Дали знаевте дека Колумбија е втора во #ЦелСвет најсреќна земја?
А ние сме број еден најнасмеано племе кое што постојано сака да истражува, и така жедни за авантура и езготика Ве водиме во Колумбија! Омилената туристичка дестинација во Јужна Америка, и една од најпосетуваните земји на #ЦелСвет изминатите години!
Позната по Шакира :) а понекогаш и по Пабло Ескобар, нејзината безбедност пркоси на минатото! Името го добила по Кристофер Колумбо и еден коломбиец би ви се налутил доколку не ја изговорите точно. Што е точно? Со „о“ наместо со „у“.
Здраво Коломбијанци ☺!
Нема да ве оптеретуваме со многу факти затоа што немаме време од уживање на најдобрите карипски плажи и гарантирано најдобриот ноќен живот на #ЦелСвет, но од корисни информации мора да ги споменеме: 60-те национални паркови, „течното виножито“ или единствениот Kanjo Kristales најубавата река на светот, розевите делфини и повеќе од 30 различни видови на егзотични овошја. Кога веќе спомнавме егзотика дали знаевте дека коломбијците во шољата со кафе ставаат парче сирење? Чистаааа егзотика. Зелени смарагди насекаде, деца кои што пијат кафе со млеко и национална химна која што свири дури 2 пати во денот, таков е законот!
Играме „техо“ додека пиеме ладно локално пиво, и се искачуваме на 740 скалила за најдобриот поглед према цела Коломбија, ах Пењол Пењол.
Здраво што ќе се напиете? Едно aguardiente или biche? Ја вкусуваме Коломбија на еден посебен начин. И така започнуваме од Богота, главен и најголем град во Коломбија. Во моментов замислете дека се наоѓаме 2.600 метри надморска височина или како што би рекле локалците „се наоѓаме 2.600 метри поблиску до ѕвездите“. Зборуваме шпански и го живееме духот на еден прав коломбијанец. „А la orden“! Дали разменивте коломбијски пезоси? Одиме во фабриката каде што се исковани првите пари или позната како „Casa de la Moneda“. #Funfacts Во Коломбија со малку пари можете да видите мноогу! И тоа не е се, прочитајте ја внимателно програмата!
Од Богота се упатуваме кон Меделин, што? Пабло Ескобар? Точно. Еден од „најозогласените“ градови, денес една урбана престолнина. Модерна уметност, мноогу култура на едно место, вкусна храна, најнасмеаните локалци што ќе ги видите некогаш, шарени улици, и тооолку многу недопрена природа, тезги, пазари, на среќата и нема крај.
И така среќни продолжуваме кон Картахена, еден од најубавите колонијални градови во Латинска Америка. Рамо до рамо со кубанската Хавана е еден од најважните градови во така наречениот „Нов Свет“. Град на бои, шарени згради, ритам на салса, најдобрите карипски плажи како од разгледница, ситен прашкаст бел песок, кристално сино море, и загарантирано најдобар ноќен живот. Ако мислевте дека некаде на светот има подобра забава? Се излажавте, una Lulada porfavor! А Картахена не би била целосна ако не се сончаме и бањаме на Isla del Rosario, остров кој што е рамо до рамо со Малдиви, погледнете го од блиску тој тиркиз.. Се бањаме и на Playa Blanco нааајбелата плажа на светот, мириса на море и на Коломбија! Дали си спремен за овој егзотичен мирис во еден здив?
💥 LIMITED OFFER💥
Рута
Скопје
Софија
Истанбул
Богота
Меделин (Medellin)
Картагена (Cartagena)
Богота
Истанбул
Софија
Скопје
- Превоз
-
Авион,
Локален трансфер
- Сместување
-
Хотел,
Guesthouse
- Организатор
- ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје,
Македонија
- Дестинации
-
Јужна Америка,
Колумбија
- Код на патување
- CO5
- Тежина
-
- Погодно за деца
-
Да