Вакцината е е важно да ја примите најмалку 10 дена пред патувањето. За дополнителни инструкции консултирајте се со Институтот за Јавно Здравје.


За државјани на Република Северна Македонија потребна e виза за влез во Боливија.


За да купите СИМ картичка во Боливија (Bolivia), неопходно е да имате пасош со Вас. Најдобра мрежа е VIVA. Може да купите локален број во официјалните продавници или во импровизирани трафики. Најдобро е да се обратите за помош во самата продавница и да Ви ја активираат картичката.


Побарајте дозвола пред да фотографирате некој од локалците бидејќи некогаш може да Ви побараат пари за возврат. Користете спреј против комарци. Некои барови немаат дозвола да служат алкохол по 4:00 часот наутро, така што проверете пред да нарачате пијалак.


За излетот Death road неопходно е да имате постара облека, патики, купачи, кабаница.

За излетот на Чакалтај потребни се удобни обувки за планинарење и топла зимска облека.


  1. La Sagarnaga calle- улица со доста барови и кафулиња
  2. Diesel Nacional – бар со локална музика, храна и пијалаци 
  3. Mongo`s популарен клуб за локалци и туристи
  4. Calle Jaen-  улични барови и музеи
  5. Плоштад San Francisko – во петок и сабота имаат организирани вечерни активности во кои учестуваат локалци, студенти, туристи итн.

Нешто најнеобично што нуди овој град е секако посетата на пазарот на Вештерки. Доколку сакате природна медицина или хокус покус, предмети од волна на алапака, локална облека или маици со хумористични натписи... Доколку сакате да дознаете нешто повеќе за Пачамами или само да купите љубовна напивка ова е вистинското место за Вас. Пазарот на Вештерки се наоѓа во центарот на Ла Паз (La Paz), цените на сувенирите се поволни и топло препорачуваме посета на ова место.


Просечните температури во Ла Паз (La Paz) многу малку варираат. Земајќи ја во обзир влажноста, температурите се ниски во текот на целата година. Доколку барате најтопло време за посета на Ла Паз (La Paz), најтопли месеци се ноември, декември и потоа октомври. Доколку одите во јуни, јули и август голема е веројатноста да наидете на снег. 


Teleferico La Paz – El Alto (жичарата La Paz – El Alto) е градски транзитен систем на жичари кој ги спојува La Paz и El Alto во Боливија (Bolivia). Системот се состои од 25 станици долж 8 линии: црвена, жолта, зелена, тегет, портокалова, бела, сина и виолетова. Заради густиот сообраќај во Ла Паз (La Paz) жичарите се најбрз начин за транспорт, најуредни и дефинитивно најинтересни. Цените на картите се помалку од едно евро и на секоја станица имате мапа која може да ја следите за да знаете каде да излезете.


Надморската височина во Ла Паз (La Paz) e 3640 метри, односно може да се јават симптоми на висинска болест: главоболка, мачнина, поспаност. Движете се пополека, пијте доста вода и чај од кока. Жвакањето на листови од кока помагаат во ублажување на симптомите.


Боливија (Bolivia) долго време им беше омилена на сите авантуристи и бекпекери од причина што е многу финансиски прифатливо патувањето . Цената на оброците се движат помеѓу 5 и 10 евра, а и превозот е доста поволен. препорачуваме на тура од 10 дена да понесете околу 500 евра. Може да понесете и помалку доколку планирате да ручате во локални ресторани и на пазари. На тој начин значително би се заштедило.


Со оглед на тоа што Ла Паз (La Paz) се наоѓа на голема височина, препорачуваме масажа која ќе Ви помогне да ја совладате висинската болест. Комбинацијата на традиционални билки, вулкански камења и локалната вештина е нешто што ќе ви ја разубави посетата. Препорачуваме да одите во Blue La Paz, Avenida lllampa, во центарот на градот. Може да пробате масажа со вулкански камења по цена од 80 боливијанос.


  1. Sopa de quinoa – супа од киноа со зеленчук – 3 €
  2. Empanadas- полнето тесто со месо или зеленчун и кашкавал – 2 €
  3. Silpancho- поховано месо од лама со пржено јајце и компир – 7 €
  4. Sonso de yuca- пире од јука со кашкавал – 5 €
  5. Chancho a la Cruz- боливијско печено свинско – 5 €

  1. The Carrot tree - локална и популарна храна.
  2. Berlusca - позната хамбургерџилница во Ла Паз
  3. Bolivian popular food - локален ресторан со боливиски специјалитети
  4. Пазарот Camacho - локална улична храна
  5. Пазарот Lanzo - разновидна улична храна 

  1. Valle de la Luna – природата се погрижила ова место да изгледа како да сте слетале на Месечината.
  2. Црквата Сан Франциско - комбинација на мотиви од инките и католицизмот.
  3. Телеферико жичарите - Ви нудат одличен поглед на градот. Направени се од стакло, па Вашите фотографии ќе бидат секако одлични!
  4. Улицата Jaen – Богати шарени колонијални куќички и музеи.
  5. Видиковецот Kili-Kili – Преубав енергичен поглед на целиот град.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Боливија

1. Општи податоци

Повеќе националната држава Боливија се наоѓа во централниот цел на Јужна Америка , сместена помеѓу Аргентина, Парагвај, Перу, Чиле и Бразил и не искача на море. Пред доаѓањето на шпанците, територијата на Боливија била дел од царството на Инките, најголемата држава во предколумбовска Америка. Конквистадорите ја завземале оваа област во 16-ти век и во најголемиот дел од нивното владеење била позната како Горно Перу, додека било под управа на Вицекралството Перу. Борбата за независнот се одвивала од 1809 - 1825 година, по што е формирана република која своето име го добива по Симон Боливар. Боливија е демократска република поделена во 9 департмани, а вкупниот број на жители е околу 10 милиони. Главен град е Сукре, а седиштето на владата се наоѓа во Ла Паз. Официјален јазик е шпански, но уставот на Боливија признава уште 37 јазици од кои најпопуларен е Ајмарскиот јазик.

2. Виза

За државјаните на Република Северна Македонија потребна е виза за влез во земјата. 

3. Вакцини и здравствена ситуација

Потребна е вакцина  против жолта грозница за влез во земјата. Истата мора да се прими најкасно 10 дена пред заминување на патувањето. Се препорачува консумирање на флаширана вода.

4. Временска зона

Боливија се наоѓа во UTC -4 временската зона

5. Клима

Климата во Боливија е топла и влажна, иако климатските услови варираат во зависност од надморската височина. Во високите области, како на Андите, климата е ладна, сува и ветровита, додека во низините климата е поблага и влажна. Просечната годишна температура варира од 8°C на Алтиплано до 26°C во источните рамнини. Врнежите исто така зависат од надморската височина. Најврнежлив регион во земјата е Јунгас каде годишно просечно паѓа по 152cm дожд

6. Храна

Разновидноста во Боливија допринело да нејзината кујна исто така изобилува со многу рецепти. Воглавно е составена од мешавина на индијански јадења со шпански специјалитети. Основни состојки се пченка, компир, мешунки, пиперки, но и јадења кои со себе ѓи донеле шпанците: пилешко месо, ориз и говедско месо. Во традиционалните јадења ќе најдете лути пиперчиња, морско прасе, киноа, јука. Во областа околу езерото Титикака, најпопулатна е тамошната пастрмка Трука. Посебно доживување во Боливија е да се јаде на некој од локалните плоштади. Национален пијалок во Боливија е мокочинчи, освежителен пијалок кој мора да се провери и се прави од суви кајсии, суво грозје, шеќер, цимер и каранфилче.

7. Безбедност 

Болиција спаѓа во земји со среден до висок ризик. Како израз на социјалните конфликти во земјата, демонстрациите се честа појава и знаат да доведат до блокирани градови и затворени патишта. Во околината на Ла Паз честа појава се ситни кражби па дополнително внимание при овие патувања би било од корист, исто така советуваме личните предмети од поголема вредност да ги оставате во хотелите. Се препорачува движење во групи, шетање по широки и добро осветлени улици во центарот на градот и избегнување на затемнети улички во оддалечените делови на градот. Такси е најдобро доколку ви повика некој од хотелот или ресторантот.

8. Облека

Разновидната клима условува да имате на себе повеќе слоеви облека. И неопходно е да се има и некое парче потопла облека поради посетите на пределите со повисока надморска височина и пониските температури во вечерните часови.

9. Пари

Локална валута е боливијано но можно е да се плаќа и во долари

1 ЕУР = 7 БОЛ; 1 УСД = 6,7 БОЛ. Не се препорачува употреба на платежни картички.

10. Струја

Струјата во Боливија е 230V. Штекерите се најчесто исти како оние на европскиот пазар, затоа не би бил потребен адаптер.