Доминиканска Република

Доминиканска Република

Ве носиме во земјата на палмите, најубавите песочни плажи со тиркизна вода, бел песок и бачата!!! Се сместуваме во ресорт со 5* на база All Inclusive и тоа на најубавата плажа во цела Доминиканска Република. Jungle патување кое е вистинскиот избор за вас, без разлика дали сакате добра забава, романтичен одмор за двајца или незаборавно патување за целото семејство!

Овој карипски рај е дестинација која постојано ќе ве изненадува. Доколку сакате превкусна храна и коктели, најпознатиот рум на #целсвет, добри журки или прекрасни плажи со бел песок, илјадници палми и претиркизно море ова е местото за вас!! Дали знаевте дека Доминиканската Република има најмногу плажи со сино знаме на Карибите, што значи дека овие прекрасни плажи исполнуваат прилично строги меѓународни стандарди за чистота, безбедност и квалитет.

Поаѓања

Патувања

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Доминиканска Република

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Доминиканската Република се наоѓа на островот Хаити и припаѓа на групата острови на Големите Антили. Доминиканската Република е вистински бисер на Карибите и е една од најразвиените земји во тој регион. Правата асоцијација со оваа островска земја се ритамот на меренга, многу сонце во текот на годината, тиркизно море со палми како од разгледница, кокос, долги песочни плажи, насмеани и среќни локалци чија позитивна енергија е заразна. Парче рај што ќе ве плени засекогаш!


Површина: 48.442 км2

Население: околу 11 милиони

Главен град: Санто Доминго, 3.5 милиони жители

Официјален јазик: шпански

Државно уредување: Доминиканска Република, стекна независност од Хаити на 27 февруари 1844 година.

Временска зона: UTC -4

 

УСЛОВИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЗЕМЈАТА (ВИЗИ)

На државјаните на Република Северна Македонија не им е потребна виза за влез во Доминиканската Република, за престој до еден месец. Потребен е само валиден пасош.

 

КЛИМА

Просечна температура од 28 степени во текот на годината и фактот дека Доминиканската Република има дури 360 сончеви денови годишно се доволна причина да го посетите овој егзотичен рај! Тропската клима ви овозможува да патувате во Доминиканската Република во текот на целата година. Влажноста на воздухот е висока во текот на годината. Сезоната на урагани е од јули до септември, со напомена дека се посилни во јужниот дел на земјата. Сепак, поради климатските промени на глобално ниво, ураганите се поретки во последните години. Во периодот од крајот на мај до септември можна е појава на дожд. Иако врнежите се занемарливи, бидејќи врнежите траат многу кратко, а веднаш потоа продолжува идеалното сончево време. Идеално време за патување до оваа тропска дестинација е од октомври-ноември до мај, но сигурно нема да погрешите доколку изберете друго време!

 

ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ

Доминиканската кујна е претежно мешавина од таино, шпански и африкански влијанија кои биле измешани во текот на неколку векови. Типичната кујна е слична на повеќето други земји од Латинска Америка, но имињата на јадењата се различни. Јајцата и мангу (mangú - варена маниока или корен од некој друг зеленчук) обично се подготвуваат за појадок, комбинирани со пржено месо и/или сирење. Слично како во Шпанија, ручекот е најважниот оброк. Претежно е комбинација од месо (пилешко, свинско или риба), ориз и грав, со додаток на свежа салата. Ла бандера е најпопуларното јадење - се состои од печено пилешко, бел ориз и црвен грав. Јадењата со козјо месо се исто така многу популарни. Национален пијалок на островот е Мамахуана - ароматични билки прелиени со рум, црвено вино и мед (исто така се смета за афродизијак и се користи за медицински цели). Мора да пробате и кокос во сите негови форми, органско чоколадо со висок процент на какао!

 

БЕЗБЕДНОСТ

Градовите и местата кои си посетуваме за време на патувањето се безбедни, но секако советуваме да внимавате на своите лични работи, документи и пари (како и на патување во било кој европски или некој друг град). Доминиканска Република е безбедно место посебно на туристичките места. Навечер, препорачливо е да се шетате со групата, односно да се држите само до осветлените делови каде се движат туристите. 

 

ПАРИ

Официјалната валута е доминиканскиот пезос (ДОП), а најсоодветна странска валута е УСД. Во сите хотели, банки и менувачници официјално се разменуваат и USD и EUR. За 1€ = 64.40 DOP, додека за 1$ = 59.40 DOP.

 

ОСТАНАТО

Треба да знаете и дека пурите кои се рачно изработени во Доминиканската Република се едни од најпрофитабилните извозни производи и дека се рангирани веднаш до познатите цигари од Куба, па доколку сте пушач ви препорачуваме задолжително да ги пробате!