Перу

Перу

Каде што се наоѓаат најмногу песочни дини на светот, каде ја чувствуваме мистичната енергија која ја испраќа Мачу Пикчу, шарените падини на "Планината-Виножито", долината на Инките каде бушавите лами им се умилкуваат на посетителите, каде Кечуа Индијанците припремаат ајахуаска напитоци и пловечките острови во Пуно - таму се наоѓа неверојатната земја Перу. Земја со која владееле легендарните Инки пружа еден од најголемите биодиверзитети на нашата планета: чаму чаму овошјето кое доаѓа од Амазон, преку 3000 видови на компир, чича морада сокови од виолетова пченка во секоја таверна, алапака лами во сите древни градови, розеви делфини во реките па дури и мумии на вонземјани од Паракас... Не чекаат легенди раскажани не само на шпански туку и на јазиците кечуа и ајмар, поклонување на богот на Сонцето Инти и творецот на светот Виракоча, сѐ тоа послужено со чај од кока. На целото патување околу нас се простираат нежни звуци на андските инструменти и неизбежниот Кондоров лет (El Conodor Pasa). Перу е земја каде традицијата пулсира и поради тоа, покрај обиколката на регионот околу Лима и Куска во нашата јужноамеричка авантура сакаме нашите патници да ги однесеме на детално истражување на Перу каде овој дел на светот пружа шанса комплетно да не освои. Покрај местата како што се Писак и Чинчеро, Олантајтамбо ве носиме и во Пуно, Арекипа, Наска и Паракас. Перу на дланка!

Патувања

Видео

Прашања, одговори и искуства

По царинските прописи за Перу не Ви е потребна вакцина, но секако советуваме да го контактирате институтот за Јавно здравје и да проверите. Доколку решите да го истражувате Амазонскиот дел на Перу, секако Ви советуваме да примите вакцина. За Ваша сигурност, препорачуваме користење исклучиво на флаширана вода.


За државјани на Република Северна Македонија не е потребна виза за влез во земјата.


Нашите мрежи функционираат во Перу (Peru), а локална СИМ картичка може да купите на самата дестинација (мрежата Claro е најпопуларна), но купувањето често трае долго во продавниците на мобилните компании. WiFi мрежа има во сите сместувања како и во поголемиот дел од рестораните.


Препорачуваме да понесете кабаница, удобна облека, нешто по долги ракави или јакна бидеќи навечер паѓаат температурите и шешир или капа за заштита од сонце. Доколку имате обувки за планинарење, може да ги понесете но освен за трекингот по Rainbow mountain, нема да Ви бидат неопходни. Секаде може да да ја исперете облеката, многу е ефтина таа услуга така што нема потреба да пакувате премногу работи.


Куско (Cusco) е рај за љубителите на шопингот и за купување на сувенири. Во Перу (Peru) од многу оддамна се гаи културата на изаботка на предмети и облека од волна од алапака. Има голем избор на предмети, џемпери, волнени шешири, марами, достапни во сите облици, големини и нијанси и затоа ги прави најпопуларни подароци од Перу (Peru). Убави се, практични со одлични цени и Ви помагаат да се загреете на Вашата авантура низ Перу (Peru). Омилени се и помеѓу локалното население и може да забележите колку дами на пазарите носат дебели волнени чорапи и топли капи. Пазарот San Pedro е најдобро место за купување во Куско (Cusco). Покрај предметите изработени од волна може да најдете и магнети, чај од кока, привезоци и многу други ракотворби.


Куско (Cusco) е просечно безбеден град, но треба да се води сметка за своите лични работи. Се препорачува пасошот и парите да ги чувате во хотел. Движете се низ главната туристичка зона и ноќе немојте да шетате сами.

Туризамот е главен извор на заработка во Куско (Cusco), така да политиката е конципирана околу заштита на туристите. Меѓутоа, во Куско (Cusco) се препорачуваат стандардни мерки на претпазливост. Водете сметка на ситните кражби во туристичките области и заштитете ги своите скапоцености.


Земајќи во обзир дека Куско (Cusco) се наоѓа на височина од околу 3400м, не препорачуваме конзумација на алкохол првиот ден кога ќе дојдете. Штом се привикнете на оваа висина препорачуваме да го пробате популарниот pisco sour или чај од кока во некои од следните места:

  1. Ukukus bar 
  2. Paddy Flahert`s Irish pub- Plaza de Armas
  3. KM0 -на плоштадот San Balas
  4. El Jardin Secreto –calle Plateros, на 5 минути пешки од плоштадот на Оружјето
  5. Mushrooms- бар со поглед на плоштадот на Оружјето.

Кога станува збор за пари, односот на доларот и еврото во овие земји е многу сличен како кај нас, малку е поповолно да носите долари, но во ред е и ако имате и евра. Локалната валута во Перу (Peru) е сол. Нашата препорака е да носите пари во готово и да не се потпирате на употребата на картички. Некој просек за патуање од 20 дена е околу 500-600 евра, без факулативните излети. Трошењето е индивидуална работа и доста зависи од шопингот и дополнителните активности. Оброците во рестораните се обилни и не се скапи (од 4-10 евра). Сувенирите исто така се поволни и може да се ценкате. 


Безбедноста во Лима се менува по зоните во градот. Постојат безбедни предградија, како што се Мирафлорес или Баранко. Во Мирфлорес, најчесто се сместени туристите, а тука има и средени шеталиште, туристичка полиција на секој чекор и се смета за сигурен дел од градот. Додека генерално Лима не важи за безбеден град, т.е. се препорачува да се шетате само по главни улици, туристички зони и да внимавате на вашите лични работи. Никако не се препорачува ноќе да шетате сами и да шетате по темни улици, односно да ги посетувате фавелите.


  1. Loki – бар во кој излегуваат и локалци и туристи, опуштена атомосфера и се наоѓа Миралорес.
  2. La noche de Lima- опуштен бар кој се наоѓа во близина на главниот плоштад
  3. El Dragon de Barranco е една од најдобрите дискотеки во Лима (Lima), со поволни цени на коктелите.
  4. Calle de las Pizzas- улица со доста локални барови и клубови, со супер цени на pisco sour коктелот. 
  5. Del Carajo- одличен клуб во центарот на Баранко со локална латино музика.

За посета на Лима (Lima) препорачуваме да понесете кабаница, удобна облека, облека со долги ракави или јакна бидејќи навечер температурите знаат да паднат. Шешир или капа за заштита од сонце. Најважно што Ви препорачуваме да земете се торбички што се ставаат околу врат и може да ги ставите под јакната или маицата и таму да ги чувате своите вредни работи како што се пари, телефон, пасош, доколку немате прилика да ги оставите во сместувањето.


Доколку ја посетите Лима (Lima) и сте љубители на шопингот препорачуваме да го посетите шопинг центарот Larcomar. Центар со околу 80 продавници кој се наоѓа во Мирафлорес. Традиционални сувенири како што се шалови изработени од волна од алапака може да пронајдете во близина на Главниот плоштад. Од сувенири најдобро е да купите нараквици со мотиви на инките, шалови, џемпери од волна од алапака. Доколку сте љубители на уметноста препорачуваме и уметнички слики.


Посетата на Куско (Cusco) може да Ви биде во текот на целата година, со оглед на тоа што секое годишно време носи своја магија меѓутоа најпогодно време за посета е од декември со март. Доколку планирате посета на Rainbow mountain најдобро е да одите во периодот измеѓу март и ноември со оглед на тоа што тогаш е сушниот период во Перу (Peru) и најизразено ќе ги видите боите на оваа фасцинантна планина. Доколку сакате да посетите некои од високите врвови на Андите, го препорачуваме летниот и сушен период заради полесно качување и истражување.


Куско (Cusco) е град што е погоден за пешачење, истражување на разни колонијални улички, видиковци и пронаоѓањето на локални ресторанчиња е навистина лесно. Советуваме што повеќе од градот да истражите одејќи пеш. Не заборавајте да ја земете во предвид висинската болест, така што движете се полека и бидете добро хидрирани. Доколку Ви треба превоз до некоја дестинација, најдобро да ја посетите туристичка агенција во Avenida de Sol.


Куско (Cusco) е одлично место за љубителите на масажа. Особено се добри за "борба" против висинската болест. Целиот град е исполнет со локални салони кои масажата ја прават со помош на вулкански камења, еукалиптус и масло направено од традиционални билки. Во зависност од масажата што ќе ја изберете цената се движи помеѓу 20 € и 40 €. Масажа е нешто што секако не смеете да го пропуштите во Перу (Peru).


  1. Cebiche-  сирова риба припремена во цитрусен сос – 8€
  2. Cuy-  пржено морско прасе со компир – 10€
  3. Sopa de choclo – супа од пченка – 5€
  4. Bistec de alpaca- шницла од месо од алапака – 10€
  5. Arozz con mariscos- ориз со морски плодови – 8€

  1. Fusiones ресторан на плоштадот на Оружјето богат со традиционална храна и прекрасен балкон со поглед на градот.
  2. Пазарот San Pedro е богат со локална храна и свежо цедени сокови.
  3. La Estancia imperial на плоштадот на Оружјето е локален ресторан со прекрасен поглед.
  4. La Valeriana- пекара и слаткара во Avenida de Sol. Највкусните десерти од овошје може да ги пробате токму овде.
  5. Pachapapa-ресторан со локална храна во близина на плоштадот San Balas.

Со оглед на тоа што Лима (Lima) се наоѓа во јужната хемисфера, најдобар период за посета се месеците од декември до април. Тоа се месеци каде преовладува топлата клима и е период со најголем број на сончеви денови. Земајќи во обзир дека Лима (Lima) се наоѓа во близина на пустина, не мора да се грижите во однос на дождовите така што во овој град може да уживате во текот на целата година. Доколку сакате да сурфате, тогаш дефинитивно препорачуваме да одите во текот на летните месеци.


Низ Лима (Lima) може да се движите и да се возите со такси, но најважно е да се договорите за цена пред што влезете во возилото. Предградието Мирафлорес е најдобро да го прошетате пешки со оглед на тоа што има прекрасно шеталиште. За безбедно разгледување на градот советуваме да купите карта за панорамско туристичко разгледување и така да ги посетите најважните делови на градот. Цената на такси од аеродром до Мирафлорес се движи помеѓу 50 и 60 сола.


Плажите во Лима (Lima) излегуваат на Тихиот океан и заради силните морски струи се одлични за љубителите на сурвањето. За капење не се препорачуваат заради високите бранови. Постојат голем број школи во кои може да уплатите часови по сурфање. До плажите лесно се стигнува од Паркот на Љубовта и Мирафлорес. Најдобра плажа за сурфање е Punta Hermosa. 


Доколку за време на посетата на Перу (Peru) сакате да одите на масажа, препорачуваме да ги посетите локалните салони во помалите градови како што е Куско (Cusco). Во Лима (Lima) масажата е малку поскапа и се движи од 50 евра па нагоре. Цената зависи од видот на масажа и времетраењето. Во Мирафлорес може да го посетите СПА центарот Peru Wellbeing Spa и да пробате некои од масажите кои овој центар ги нуди.


  1. Lomo Saltado – стек припремен со кромид и чили. –10 €
  2. Aji de galina– пилешко со компир, јајце и маслинки.  – 9 €
  3. Papas A La Huancaína – компир припремен со кашкавал и лут сос. – 7 €
  4. Rocoto Relleno – полнети лути пиперки со месо и зеленчук – 6 €
  5. Causa Limeña – ролници од компир и аја сос. – 6 €

  1. La Vista ресторан со прекрасен поглед и уште подобра храна кој се наоѓа во близина на центарот Larcomar.
  2. Ресторан Javier – се наоѓа во Баранко, во близина на мостот на воздишките.
  3. Calle de las pizzas- улица со многу локални ресторани која се наоѓа во близина на паркот Кенеди.
  4. La mar Cebicheria Peruana- се наоѓа во Мирафлорес, одличен ресторан во кој мора да го пробате популарното себиче.
  5. Perú Gourmet ресторан, погоден за гурмани и љубители на локалната перуанска храна.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Перу

1. Општи податоци 

Република Перу се наоѓа на западот на Јужна Америка и се граничи со Еквадор, Колумбија, Бразил, Боливија, Чиле и излегува на Тихиот океан. Територијата на Перу е колевка на една од најстарите цивилизации на светот, Norte Chico но и една од најпознатите и најнапредните цивилизации на светот, царството на Инките. Шпанската империја ја покорила оваа област за време на 16тиот век и основала Вицекралство со Лима како главен град. По стекнување независност во 1821 година, Перу поминувал низ период на политички немири и кризи. Територијата на Перу завзема површина нешто повеќе од 1.285.000 km2 и е поделена на 25 региони. Официјален јазик на перу е шпанскиот, но во употреба се и кечуански, ајмарски.

Површина: 1.285.000 km2

Број на жители: 27.925.628 

Главен град: Лима ( 9,2 милиони жители)

Националност: 45% се Индијанци, 37% Местици (мешавина белци и Индијанци), 15% Европјани, 3% Кинези, Црнци и останати

Официјален јазик: Шпански 

2. ВИЗИ

За државјаните на Р.С. Македонија не е потребна виза. 

3. ВАКЦИНИ И ЗДРАВСТВЕНА СИТУАЦИЈА

Се препорачува конзумирање флаширана вода. Не постои опасност од епидемија и заразни болести.

4. ВРЕМЕНСКА ЗОНА

Перу се наоѓа во UTC -6  временска зона.

5. КЛИМА

Климата на Перу има две главни сезони: влажна и сува. Температурата е главно под влијание на висината, што повисоко се качувате станува сѐ постудено. На територијата на Перу може да се издвојат 3 потполно различни климатски региони: крајбрежна (пустинскиот дел до тихиот океан), планинска (Анди) и тропска климатска зона (Амазон)

6. ХРАНА

Перуанската кујна се смета за една од најдобрите, не само во Јужна Америка туку во целиот свет. Се темели на едно необично богатство на намирници и затоа е многу вкусна, оригинална и разнолика. Покрај компирот (papa) и пченката (choclo) меѓу основните намирници е и зеленчукот, слаткиот компир (camote) и yucca или маниока и тука е овошјето меѓу кои се наоѓаат различните видови банани и омилените авокадо и папаја. Во кујната се користат и многу видови морски и слатководни риби, морски плодови и различни видови месо како пилешко, јунешко, свинско како и месо од коза, лама, алапака и различен дивеч. Типично перуански јадења се: Adobo de cerdo- свинско во густ сос со ориз; Aji de galina- јадење од парчиња пилешко во сос од млеко, кромид, чили, лук, ореви и кашкавал; Arroz con maricos- ориз со морски плодови; Choclo- варена пченка која најчесто се служи со кашкавал; Ceviche- свежа риба и морски плодови во маринада од лимон, лук и домат; Lomo saltado- парчиња месо маринирани во соја сос, чили, лук, стар кромид и домат печени на жар со компири.

Меѓу најомилените традиционални пијалаци е пијалакот од пченка chica de jora (нешто слично на пиво) и chica morada вкусен и сладок, освежувачки безалкохолен напиток од виолетова пченка со цимет кој потсеќа на греено вино, а се пие разладен. Перуанците може да се пофалат со својата "кола", жолта лимонада која има вкус на гума за џвакање, Inca cola што и воедно е најпродаван пијалак. Во Перу е исто така омилено и пивото- cerveza, а меѓу најпродаваните се Cusquena, Cristal, Arequipena pilsen и националниот коктел Pisco sour. Pisco sour е мешавина на ракија од грозје, pisco, сок од лимета, шеќер и белка од јајце. Во повисоките делови на Перу, се пие познатиот чај од кока. 

7. БЕЗБЕДНОСТ

Безбедноста во Перу е добра со исклучок на одредени предели, особено граничната зона со Колумбија и Еквадор. Кога станува збор за главниот град Лима, треба да се движите само во туристичките зони на центарот на градот и квартовите Miraflores и Baranko. Останатите делови на градот треба да се избегнуваат, особено ноќе. Туристичките места како Arekipe, Kuska и Akvas Kalientesa се безбедни со напомена и тука да се води сметка за личните работи. Парите и вредните работи најдобро е да се остават во хостелите. 

8. ОБЛЕКА

Слоевито облекување е неопходно за ова патување. За Лима потребна е летна гардероба заради високите температури додека за престојот во регионот Куска кој се наоѓа на 3400м надморска височина, слоевито облекување преку ден и потопла облека за вечерните часови. Исто така важни се и удобни обувки за пешачење. 

9. ПАРИ

Локалната валута е Нуево Сол или само Сол, 1 еур - 3,6 сол, 1$ - 3,2 сол.

10. СТРУЈА

Не е потребно да се користат адаптери за Перу.