Куба Хедонизам (Хавана и Варадеро)

Куба Хедонизам (Хавана и Варадеро)

цена од
1.799
EUR ,00
сега од
1.599
EUR ,00
траење
12 дена
Пријави се Барање
Барање

Програма дизајнирана за сите оние кои сакаат поголем комфор. 

Ако досега сте сонувале за Карипските острови и се наоѓаат на вашата bucket листа, започнете ја животната авантура со живописната Куба (Cuba)! 

Во првиот дел од патувањето сместени сме во срцето на Хавана. Освен што ќе се телепортирате во минатото, ќе се телепортирате и во шареноликиот свет на музиката, слободата и различностите, а таму ќе ве пречека насмеан народ на кого му се доволни салса, мохито и пури, за еден магичен и среќен живот. Прошетајте по автентичните улици на шармантната Хавана, впијте ја нејзината енергија, нејзините бои и препуштете им се на звуците што ќе ве натераат да почнете да тацувате. Ве очекува возење со стари автомобили од '50-тите и ветар во коса! Мохито во Бодегита Дел Медио и даикири во Ел Флоридита - омилените места на Хемингвеј.

Патувањето го продолжуваме во Варадеро, сместени на база All Inclusive во Хотели со 5*.

Варадеро (Varadero), главниот туристички центар ќе ве освои со белите песочни плажи кои изгледаат како некој да ги оживеал најегзотичните разгледници.

Насмеаното племе Ве носи на уште едно незаборавно патување на Куба.

Денови за враќање во минатото, гласна музика, насмевки, ветар во коси, сонце, плажа, разиграни деца, насмеани луѓе, луди излегувања и желба што поскоро да се вратиме на ова магично место. 

Viva la Cuba!


Рута
Скопје
Истанбул
Хавана
Варадеро
Хавана
Истанбул
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел, Guesthouse
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
Видови патувања
Зимски поаѓања 2024
Дестинации
Кариби и Централна Америка, Куба
Код на патување
CU24
Тежина
Погодно за деца
Да

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања 19. 1. 20259. 2. 202528. 2. 202523. 3. 202527. 4. 2025

Состанок на патниците на Mеѓународниот Аеродом во Скопје два часа пред лет. Вечерен лет од Скопје за Истанбул ). Пристигнување во Истанбул и преседнување на лет за Хавана, Куба. 

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Скопје
  • Истанбул

Пристигнување во Хавана во утринските часови. Трансфер од аеродромот до сместувањето. Првиот ден на Куба одмораме, уживаме и се запознаваме со магијата на Кариби. Можност за посета на плажата Дон Пепе која се наоѓа на 15км од Хавана. Се забавуваме со коктел во рака и латино ритам и уживаме во тиркизното Карипско море и бел песок.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Хавана (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување

Сместување

La Maestranza - Havana или Casa Particulares - Havana 1 ноќ

Место

  • Хавана

Поаѓаме на факултативен разглед на Хавана. Прво ги посетуваме деловите на Централна Хавана кои се под заштита на УНЕСКО и се запознаваме со начинот на живот на Кубанците. Пазари, играње домино на улица, деца кои сакаат да се сликаат, а чии насмевки не можеме да ги одбиеме.. Ќе ги видиме четрите главни плоштади на Хавана, а потоа ќе се упатиме према Стара Хавана. Панорамскиот разглед го започнуваме во кабриолети со кои ќе ги посетиме најзначајните делови на градот, а на крајот ќе направиме “фотки“ кои никогаш нема да ги заборавиме.

Сместување

La Maestranza - Havana или Casa Particulares - Havana 1 ноќ

Место

  • Хавана

Факултативни излети

Факултативен излет – разгледување на куќата во која живеел Ернест Хемингвеј. На овој излет ќе добиете потполна слика за целокупниот живот на славниот писател, ќе дознаете зошто одлучил голем дел од својот живот да го помине во околината на Хавана, ќе видите негови лични предмети и ќе слушнете за неговата трагична смрт. По прошетката одиме на плажата Santa Maria, една од плажите кои се наоѓаат на 15 километри од Хавана. Уживаме во тиркизното море, лежиме под палмите на белиот песок и слушаме како свират локалните музичари. Враќање на Хавана.

Сместување

La Maestranza - Havana или Casa Particulares - Havana 1 ноќ

Место

  • Хавана

Факултативни излети

Факултативен излет Вињалес - Рурална Куба. Ги посетуваме плантажите за тутун и шеќерна трска, сушарите за тутун, а потоа одиме во куќата на едно семејство кое живее во ова село, кадешто нашиот домаќин ќе ни покаже како се прават кубанските цигари, а домаќинката ќе ни подготви кафе од тукушто набрани зрна од околината. По ручекот во локалниот ресторан одиме на разгледување на Индијанските пештери кои се под заштита на УНЕСКО заради тоа што се изградени од тип на карпи кои ги има само тука и уште на неколку места во светот. Ќе пешачиме низ една од пештерите, а потоа се качуваме во чамец кој ќе не вози по реката внатре во пештерите и ќе не изнесе на другата страна.

Сместување

La Maestranza - Havana или Casa Particulares - Havana 1 ноќ

Место

  • Хавана

Факултативни излети

Овој ден е резервиран за најавантуристичкото искуство во Куба! Започнуваме со возење до провинцијата Пинар дел Рио, каде се наоѓа местото Las Terrazas -- најважнaтa природни убавини на Куба. По пристигнувањето нашите домаќини не чекаат со коктел за добредојде. Потоа следи посета на плантажите за кафе - Буенависта, каде имаме прилика да научиме нешто повеќе за традицијата на одгледување на кафе во Куба. Продолжуваме со искуство кое никогаш нема да го заборавите -- ziplining! Има вкупно три ziplines кои поминуваат над бујните шуми, плантажите на кафе, езерото San Juan или селото Las Terrazas. Пешачиме по главните улици на заедницата, се дружиме со топлите и гостољубиви локалци, а по ручекот, одиме да се бањаме во кристално чистите води на езерото San Juan, кое е опкружено со зимзелена шума. По излетот се враќаме во Хавана.

Сместување

Casa Particulares - Havana или La Maestranza - Havana 1 ноќ

Место

  • Хавана

Факултативни излети

Напуштање на сместувањето и трансфер до Варадеро. Варадеро е едно од најпознатите летувалишта во овој дел на светот. Прекрасна бела песочна плажа долга 20км за совршена авантура на Карибите! По check in во хотелот, уживаме и одмораме во магијата на ова прекрасно место. 

Превоз

  • Трансфер од Хавана до Варадеро

Сместување

Grand Memories Resort 5* - Varadero 1 ноќ

Место

  • Варадеро

Храна

  • All inclusive × 1

Слободен ден за уживање во магијата на Кариби! Сончање, пливање, масажи и коктели на една од најубавите плажи (според Tripadvisor) на #целсвет... вистински тропски рај!

Сместување

Grand Memories Resort 5* - Varadero 1 ноќ

Место

  • Варадеро

Храна

  • All inclusive × 1

Факултативен излет - Фармата на крокодили и Guama snorkeling. Ја посетуваме фармата на крокодили одговорна за зачувување и размножување на овој вид животно кое претставува симбол на овој регион. После продолжуваме на ручек во Пунта Периџа, одиме на нуркање и уживаме во магијата на Карипското море.

Сместување

Grand Memories Resort 5* - Varadero 1 ноќ

Место

  • Варадеро

Храна

  • All inclusive × 1

Факултативни излети

Факултативен излет – Seafari Cayo Blanco. Незаборавно пловење со катамаран по Карибите. Уживање во рајските плажи и snorkeling. Дегустацијата на морските специјалитети со open bar на нашиот брод во ритамот на кубанската музика.

Сместување

Grand Memories Resort 5* - Varadero 1 ноќ

Место

  • Варадеро

Храна

  • All inclusive × 1

Факултативни излети

Напуштање на сместувањето и трансфер до аеродром. Утрински лет од Хавана до Истанбул.

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Хавана – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Варадеро
  • Хавана
  • Истанбул

Пристигнување во Истанбул. Преседнување на лет за Скопје. Пристигнување во Скопје во вечерните часови. Крај на патувањето.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Истанбул
  • Скопје

Поаѓања и цени

За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€ (12.400,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци.

Што е вклучено

Сместување

La Maestranza - Havana Пример или Casa Particulares - Havana Пример 5 ноќи
Grand Memories Resort 5 - Varadero Пример 4 ноќи

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Хавана (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Трансфер од Хавана до Варадеро
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Хавана – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Храна

4 × All inclusive

Не е вклучено

  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Виза за Куба која изнесува 15€ по патник.

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Разглед на Централна и Стара Хавана и Возење со Кабриолети

Разглед на Централна и Стара Хавана и Возење со Кабриолети
Цена: 55,00 EUR

Поаѓаме на факултативен разглед на Хавана. Прво ги посетуваме деловите на Централна Хавана кои се под заштита на УНЕСКО и се запознаваме со начинот на живот на Кубанците. Пазари, играње домино на улица, деца кои сакаат да се сликаат, а чии насмевки не можеме да ги одбиеме. Ќе ги видиме четрите главни плоштади на Хавана, а потоа ќе се упатиме према Стара Хавана. Панорамскиот разглед го започнуваме во кабриолети со кои ќе ги посетиме најзначајните делови на градот, а на крајот ќе направиме “фотки“ кои никогаш нема да ги заборавиме.

Куќата на Хемингвеј и Playas del Este (Santa Maria)

Куќата на Хемингвеј и Playas del Este (Santa Maria)
Цена: 45,00 EUR

Ернест Хемингвеј еден од најславните писатели на XX век, поминал дел од својот живот уживајќи во својата куќа недалеку од Хавана. Ја посетуваме куќата каде се запознаваме со неговиот интересен живот. Дали сте знаеле дека чувал повеќе од 40 мачки? Дека учествувал во 4 војни? Дека гробовите на неговите кучиња се наоѓаат баш на имотот кој ќе го посетиме? Нема да ви откриеме сѐ, но точно е дека Хемингвеј бил многу интересна личност и дека зад себе има оставено многу големи дела. Во куќата се наоѓа и колекција на неговите книги и од таа причина не може да се влезе, но целосните простории се гледаат низ вратата и прозорците. Потоа одиме да пливаме во прекрасните карипски води. Плажите кои се простираат на речиси шест километри се популарни како меѓу туристите, така и меѓу локалците. Идеално место за одмор и уживање на само половина час возење од Хавана. Во цената на излетот е вклучено: претставник од агенцијата, влезница во музеј и трансфери до музејот, плажата и назад до сместувањето.

Вињалес

Вињалес
Цена: од 70,00 EUR до 75,00 EUR

Долината Вињалес е позната по својот извонреден пејзаж и позната по традиционалните методи на земјоделство, особено за тутун кои останале непроменети и како таква се наоѓа под заштита на UNESCO. Целиот регион ја чува својата богата традиција преточена во архитектурата, во своите занаети и начинот на живот. Посетата на Вињалес ќе нѝ помогне подобро да се запознаеме со руралната околина и со прекрасната природа. Вињалес го красат шарени куќички, како и планините Моготес (Mogotes). Од Хавана е оддалечена 184 km, а патувањето до таму го дополнуваме со попатно застанувањe на местото Лас Баригонас (Las Barrigonas), познато по прочуените “Трудни палми“. Тоа се посебен вид на палми карактеристични само за Куба. Првата станица во Вињалес е секако Индијанската пештера, која ја разгледуваме со локален водич. На моторни чамци ја разгледуваме внатрешноста на пештерата и го фотографираме прекрасниот премин од пештерата во природата. Заедно продолжуваме кон познатата долина на тутунот, каде учиме како се обработува тутунот и се подготвува за правење на цигари. Посетуваме локална кубанска куќа во која домаќинот нѝ покажува како се изработуваат цигари, а и ние самите ќе имаме можност да пробаме. Доколку имаме желба можеме заедно да одиме до еден од прекрасните палачари и да пробаме вистинска локална храна. При враќањето во Хавана застануваме на видиковец од кој има најубав поглед на долината Вињалес и планините Моготес. Идеално место за фотографии. Цената на излетот вклучува превоз, влезница за пештерата, локален водич и посета на локална куќа.

Las Terrazas Zip-lining

Las Terrazas Zip-lining
Цена: 75,00 EUR

Овој ден го започнуваме со возење до провинцијата Пинар дел Рио, каде се наоѓа местото Las Terrazas. Las Terrazas e најважнaтa природни убавини на Куба, која УНЕСКО ја има прогласено за биосферен резерват. По пристигнувањето нашите домаќини не чекаат со коктел за добредојде на имотот на Ранчо Курухеј (Rancho Curujey). Потоа следи посета на плантажите за кафе - Буенависта, делумно обновена плантажа од 19-ти век, каде имаме прилика да научиме нешто повеќе за традицијата на одгледување на кафе во Куба. Продолжуваме со искуство кое никогаш нема да го заборавите -- ziplining! Las Terrazas е единственото место со zipline на Куба. Има вкупно три ziplines кои поминуваат над бујните шуми, плантажите на кафе, езерото San Juan или селото. Пешачиме по главните улици на комуната, се дружиме со топлите и гостољубиви локалци, а по ручекот, одиме да се бањаме во кристално чистите води на езерото San Juan, опкружено со зимзелена шума. Се враќаме во Хавана. Последна ноќ на Куба, се поздравуваме со новите пријатели и ги повторуваме салса чекорите кои ги научивме!

Фармата на крокодили и Guama Snorkeling

Фармата на крокодили и Guama Snorkeling
Цена: 95,00 EUR

Посета на фармата на крокодили, која е позната по одгледување и размножување на различни видови крокодили, кои претставуваат симбол на регионот. Продолжуваме до местото Punta Perdiz каде не очекува ручек и слободно време за нуркање во Карипското море, а потоа враќање. 

Во цената на излетот е вклучено: трансфери, преставник од агенцијата, ручек.

Seafari Cayo Blanco

Seafari Cayo Blanco
Цена: 95,00 EUR

На овој излет се возиме со катамаран и ја чувствуваме магијата на кубанското море. Нуркање (согласно морските услови) и истражување на бајковитиот морски свет. Пристигнување во Cayo Blanco, слободно време за уживање во неговите рајски плажи. Вкусен ручек покрај море со разновидно морско мени. Не очекува Open bar и забава на брод пред враќањето во сместувањето. Во цената на излетот е вклучено: трансфери, претставник од агенцијата, ручек.

Сместување

La Maestranza - Havana Boutique Hotel

La Maestranza - Havana
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

La Maestranza Havana е сместувачки објект во центарот на Хавана. Сместувањето располага со двокреветни соби со сопствен тоалет и клима уред. Услугата е на база ноќевање.

Вебсајт https://lamaestranzahabana.com/

Адреса Cuba street #82
b/ Chacón and Cuarteles
Old Havana

Casa Particulares - Havana

Casa Particulares - Havana
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Guesthouse или Casa Partuculares на Куба е сместувачки објект кој го поседуваат кубански семејства. Наменет е за туристи кои би сакале да ја доживеат Куба на автентичен начин. Собите се двокреветни и сите соби имаат сопствен тоалет. Собите може да имаат прозори кои гледаат према надвор, или внатрешни прозори кои се типични за овој дел од светот, како би се избегнала “галамата“ од улица. Овие сместувачки објекти се исклучително чисти. Истите се главен извор на приход на семејствата кои ги поседуваат, а семејствата се 100% ангажирани да го направат Вашиот престој најкомфорен што може. Овие “каси“ кои ние ги букираме се наоѓаат на одлични локации.

Grand Memories Resort 5* - Varadero

Grand Memories Resort 5* - Varadero
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Grand Memories Varadero е сместувачки објект со 5* (по локална категоризација) кој се наоѓа на најубавата плажа во Куба, а и една од најегзотичните на #целсвет (според TripAdvisor). Grand Memories располага со повеќе базени, waterslides, различни ресторани (кој служат разновидна храна -- италјанска, американска, кубанска итн.), центар за анимација, повеќе барови (beach бар, sports бар, pool бар итн.), фитнес и спа центри во својот комплекс. Се сместуваме во двокреветни соби со сопствен тоалет. Сите соби располагаат со телевизор, минибар и бесплатен Wi-Fi интернет.

Услугата е на база ноќевање со all-inclusive!

Вебсајт https://www.memoriesresorts.com/resort/grand-memories-varadero

Адреса Punta Hicacos
Km 18.5
Autopista Sur
Varadero
Cuba

Останати поаѓања за Куба

Прашања, одговори и искуства

Скоро сите хотели и хостели во Куба се под сопственост на државата, а повеќето се прескапи за квалитетот и услугата што ја добивате во истите. 

Casa Particulares се разликува од хостел или хотел по тоа што е куќа која е во приватна сопственост. Домаќините на касите плаќаат на владата за привилегијата да ги изнајмуваат нивните куќи на туристи, со тоа што целиот профит заработен од вашиот престој иде директно кај домаќините. Значи, ако се одлучите за casa particulares, можете да бидете сигурни дека вашите пари директно подржуваат кубанско семејство.

Сите каси се опремени со приватен тоалет, вентилатор или клима, удобни кревети, фрижидер, а некои од нив имаат сеф и фен за коса. Собите може да имаат прозори кои гледаат према надвор, или внатрешни прозори кои се типични за овој дел од светот, како би се избегнала “галамата“ од улица. Нашите домаќини често се грижат за хигиената на нашата соба! Истите се главен извор на приход на семејствата кои ги поседуваат, а семејствата се 100% ангажирани да го направат Вашиот престој најкомфорен што може.


Валутата на Куба е песос (CUP). Отприлика 1€ = 26CUP.  

Еве што треба да очекувате за:

  • Шише безалкохолна пијачка или шише вода = 0.5-1€
  • Кафе = 1€
  • Коктел = 2-5€
  • Оброк за двајца во ресторан = 25€
  • Еден час интернет = 1€

Ова прашање е индивидуално и има разлика од лице до лице но и од должината на траење на програмата. Вие ги знаете вашите навики за трошење подобро од нас, затоа ве молиме буџетирајте соодветна сума за работи како што се оброци, пијалоци, шопинг, активности и сл. Проверете дали сте ги прочитале детално нашиот план и програма за да знаете што е вклучено во цената на патувањето и што можеби ќе треба да платите додека патувате.


Суптропската клима на Куба е идеална за патување преку цела година. Јуни, јули и август се обично најтоплите месеци - сувата сезона трае од ноември до април, а влажната сезона од мај до октомври. Дури и во "влажната сезона", врнежите се прилично кратки и обично врне во раните утрински или вечерните часови. Па затоа ова не би требало да влијае на вашите планови!

По детално за времето на Куба можете да прочитате на следниот линк: https://www.jungletribe.mk/blog/dali-na-kuba-mozhe-da-se-patuva-preku-cela-godina


За сите кои патуваат со македонски пасош, виза за Куба НЕ Е ПОТРЕБНА за престој помалку од 90 дена.


За влез во Куба (Cuba) не е потребна вакцина, но секако Ве советуваме за истото да се посоветувате со институтот за јавно здравје и да проверите.


Во близина на Хавана (околу 15 километри од центарот) се наоѓа познатата плажа Playa del Este, или Santa Maria del Mar, која излегува на истиот брег на Карипско море, каде што излегува и Варадеро. Бел песок, палми и тиркизна вода. Тука ги поминуваме деновите кога сакаме да бидеме на плажа. Факултативно го посетуваме и Варадеро - најпознатото летувалиште на Куба,


Од храна препорачуваме да пробате:
1. Ropa vieja - ситно сецкано говедско или свинско во комбинација со зеленчук, црн грав и ориз. Дефинитивно must-try кубански деликатес!
2. Tostones - пржена банана полнета со кашкавал и шунка. Можеби Ви звучи чудно, но ветуваме дека е превкусно.
3. Camarrones - ракчиња со лук и енчилада сос.
4. Flan - колач од млеко и карамела.


Куба (Cuba) е безбедна земја и поради нејзиното државно уредување стапката на криминал е многу ниска. Всушност Куба е една од најбезбедните држави на западната хемисфера. Како и во било кој европски град, и во Куба се препорачува внимание од ситни кражби и џепарења, иако дури и тие се ретки. Прошетките по улиците и ноќните излегуваања се безбедни. 

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Корисни информации поврзани со Ковид-19 и услови за патување и влез во државата

За патување на Куба не е потребно ниту сертификат за вакцинација, ниту негативен ПЦР или АНТИГЕН тест за Ковид-19!

Сите патници пред патувањето мораат да ja пополнат и следнава форма: https://dviajeros.mitrans.gob.cu/inicio

При влез во земјата се мери температура на сите патници. Доколку некој патник има симптоми на Ковид-19, истиот може да биде подложен и на дополнителен тест за Ковид-19 на аеродромот во Хавана. Трошокот за овој тест го сноси патникот. Патниците со позитивен резултат мора да останат во карантин, во објекти за таа намена, назначени од локалните власти. Трошокот за лечење, карантин и продолжениот престој во сместувањето, во случај на позитивен тест, го сноси патникот.

Ве молиме сите овие информации, пред патување, уште еднаш проверете ги со претставници на нашата агенција. Агенцијата не сноси одговорност во случај на погрешни информации наведени на нашиот сајт, поради промена на регулативата за влез во државата, од моментот на објавување на овие информации, до моментот на патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.