Градови кои се посетуваат: Лима, Куско, езерото Титикака - Островот на Сонцето, Ла Паз, Салар де Ујуни, Сан Педро де Атакама, Буенос Аирес. Препорачани активности: Сурфање во Лима, посета на познатиот пазар на Инките во Куско, Camino del Inca, посета на долината на Инките и Мачу Пикчу, капење во Титикака, пазарот на вештерките во Ла Паз, планинарење на 5400 метри, Долината на Месечината на 4500 метри, "Death Road", посета на солените езера во Боливија, преминување на Андите до Чиле, танго во Аргентина, натпревар на на прочуената La Bombonera и уживање на Игуазу водопадите!
Состанок на групата во Белград два часа пред летот. Лет од Белград во 14:10h до Доха - лет QR 232. Пристигнување во Доха во 18:30h. Организирано сместување од страна на авио компанијата Qatar Airways.
Превоз
Авиобилет со сите такси на релација Белград - Доха, во економска класа со 30кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
Место
Белград
Амстердам
Факултативен излет - разгледување на историскиот центар на Лима, Плоштадот на Оружјето (Plaza del Armas), плоштадот Сан Мартин (San Martin), катедралите, Народниот музеј, Палатата на правдата. Во близина на историскиот центар е и познатата црква Свети Франциско (San Francisco) со катакомби во внатрешноста на нејзините ѕидови. Факултативно разгледување на Мирамар (Miramar), дел од Лима кој се наоѓа на брегот на Тихиот океан, паркот Кенеди (Kennedy), паркот и плоштадот на Љубовта (Plaza y parque del Amor) и боемскиот дел Баранко (Barranco). Враќање во сместувањето.
Лет до Куско во 7:00h наутро, лет LA 2013. Се искачуваме на 3.400 метри. Некогашна престолнина на Инките, денес мал и опуштен град, опкружен со Андите и со историски градови. Факултативен излет разгледување на градот– Plaza del Armas, Плоштадот Сан Франциско (San Francisсо), локалниот пазар, катедралата Санто Доминго (Santo Domingo)... Сместување.
Превоз
Трансфер од сместување до аеродром
Авиобилет со сите такси на релација Лима – Куско во економска класа со 23кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
Факултативен излет - Светата долина на Инките. Древни градови во долината на Инките кои се наоѓаат во цврстата прегратка на реката Урубамба: Писак, Олантајтамбо и Чинчеро. Живописни градови кои во некои аспекти се поинтересни дури и од самиот Мачу Пикчу. Цркви и шпански колонијални градби. Се запознаваме со голем број туристи од сите делови на светот и пиеме јаки билни чаеви кои ни даваат сила и ни помагаат да ја издржиме надморската височина. Одиме кон небесата! Враќање во сместувањето.
Факултативна излет – Rainbow Mountain. На околу 4000 метри надморска височина нè очекува најживописниот ден од нашата експедиција. Палкојо, планина која ни ги отвора своите неверојатни пејсажи. Во Полкој има 3 различни планини со боја на виножито. Попатно се среќаваме со локални луѓе во традиционални носии и алпаки, разговараме со нив и уживаме во глетката. Враќање во сместување.
Напуштање на сместувањето. Качување во познатиот воз до Агуас Калиентес, бајковито место опкружено со Андите, низ кое тече реката Урубамба, чие име во превод значи Света река. Трансфер до сместување. Слободно време!
Превоз
Трансфер од Куско до Олантајтамбо
Трабсфер си воз од Олантајтамбо до Агуаст Калиентес
Дводневен факултативен излет на Мачу Пикчу (Machu Picchu). Трансфер од Куско до Олантајтамбо каде се качуваме на познатиот воз за Агвас Калиентес (Aguas Calientes), бајковито место опкружено со Андите кое претставува предворје на амазонскиот регион. Трансфер до сместувањето.
Факултативен излет - Островот на сонцето (Исла дел Сол). Трансфер со брод до островот на Сонцето каде се наоѓа највисокото езеро во светот. Островот е наречен „Островот на Инките“ и на него се пронајдени повеќе од 80 локации. Инките верувале дека богот на сонцето е роден на островот. Навечер на островот нема автомобили или улични светла. Ќе уживаме на 4400 метри надморска височина, опкружени со облаци кои се на дофат на раката и сино езеро кое ги пресекува планинските врвови од над 6000 метри. Враќање во Копакабана.
Факултативен излет – разгледување на Ла Паз и Долината на Месечината. Го разгледуваме највисокиот главен град на светот, се возиме со жичарница над целиот град, се запознаваме со секојдневието на народот Ајмара и им се восхитуваме на релјефите кои изгледаат како од друга планета во Долината на Месечината.
По желба, овој ден може да биде резервиран за адреналинска авантура - факултативен излет на „death road" познатиот пат на смртта – Јунгас. Спуштање со велосипеди од 5.000 метри на 1.300 метри низ планината со неверојатна брзина. Три часа и половина спуштање низ неверојатни предели, водопади, шуми, реки. Враќање во Ла Паз. Луд ноќен живот во баровите.
Го напуштаме нашето сместување и слободно време за прошетка, пазарење и уживање во храната. Во попладневните часови се упатуваме кон Салар де Ујуни.
Место
Салар де Ујуни
Храна
Континентален појадок ×
1
. Одиме во авантура. Најголемиот солен регион во светот, кој зафаќа површина од над 10.000 квадратни километри. Го посетуваме Исла Инкахуаси, хотел-музејот Плаја Бланка, градот Колчани. По пауза за ручек се упатуваме кон самиот град Ујуни, а на пат кон градот ќе ги посетиме т.н. „Гробишта на возови“. Се упатуваме кон Сан Хуан, каде ќе преноќиме во скривалиште и ќе доживееме автентично искуство.
Вториот ден во Салар де Ујуни, се качуваме во џипови и се упатуваме кон Каменото дрво, необично дрво познато по својата структура и изолација во пустината. Потоа се упатуваме кон останатите лагуни, како што се лагуните Рамадита, Хонда, Кјаркота, Хедионида и Канапа Андите. Пристигнуваме во Лагуна Колорадо, која се наоѓа во рамките на Националниот парк Едуардо Авароа, каде што исто така ќе преноќиме.
Преминување преку Андите, необични бои, облаци на дофат на раката, фламингоси и нереален свет околу нас. Пристигнуваме во Сан Педро де Атакама во Чиле.
Превоз
Трансфер од Салар де Ујуни до Сан Педро де Атакама
Трансфер до Калама и лет во 09:31h до Сантјаго де Чиле (лет LA 143), главниот град на Чиле кој е сместен во централната долина на земјата на височина од 520 метри. Трансфер до сместувањето. Факултативен излет – разгледување на градот каде од секој дел можат да се видат врвовите на Андите, ќе ги посетиме знаменитостите од колонијалниот период, театарот, националната библиотека, музејот на ликовни уметности, старата зграда на Конгресот, ридот Санта Луција (Santa Lucia)…
Превоз
Трансфер од Сан Педро до Калама
Авиобилет со сите такси на релација Калама - Сантјаго де Чиле, во економска класа со 23кг. чекиран и 7кг. рачен багаж
Факултативен излет - Сантјаго де Чиле. Град во кој од секој дел се гледаат врвовите на Андите, ќе посетиме знаменитости од колонијалниот период, театарската зграда, Националната библиотека, Музејот на ликовни уметности, старата конгресна зграда, но и модерни како што се Гран Сантијаго Торе, која е највисоката зграда во цела Латинска Америка.
Факултативна екскурзија - Валпараисо (Валпараисо), прекрасен град на брегот на Тихиот Океан, кој е полн со шарени куќи и е под заштита на УНЕСКО. Враќање во Сантијаго.
Трансфер до аеродром и лет за Буенос Аирес. Трансфер до хосте . Еден од најживописните градови во светот и суштината на Јужна Америка. Танго на улица, најсочните шницли во рестораните и најдобрите вина во баровите. Сместување во хотел и слободно време за запознавање на градот.
Превоз
Трансфер од сместување до аеродром
Авиобилет со сите такси на релација Сантјаго де Чиле - Буенос Аирес во економска класа
Факултативен излет - разгледување на градот: Зградата на Конгресот, Casa Rosada, Plaza de Mayo, познатиот Обелиск, библиотеката Атенео (Ateneo), гробиштата Реколета (Recoleta)… Возбудлив ноќен живот придружен со малбек вино и звуците на тангото.
Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
Виза за Боливија
Излезна такса за Боливија (25 УСД)
Доплата за еднокреветна соба
Факултативни излети
Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
Лима City Tour
Цена:
45,00 EUR
После прошетката во паркот Кенеди (Kennedy) кој уште го нарекуваат и Паркот на мачките одиме со автобус до историскиот центар на Лима. Тука за прв пат се среќаваме со шпанското колонијално наследство и дознаваме зошто речиси секој плоштад во Јужна Америка се вика Plaza del Armas. Доколку нѝ се укаже прилика ќе присуствуваме на смената на стража на плоштадот каде со сета помпа Перуанците потсетуваат на својата борба за независност во XIX век. Потоа се упатуваме кон колоритниот дел на градот покрај брегот кој се вика Баранко (Barranco). Доколку сакате може да уживате во свежата морска храна во рестораните со најубавиот поглед на Тихиот Океан во Лима. Tука нѐ чекаат бројни специјалитети како chicha morade и ceviche. Попатно, се фотографираме пред многубројните графити кои го красат овој крај. Ќе одиме и до романтичниот Мост на воздишките. Подоцна ќе се прошетаме и низ Паркот на љубовта каде ќе го дочекаме залезот на сонцето.
Куско City Tour
Цена:
25,00 EUR
Го посетуваме Куско, поранешната лулка на познатата империја на Инките и неговата околина. Ќе го посетиме главниот градски плоштад, Плоштадот дел Армас, каде што се издига познатата катедрала Свети Доминго. Ќе се прошетаме до едно од најживописните места во Куско, локалниот пазар Сан Педро каде ќе се нурнеме во рапсодијата на мирисот на егзотичните зачини и вкусот на овошјето.
Светата долина на Инките
Цена:
75,00 EUR
Светата долина на Инките – целодневен излет – На овој целодневен излет се запознаваме со древната цивилизација на Инките. Посетуваме три големи археолошки наоѓалишта.Писак (Pisaс), Олантајтамбо (Ollantaytambo) и Чинчеро (Chinchero) се места на кои ќе го разбереме секојдневниот живот на Инките и на нивните поданици. Ќе ги слушаме приказните на нашиот локален водич за боговите кои ги обожавале, како ја чувале храната, како транспортирале стоки, како комуницирале итн. Оваа цивилизација го доживеала својот зенит во текот наXV век, а веќе во средината на XVI век била покорена од страна на шпанските конкистадори. Сите споменати локалитети се наоѓаат во магичната природа околу реката Урубамба (Urubambа). Писаксе наоѓа покрај реката Урубамба, која на Кечуа (Quechua) и Ајмара (Aymara) јазиците се вика Вилканота (Vilcanota), а денес на локалитетот може да се видат тераси кои Инките ги користеле за одгледување на различни култури на големи надморски височини. Oлантајтамбо е стара престолнина која ја основал владетелот Пачакути (Pachacuti) и во неа изградил куќи и церемонијален центар. Поголемиот дел од населението кое живее во Чинчерo се потомци на стариот народ Кечуа и тука ќе имаме можност да се запознаеме со деталите за нивниот живот и уредување. На овој излет освен со археолошките локалитети ќе се запознаеме и со конкретни занаети, па ќе научиме на пример како се бојат ткаенините или како се препознава вистинско сребро. Исто така, ќе посетиме и селски пазар каде покрај сувенирите ќе можеме да се сликаме и со припитомени лами. Во текот на овој ден имаме и вклучен ручек во најпознатиот ресторан во оваа долина. Тука нѐ чека неограничено јадење на разновидна перуанска храна, а за ваквата разновидноста најдобро говори фактот дека само андските култури познаваат преку 3800 видови на компир.
*Во цената на излетот не е вклучена влезница и таа чини 70 PEN
Rainbow Mountain
Цена:
60,00 EUR
Rainbow Mountain– Најколоритниот ден на нашата експедиција е на 5000m надморска височина! Виникунка (Vinicunca), односно планината во седум бои на Квечуа (Quechua) јазикот, е новооткриен феномен кој никого не остава рамнодушен. Пејзажот надополнет со стадата алапаки и снежните врвови е идеален за уживање во искачувањето и набљудување на боите на оваа планина. Најживописниот детал од нашето патување нѐ чека после раноутринското поаѓање од Куско, поранешната престолнина на Инките. За да стигнеме до врвот на Виникунка потребно е со бавно темпо, џвакајќи листови кока кои помагаат против висинската нелагодност, да се искачиме совладувајќи неколку стотини метри во зависност од базата на која ќе бидеме стационирани. За оние кои ќе се изморат постои опција за изнајмување на коњ кој полека ќе ве пренесе низ магичната планина со нестварни бои и нијанси на Виникунка. Во цената на излетот е вклучено: трансфер според планот и програмата, локален водич на англиски јазик, влезници за Rainbow Mountain, оброк.
Мачу Пикчу
Цена:
105,00 EUR
Најпознатиот град на Инките, во долината на реката Урубамба, недалеку од Светата долина, бил непознат за шпанските конкистадори и западната цивилизација до 1911 година. На списокот на светско наследство на УНЕСКО е од 1983 година. Скриената престолнина на Инките била изградена околу 1450 година, а напуштена 100 години подоцна, со доаѓањето на шпанските конкистадори. На самиот локалитет има делови каде што живееле, храмови посветени на богот на сонцето, разни скулптури, астрономски часовници, па дури и гробници, како и патеки по кои гласниците (гласниците) минувале низ планинските сртови. Во цената на патувањето е вклучено: локален водич на англиски јазик, организиран превоз според планираниот план, услуги на претставник на нашата агенција.
Ла Паз и Долината на Месечината
Цена:
35,00 EUR
Со овој излет го запознаваме највисокиот главен град на светот кој се наоѓа на околу3650m височина, како и неговата околина. Денот го започнуваме со осврт на шпанското колонијално наследство. На плоштадот Муриљо (Murillo) е погубен најголемиот борец за независност од мадридската круна, Педро Муриљо. На самиот плоштад се наоѓаат Катедралата, Конгресот, како и Претседателската палата. На ова место се запознаваме со политичкиот живот на Боливија и како во последните години го обележуваат кокаљеросите (Cocaleros) и претседателот Моралес. Ќе ја разгледаме и црквата Сан Франциско (San Francisco) која е специфична по тоа што иако е градена во барокен стил, содржи детали од автохтоните народи. При разгледувањето на Ла Паз ќе ги посетиме со автобус и видиковците на овој несекојдневен град меѓу кои и Киљи Киљи (Killi Killi) од кој ја има најубавата панорама и поглед од речиси 360 степени на планината Иљимани (Illimani). Ќе имаме можност да се возиме и со највисоката жичарница на светот која поминува низ еден град. Незаборавното искуство над Ла Паз ќе го надополниме со посета на Долината на Месечината. Таа претставува чудесно обликуван релјеф кој потсетува на површината на Месечината што го потврдил и самиот Нил Армстронг. Поради силниот ветар и дожд, песокот и глината се поиграле со овој предел оставајќи ги посетителите без здив. Како со орнаменти просторот е украсен и со по некој кактус, единствената вегетација што може да опстане на ваков терен. Денот го завршуваме на Вештерскиот пазар. Тука може да се најдат многу необични предмети и сувенири како фетуси од лама кои локалното население ги жртвува на божицата на земјата, Пачамама.
Death road
Цена:
75,00 EUR
За љубителите на адреналин, спустот со велосипеди низ планината од речиси5000m нa 1300m, е нешто што не треба да го пропуштат. Доколку сакате може со неверојатна брзина да итате низ нестварните пејзажи или полека да се возите низ шумите, водопадите и карпите... Во деведесеттите години овој пат е прогласен за најопасен на светот. Денес оттука веќе не поминуваат камиони како некогаш, но затоа тука се љубителите на брзина и на downhill велосипедите. Самиот пат исто така крие бројни мистерии. Го изградиле парагвајските заробеници во триесеттите години на минатиот век, а во периодот на Студената војна служел како засолниште на озоглесениот нацист кој станал најголемиот нарко бос во Боливија. Оваа област е инаку многу позната по одгледувањето на листови кока. Во рамки на излетот ќе имаме константна придружба на нашиот водич и возила за помош. Вклучени се ужина и ручек, како и целата опрема која е потребна за спуштање низ оваа адреналинска рута. Авантура која ќе ја паметите цел живот! Напоменуваме дека поради екстремната природа на овој излет туристичката агенција Jungle Travel не го препорачува овој излет на своите патници.
Цена на излетот: 75 EUR + 50 BOB за такса
Сантијаго де Чиле
Цена:
од
55,00 EUR
до
65,00 EUR
Ги посетуваме истакнатите атракции на овој град. Пристигнуваме на Plaza de Armas, ја посетуваме катедралата, булеварот Ахумада и владината палата „Ла Монеда“. Се спуштаме со автобус до стариот Сантијаго, поминуваме низ боемскиот кварт Белависта и возиме до ридот Сан Кристобал од каде што има магичен поглед на градот и врвовите на планинскиот венец Андите. Оттаму ќе се упатиме кон модерниот дел на Сантијаго каде ќе ги посетиме неговите шармантни населби и трговски центри.
Во цената на патувањето е вклучено: локален водич на англиски јазик, организиран превоз според планираната маршрута, услугите на претставникот на нашата агенција.
Валпараисо (Valparaiso)
Посета на Валпараисо, живописно гратче на брегот на Пацификот кое е под заштита на UNESCO, а кое одишува со боемска и уметничка енергија, со бројни кафулиња, видиковци и шарени куќички. Овој град со право се нарекува „Бисер на Пацификот“ и денес има околу 275 000 жители. Градот претставува родно место на модерното Чиле со оглед на тоа дека тука се основани бројни институции како и најстариот весник на шпански јазик “El Mercurio”. Валпраисое местото во кое свое засолниште од прогонот нашол и славниот чилеански поет Пабло Неруда. Потоа го посетуваме Вино дел Мар (Vinо del Mar), познато летувалиште каде ги впиваме зраците на сонцето додека нозете нѝ ги заплискува водата на Тихиот Океан.
Сместување
Хостел/Хотел
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Хостел/Хотел е сместувачки капацитет наменет пред се за помладата генерација, како и за оние на кои комфорот не им е на прво место. Собите се повеќекреветни 1,/3, 1/4, 1/6, 1/8, 1/10 со заеднички тоалети. Услугата е на база ноќевање.
Хотел *** во Куско
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.
Хотел *** (според локална категоризација) е сместувачки објект со двокреветни соби. Сите соби се климатизирани и имаат WC. Услугата се базира на ноќевање со доручек. Имињата на хотелите ќе бидат потврдени по формирањето на групата, а најдоцна 2 недели пред патувањето.
Корисни информации
Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.
Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.
Напомени: Општи напомени:
Организатор на патувањето е JUNGLE TRAVEL од Србија со лиценца OTP 162/2020.
При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА JUNGLE TRAVEL D.O.O. од Белград.
Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ускладени со YUTA стандардот.
Напомени во врска со сместувањето:
Организаторот на патувањето, JUNGLE TRAVEL, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.
Напомена во врска со факултативните излети:
Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. Jungle Travel не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.
Напомена во врска со визите:
Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.
Во согласност со одредбите од Законот за туризам на Република Србија, Организаторот на патувањето има депозит во висина од 7500,00 ЕУР и гаранција за патување за категорија на лиценца А35 во висина од 350.000,00 ЕУР, која во случај:
А) на инсолвентност на Организаторот на патувањето, се обезбедуваат: 1. трошоци за нужно сместување, исхрана и враќање на патниците од патувањето, до местото на поаѓање во земјата и странство, 2. побарување на уплатените средства на Патниците по основ на Договорот за туристичку патување, кое Организаторот на патувањето не го реализирал, 3. побарувања на уплатените средства на Патниците во случај на откажување на патувањето од страна на Патниците, во согласност со Општите Услови за Патување, 4. побарување на разликите меѓу уплатените средства по основ на Договор за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршување или непотполно извршување на услуги, опфатени со Програмата на патување и во случај:
Б) Надокнади на штета која е нанесена врз Патникот со неисполнување, делумно исполнување или неуредно исполнети обврски на Организаторот на патувањето, кои се одредени со Општите услови и Програмата на патување: 1. За побарување на уплатените средства на Патникот по основ на Договор за туристичко патување кое Организаторот на патувањето не го реализирал и 2. За побарување на разлики меѓу уплатените средства по основ на Договорот за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршена, или непотполно извршени услуги кои се опфатени со Програмата на патување.
Периодот на покритие на Гаранцијата за патување трае од датумот на нејзино издавање, па се до завршувањето на туристичкото патување, односно до враќање на Патниците на договореното одредиште.
Гаранција по Договорот за Гаранција на патување број 0013/2020 од 10.01.2020, склучено со договарачот на осигурување - Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", Белград, ул. Кондина бр. 14, Полиса број 300067826 од 14.01.2020. Акционерско друштво за осигурување ДДОР НОВИ САД, Гаранцијата за патување се активира без одложување, односно во рок од 14 дена од денот на настанување на осигураниот случај, кај Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", +381 11 3228 686, по пишан пат или телеграма на адреса YUTA, Белград, ул. Кондина бр. 14, или на e-mail: garancijaputovanja@yuta.rs.
(Патникот своите права за надокнада на штета ги остварува врз основа на правосилни и извршни судски пресуди, односно одлуки на Арбитражниот суд или други вон-судски решенија на потрошувачки спор, во согласност со овие Општи услови и Општите услови на YUTA.)