Доминиканска Република - All Inclusive

Доминиканска Република - All Inclusive

цена од
1.699
EUR ,00
сега од
1.599
EUR ,00
траење
9 дена
Пријави се Барање
Барање

Ве носиме во земјата на палмите, најубавите песочни плажи со тиркизна вода, бел песок и бачата!!! Се сместуваме во ресорт со 5* на база All Inclusive и тоа на најубавата плажа во цела Доминиканска Република. Jungle патување кое е вистинскиот избор за вас, без разлика дали сакате добра забава, романтичен одмор за двајца или незаборавно патување за целото семејство!

Овој карипски рај е дестинација која постојано ќе ве изненадува. Доколку сакате превкусна храна и коктели, најпознатиот рум на #целсвет, добри журки или прекрасни плажи со бел песок, илјадници палми и претиркизно море ова е местото за вас!! Дали знаевте дека Доминиканската Република има најмногу плажи со сино знаме на Карибите, што значи дека овие прекрасни плажи исполнуваат прилично строги меѓународни стандарди за чистота, безбедност и квалитет.


Рута
Скопје
Франкфурт
Пунта Кана
Франкфурт
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
Дестинации
Доминиканска Република, Кариби и Централна Америка
Код на патување
DO3
Тежина
Погодно за деца
Да

План и програма

Состанок на патниците на Mеѓународниот Aеродом во Скопје два часа пред лет. Лет од Скопје до Франкфурт со Lufthansa и пристигнување во Франкфурт. Преседнување на лет за Пунта Кана, Доминиканска Република. Авантурата може да започне! Одиме на местото кое со причина го нарекуваат рајот на земјата!

Пристигнување во Пунта Кана во вечерните часови и трансфер до сместувањето. Check in во хотелот.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Франкфурт (Lufthansa), во економска класа со вклучен багаж.
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Франкфурт - Пунта Кана (Lufthansa), во економска класа со вклучен багаж.
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Sunscape Coco Punta Cana 5* 1 ноќ

Место

  • Скопје
  • Франкфурт
  • Пунта Кана

Храна

  • All Inclusive × 1

Денови резервирани за потполно уживање на овој егзотичен РАЈ! Шетаме по плажата со бел песок, читаме книга, пиеме коктел и уживаме во тропскиот рај! Целосно се опуштаме и полниме батерии. Ресорт кој располага со буквално сѐ! Овие денови се посветени на нас и уживањето!!

Сместување

Sunscape Coco Punta Cana 5* 6 ноќи

Место

  • Пунта Кана

Храна

  • All Inclusive × 6

По појадокот, правиме check-out од нашите соби. Имаме слободно време да уживаме на плажа и да се поздравиме со овој тропски рај! Вечерен трансфер од сместувањето до аеродром. Лет од Пунта Кана до Франкфурт.

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Пунта Кана - Франкфурт (Lufthansa), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Пунта Кана

Пристигнување во Франкфурт. Преседнување на лет за Скопје. Пристигнување во Скопје во вечерните часови. Крај на патувањето.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Франкфурт - Скопје (Lufthansa), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Франкфурт
  • Скопје

Поаѓања и цени

За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€ (12.400,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци.

Што е вклучено

Сместување

Sunscape Coco Punta Cana 5 Пример 7 ноќи

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Франкфурт (Lufthansa), во економска класа со вклучен багаж.
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Франкфурт - Пунта Кана (Lufthansa), во економска класа со вклучен багаж.
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Пунта Кана - Франкфурт (Lufthansa), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Франкфурт - Скопје (Lufthansa), во економска класа со вклучен багаж

Храна

7 × All Inclusive

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Важна напомена: На ова патување нема претставник од агенција.

Сместување

Sunscape Coco Punta Cana 5*

Sunscape Coco Punta Cana 5*
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Sunscape Coco Punta Cana e ресорт/хотел со 5* по локална категоризација во Пунта Кана. Хотелот се наоѓа на сама плажа. Неговата релаксирана атмосфера го прави идеално место за одмор!

Сите соби во хотелот се со клима уред, телевизор, сеф, сопствен тоалети. Услугата е на база All Inclusive.

Вебсајт https://www.hyattinclusivecollection.com/en/resorts-hotels/sunscape/dominican-republic/coco-punta-cana/?utm_source=other&utm_medium=organic&utm_campaign=soci

Адреса Carretera Cabeza de Toro KM 7
Punta Cana 23000
Dominican Republic

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Доминиканска Република

ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Доминиканската Република се наоѓа на островот Хаити и припаѓа на групата острови на Големите Антили. Доминиканската Република е вистински бисер на Карибите и е една од најразвиените земји во тој регион. Правата асоцијација со оваа островска земја се ритамот на меренга, многу сонце во текот на годината, тиркизно море со палми како од разгледница, кокос, долги песочни плажи, насмеани и среќни локалци чија позитивна енергија е заразна. Парче рај што ќе ве плени засекогаш!


Површина: 48.442 км2

Население: околу 10 милиони

Главен град: Санто Доминго, милиони жители

Официјален јазик: шпански

Државно уредување: Доминиканска Република, стекна независност од Хаити на 27 февруари 1844 година.

Временска зона: UTC -4

 

УСЛОВИ ЗА ВЛЕЗ ВО ЗЕМЈАТА (ВИЗИ)

На државјаните на Република Северна Македонија не им е потребна виза за влез во Доминиканската Република, за престој до еден месец. Потребен е само валиден пасош.

 

КЛИМА

Просечна температура од 28 степени во текот на годината и фактот дека Доминиканската Република има дури 360 сончеви денови годишно се доволна причина да го посетите овој егзотичен рај! Тропската клима ви овозможува да патувате во Доминиканската Република во текот на целата година. Влажноста на воздухот е висока во текот на годината. Сезоната на урагани е од јули до септември, со напомена дека се посилни во јужниот дел на земјата. Сепак, поради климатските промени на глобално ниво, ураганите се поретки во последните години. Во периодот од крајот на мај до септември можна е појава на дожд. Иако врнежите се занемарливи, бидејќи врнежите траат многу кратко, а веднаш потоа продолжува идеалното сончево време. Идеално време за патување до оваа тропска дестинација е од октомври-ноември до мај, но сигурно нема да погрешите доколку изберете друго време!

 

ХРАНА И ПИЈАЛОЦИ

Доминиканската кујна е претежно мешавина од таино, шпански и африкански влијанија кои биле измешани во текот на неколку векови. Типичната кујна е слична на повеќето други земји од Латинска Америка, но имињата на јадењата се различни. Јајцата и мангу (mangú - варена маниока или корен од некој друг зеленчук) обично се подготвуваат за појадок, комбинирани со пржено месо и/или сирење. Слично како во Шпанија, ручекот е најважниот оброк. Претежно е комбинација од месо (пилешко, свинско или риба), ориз и грав, со додаток на свежа салата. Ла бандера е најпопуларното јадење - се состои од печено пилешко, бел ориз и црвен грав. Јадењата со козјо месо се исто така многу популарни. Национален пијалок на островот е Мамахуана - ароматични билки прелиени со рум, црвено вино и мед (исто така се смета за афродизијак и се користи за медицински цели). Мора да пробате и кокос во сите негови форми, органско чоколадо со висок процент на какао!

 

БЕЗБЕДНОСТ

Градовите и местата кои си посетуваме за време на патувањето се безбедни, но секако советуваме да внимавате на своите лични работи, документи и пари (како и на патување во било кој европски или некој друг град). Доминиканска Република е безбедно место посебно на туристичките места. Навечер, препорачливо е да се шетате со групата, односно да се држите само до осветлените делови каде се движат туристите. 

 

ПАРИ

Официјалната валута е доминиканскиот пезос (ДОП), а најсоодветна странска валута е УСД. Во сите хотели, банки и менувачници официјално се разменуваат и USD и EUR. За 1€ = 61 DOP, додека за 1$ = 54 DOP.

 

ОСТАНАТО

Треба да знаете и дека пурите кои се рачно изработени во Доминиканската Република се едни од најпрофитабилните извозни производи и дека се рангирани веднаш до познатите цигари од Куба, па доколку сте пушач ви препорачуваме задолжително да ги пробате!

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.