Кариби и Централна Америка

Кариби и Централна Америка

Вулканска авантура, зачудувачките Кариби, незаборавен трекинг, лалиња, висечки мостови и најдобриот zip line на светот, модерни и колонијални населби, најдолговечни луѓе на Америка, вкусно кафе и манго - патуваме низ Средна Америка! Во Мексико одиме по патиштата на Ацтеките и Маите, се воодушевуваме на Фрида Кало, јадеме начос и тортиљи, заминуваме на Јутакан каде ќе ги посетиме Исла Мухерес и Плаја Дел Кармен па дури можеме да пливаме и со ајкули... Не ги забораваме ниту малите земји на Средна Америка како Белизе каде одмораме на огзотични острови. Таму се подготвуваме за понатамошните авантури. На патот ни е Гватемала - светата земја на Маите. Не ги пропуштаме и печењето на манчмелоу на вулканот Пакаја како и мистрериозниот Тикал. Високо под облаците заминуваме во Костарика и тоа по zip line помеѓу високи шумски крошни во Монтеверде. Тука се вулканите како Аренала, капење во топли извори, трекинг по недопрената природа на Иразу. Авантурата ја дополнуваме и со Панама, земја која спојува два океани. И за нас е таа стратешки важна точка откаде одбираме дали сакате да шетаме по старите градски квартови на Панама Сити или да се опуштиме во мирот на Сан Блас или Бокас дел Торо. Не го забораваме ниту револуционерниот дух на Куба. На ова место во Карибите сме како домаќини, во своето природно опкружување и ритам. Ве чекаме на овој раскошен дел на светот, помеѓу палми и сенка од нашите шешири, заедно да ги испробаме најдобрите пури, румови и текили. Bienvenidos!

Поаѓања

Патувања

Дестинации

Видео