Куба

Куба

Замислувате некој остров? Прва помисла - тишина и сино небо над палмите на ненаселен остров на Карибите. Тогаш се појавува и насмеан народ на кого му се доволни салса, мохито и пури за еден магичен живот. Одиме на Куба! 

Куба оваа сезона ќе ја работиме на три начини и тоа со поаѓање од Скопје!

Куба Акција

Една од нашите омилени програми за Куба. Се сместуваме во Хавана, 8 ноќевања и тоа во Casa Particulares или бутик хотелот La Maestranza. Casa Particulares се куќи во кои живеат Кубанци - луѓе со неверојатен дух и позитивна енергија. Се сместуваме во двокреветни соби со сопствен тоалет кои се исклучително чисти поради тоа што издавање на овие “соби“ е единствениот приход на нашите домаќини кои се трудат секој аспект од нашето патување да ни го направат поубав. La Maestranza е мал бутик хотел во срцето на Old Havana, декориран во автентичен кубански стил и се наоѓа на само неколку чекори од Bodeguita del Medio, главната катедрала и централниот парк во Хавана.

Со Хавана како база, го истражуваме овој неверојатен остров во кој ќе се чувствуваме како со временска машина да сме се вратиле низ времето. Ги посетуваме сите важни знаменитости на Хавана. Во близина на Хавана (околу 15 километри од центарот) се наоѓа познатата плажа Playa del Este, или Santa Maria del Mar, која излегува на истиот брег на Карипско море, каде што излегува и Варадеро. Бел песок, палми и тиркизна вода. Тука ги поминуваме деновите кога сакаме да бидеме на плажа. Факултативно го посетуваме и Варадеро - најпознатото летувалиште на Куба, како и Виљалес - долината на тутунот, каде учиме како се произведуваат познатите Кубански пури. Навечер излегуваме во локални клубови во Хавана, каде пиеме коктели и играме салса. А сите авантуристи не смеат да пропуштатат ziplining низ бујните шуми и прекрасното езеро во Las Terrazas -- искуство кое ќе го паметите цел живот!!

Куба Хедонизам - Хавана и Варадеро

Програма дизајнирана за сите оние кои сакаат поголем комфор. 

Во првиот дел од патувањето сме сместени во Хавана, во Boutique Hotel или Casa Particulares. Ги посетуваме сите знаменитости на Хавана, се возиме со кабриолети и пиеме Мохита и Даикири во местата каде што одел и Хемингвеј. Пиеме рум во Хотел Национал во Хавана, каде во 1946-та година е оддржан првиот “Мафијашки самит“, предводен од Лаки Лучиано. Одиме во Виљалес - долината на тутунот и шетаме низ неверојатно “живописните“ улици на Хавана. Се враќаме низ времето...

Патувањето го продолжуваме во Варадеро, сместени на база All Inclusive во Хотели со 4*. Коктели, бел песок, палми и тиркизното Карипско море. Денови наменети за комплетен одмор и полнење на батерии! Дали знаевте дека Варадеро две години по ред е прогласена за најубавата плажа на #целсвет од Tripadvisor! Во Варадеро посетуваме фарма со крокодили, и се дружиме со делфини! А потоа како вистински пирати од Карибите пловиме со катамаран по тиркизното море и го посетуваме еден од најегзотичните острови на Куба!!!

Куба - Хавана, Тринидад и Варадеро

Програма дизајнирана за сите кои сакаат да ја доживеаат вистинската Куба. Патуваме во најегзотичните краеви, ги посетуваме најегзотичните плажи, го посетуваме градот каде што завршила кубанската револуција и буквално доживуваме СÈ што овој магичен остров има да ни понуди! 

Нашата авантура ја започнуваме во Хавана, се сместуваме во најавтентичните Casa Particulares. Сместување во Casa Particulares е автентично искуство кое ќе го памтите цел живот каде љубезните локалци ни раскажуваат приказни за Куба, какви што сме слушале за Југославија, нè учат Шпански и ни спремаат коктели :). Во Хавана ги посетуваме најпознатите туристички места, но истражуваме и квартови во кои нема туристички атракции, места каде живеат Кубанци и во кои владее неверојатна атмосфера... Нашиот претставник, дечко или девојка од Македонија кој буквлано живее на Куба ве носи во мали салса кафулиња во кои влегуваат улични музичари и бендови и свират додека публиката ги бодри со насмевки, аплаузи или песоси. А како јаготка на жлагот до сите места кои ги посетуваме се возиме во олд тајмери -- искуство кое ќе го паметите цел живот!!!

Нашата авантура ја продолжуваме во Тринидад и повторно се сместуваме во Casa Particulares. Нови локалци, со нови уникатни искуство, а кои прават подобри коктели оставаме на Вас да оцените! Тринидад е најфилмското место во Куба -- стари куќи и камени улици во колонијален стил. Викенд пазар на кој се дели бесплатно пиво на локалци, но понекогаш и на туристи. Посетуваме некои од најстарите барови во Куба, танцуваме со насмеаните локалци. Пловиме со катамарани по карибите, се плажираме, го посетуваме местото каде што завршила кубанската револуција и уживаме во Карипскиот рај. Од Тринидад посетуваме и некои од најубавите плажи на карипското море -- Playa Ancon и островот Cayo Blanco! А дали сте слушнале за Santa Clara, градот каде што завршила кубанската револуција и каде се наоѓа мавзолејот на Che Guevara!!

А дали има подобар начин да се заврши оваа незаборавна авантура од уживање на најубавата плажа на #целсвет? НЕ! Па затоа на крај се "селиме" во Варадеро -- прекрасна плажа со прашкаст бел песок и тиркизното карипско море. Спиеме во хотел со 4* на база All Inclusive! Пиеме многу коктели, јадеме превкусна традиционална кубанска храна и буквално полниме батерии!!!

Viva la Cuba!

Поаѓања

Патувања

Видео

Прашања, одговори и искуства

За влез во Куба (Cuba) не е потребна вакцина, но секако Ве советуваме за истото да се посоветувате со институтот за јавно здравје и да проверите.


За сите кои патуваат со македонски пасош, виза за Куба НЕ Е ПОТРЕБНА за престој помалку од 90 дена.


Куба (Cuba) е безбедна земја и поради нејзиното државно уредување стапката на криминал е многу ниска. Всушност Куба е една од најбезбедните држави на западната хемисфера. Како и во било кој европски град, и во Куба се препорачува внимание од ситни кражби и џепарења, иако дури и тие се ретки. Прошетките по улиците и ноќните излегуваања се безбедни. 


Скоро сите хотели и хостели во Куба се под сопственост на државата, а повеќето се прескапи за квалитетот и услугата што ја добивате во истите. 

Casa Particulares се разликува од хостел или хотел по тоа што е куќа која е во приватна сопственост. Домаќините на касите плаќаат на владата за привилегијата да ги изнајмуваат нивните куќи на туристи, со тоа што целиот профит заработен од вашиот престој иде директно кај домаќините. Значи, ако се одлучите за casa particulares, можете да бидете сигурни дека вашите пари директно подржуваат кубанско семејство.

Сите каси се опремени со приватен тоалет, вентилатор или клима, удобни кревети, фрижидер, а некои од нив имаат сеф и фен за коса. Собите може да имаат прозори кои гледаат према надвор, или внатрешни прозори кои се типични за овој дел од светот, како би се избегнала “галамата“ од улица. Нашите домаќини често се грижат за хигиената на нашата соба! Истите се главен извор на приход на семејствата кои ги поседуваат, а семејствата се 100% ангажирани да го направат Вашиот престој најкомфорен што може.


Валутата на Куба е песос (CUP). Отприлика 1€ = 26CUP.  

Еве што треба да очекувате за:

  • Шише безалкохолна пијачка или шише вода = 0.5-1€
  • Кафе = 1€
  • Коктел = 2-5€
  • Оброк за двајца во ресторан = 25€
  • Еден час интернет = 1€

Ова прашање е индивидуално и има разлика од лице до лице но и од должината на траење на програмата. Вие ги знаете вашите навики за трошење подобро од нас, затоа ве молиме буџетирајте соодветна сума за работи како што се оброци, пијалоци, шопинг, активности и сл. Проверете дали сте ги прочитале детално нашиот план и програма за да знаете што е вклучено во цената на патувањето и што можеби ќе треба да платите додека патувате.


Суптропската клима на Куба е идеална за патување преку цела година. Јуни, јули и август се обично најтоплите месеци - сувата сезона трае од ноември до април, а влажната сезона од мај до октомври. Дури и во "влажната сезона", врнежите се прилично кратки и обично врне во раните утрински или вечерните часови. Па затоа ова не би требало да влијае на вашите планови!

По детално за времето на Куба можете да прочитате на следниот линк: https://www.jungletribe.mk/blog/dali-na-kuba-mozhe-da-se-patuva-preku-cela-godina


Од храна препорачуваме да пробате:
1. Ropa vieja - ситно сецкано говедско или свинско во комбинација со зеленчук, црн грав и ориз. Дефинитивно must-try кубански деликатес!
2. Tostones - пржена банана полнета со кашкавал и шунка. Можеби Ви звучи чудно, но ветуваме дека е превкусно.
3. Camarrones - ракчиња со лук и енчилада сос.
4. Flan - колач од млеко и карамела.

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Куба

1. ОПШТИ ПОДАТОЦИ

Куба е островска држава во Централна Америка. Главен и најголем град е Хавана со околу 2 милиони жители додека целата држава има 11 милиони жители. На јужната страна излегува на Карипско море додека на север излегува на Мексички залив и Атлснтски океан. По државно уредување Куба е република.

Површина на земјата: 109,884 km²

Број на жители: 11 милиони

Главен град: Хавана

Националност: Кубанци

Официјален јазик: шпански

Вероисповед: официјално атеистичка држава, но околу 60% се католици, а околу 20% се традиционална религија

Независност: 20.05.1902.

2. ВИЗА

За државјаните на Р. С. Македонија виза не е потребна.

3. ВРЕМЕНСКА ЗОНА

Временската зона е UTC -5.

4. КЛИМА

На куба владее тропска клима и е погодна за посета преку целата година. Просечна годишна температура е 25°C, во Јануари просечна температура е 21°C  додека во Јули просечна температура е 27°C. Нивото на сончеви часови (параметар кој означува колку часа од денот сонцето директно зрачи на земјата, а не преку облаци) е ист преку цела година. 

5. ХРАНА

Кујната на Куба се базира пред сé на рибни специјалитети и морски плодови, но исто така се застапени и сите врсти на месо. Прилог кој оди со речиси секое јадење е ориз Moros y Cristianos то ест ориз и црн грав. Национално јадење е Ropa Vieja - говедско со зеленчук. На Куба постојат многу видови на овошје и зеленчук кои не растат во Европа (гвајаба, ананас, маланга, јука...). Се препорачува конзумирање на храна исклучиво од ресторани освен овошје и зеленчук кое го има на пазарите. Цените се како и во Европа (оквирно оброк чини околу 10-15 ЕУР). Важно е да се напомене дека мора да се конзумира исклучиво флаширана вода!

6. ВАКЦИНИ И ЗДРАВСТВЕНА СОСТОЈБА

Вакцинација не е неопходна за патниците кои патуваат во Куба, но се сеоветува патниците индивидуално да се информираат во Институтот за јавно здравје. Пожелно е да понесете лекови за стомачни болки (пробиотици), фервекс или некои лекови за болки и температура, за секој случај. Исто така, таму има комарци, па би било добро да понесете и Аутан како и крема за сончање. Сите овие препарати потребно е да ги понесета на Куба затоа што таму не постојат големи супермаркети и речиси е невозможно да најдете на самата дестинација.

7. ОСИГУРУВАЊЕ

За влез на Куба неопходно е да имате меѓународно здравствено осигурување. Можете да го подигнете во која била осигурителна компанија или можете да го уплатите во нашата агенција до 5 дена пред поаѓање.

8. БЕЗБЕДНОСТ

Состојбата на Куба е безбедна и стапката на криминал е многу ниска. За секој случај се советува внимателност од ситни кражби и џебароши во големите градови и туристички места. Шетањето по улица е слободно и без проблеми дури и во вечерните часови. Дрогата е нелегална појава и како таква е казнива со закон.

9. ОБЛЕКА

Со оглед на високите температури во текот на целата година на патувањето е потребно да понесете летна облека. Во зимиските месеци се препорачува носење и нешто со долги ракави и долги пантолани за навечер. Се препорачува да понесете и некоја стара облека која можете да ја подарите на вашите домаќини на крајот на патувањето. Понесете шешири или качкети како заштита од сонце.

10. ПАРИЧНИ СРЕДСТВА

Куба е земја која има две валути - CUC то ест конвертибилен пезос или CUP - монета национал. Вам на патувањето ќе ви биде потребен само CUC и тоа е валута која ја добивате кога менувате пари во менувачница. Курсот изнесува 1eur = 1,1 CUC. Пари можете да менувате и во CUP но таа валута можете да ја користите само на пазарите и во некои помали продавници а односот е 1CUC = 23CUP. Парите се менуваат во менувачници кои се државни така што курсот е секаде идентичен. На патувањето понесете евра со оглед  дека доларите се на висока провизија. Се советува носење готовина затоа што плаќање со платежни картички не е застапено а банкоматите не се секогаш во функција и нема на многу места.

11. КОМУНИКАЦИЈА

Нашите мобилни мрежи функционираат на Куба. Што се однесува до интернетот, тој го има само на одредени места (wi-fi паркови, лоби на големите хотели) но може да се купат картички за интернет и оквирно чинат околу 1ч = 2 ЕУР. Поради таа причина не се препорачува носење на лап-топи со оглед на тоа дека конекциите нé се секогаш добри. 

12. СТРУЈА

Потребно е да понесете адаптер со два тенки влезови (како во САД).

13. ТОПЛА ПРЕПОРАКА

Куба е една интересна и весела земја! Никаде нема да сретнете толку насмеани луѓе подготвени да танцуваат во секој момент. На Куба ќе уживате во музика, коктели и плажи со бел песок. Но покрај тоа ќе имате можност и да ги посетите руралните делови на Куба и да се запознаете со нашинот на изработка на прочуените кубански пури. Куба навистина има што да понуди така што ќе имате можност и да одморите и да истражувате!