Куба Либре (Хавана и Тринидад)

Куба Либре (Хавана и Тринидад)

цена од
1.549
EUR ,00
сега од
1.399
EUR ,00
траење
12 дена
Пријави се Барање
Барање

Замислувате некој остров? Прва помисла - тиркизна вода и сонце над палмите на Кариби. Тогаш се појавува насмеан народ на кого му се доволни салса, мохито и пури, за еден магичен и среќен живот. Куба (Cuba)! 

Ве носиме на Куба (Cuba) - необичен остров каде комунизмот сеуште живее. Доколку се сеќавате на животот во златните години на Југославија, односно сте слушале како некој од повозрасните со чувство на носталгија раскажува за овој изминат и веќе далечен период - имате прилика да се вратите низ времето, и место на Балкан, можете да ја почувствувате оваа енергија на егзотичен Карипски остров.

Модернизацијата во Куба престанува на крајот на 50-тите години кога САД воведува ембарго врз оваа мала Карипска држава. Патувањето на Куба е буквално патување низ времето. Низ улиците се возат автомобили (сега old timer-и) од 50-тите години на минатиот век, кои до почетокот на ембаргото се увезувале од Америка. Во 1956-та година, на Куба имало регистрирано околу 150.000 автомобили, 70 години подоцна, повеќе од 50% од нив сеуште се во возна состојба. Нема билборди, реклами, модерни згради, интернет на секој чекор, Zara, полни супермаркети и слично. Вистински "quest" на Куба е да најдете да купите четкица за заби или фарба за коса - работи кои ги земаме здраво-за-готово во модерниот свет. 

Ја разгледуваме Хавана (Havana), ги посетуваме најпознатите туристички места, но истражуваме и квартови во кои нема туристички атракции, места каде живеат Кубанци и во кои владее неверојатна атмосфера... Ќе одиме во мали салса кафулиња во кои влегуваат улични музичари и бендови и свират додека публиката ги бодри со насмевки, аплаузи или песози.

Нé очекува возење со стари автомобили од '50-тите, ветар во коса и звуците на салса! Пиеме мохито во Бодегита Дел Медио и даикири во Ел Флоридита - омилените места на Хемингвеј.

Ќе уживаме во тропските плажи и кокосово млеко во Варадеро, ќе учиме како се прави тутун во Вињалес и ќе дознаеме нешто повеќе за животот на Ернест Хемингвеј во прошетката низ неговата куќа. 

Ќе јадеме морски плодови, печени банани и останати специјалитети во “casa particulares” каде љубезните домаќини ќе ни кажуваат приказни за Куба и ќе не учат шпански!

Потоа авантурата ја продолжуваме во Тринидад (Trinidad). Стари куќи и камени улици во колонијален стил. Викенд пазар на кој се дели бесплатно пиво на локалци, но понекогаш и на туристи. Танцување на улица и посета на Casa de la Musica и Casa de la Trova! Јавање коњи, прошетка во националниот парк, бањање на водопадите, локалните селца, Карипското море... Лежерни денови исполнети со уживање на плажата Ancon. Нуркање и бањање преку ден и тропски ноќи прошарани со музика под полна месечина. Прошетка во Santa Clara и меморијалниот споменик на Че Гевара, разгледување на Cienfuegos...

Насмеаното племе Ве носи на уште едно незаборавно патување на Куба. 

12 дена враќање во минатото, гласна музика, насмевки, ветар во коси, сонце, плажа, разиграни деца, насмеани луѓе, луди излегувања и желба што поскоро да се вратиме на ова магично место. 

Viva la Cuba!

Во цената на аранжманот се вкучени посети на двата најавтентични градови на Куба -- Santa Clara и Cienfuegos. Во Санта Клара ги посетуваме местата каде што завршила кубанската револуција и мавзолејот на Че Гевара! Додека во Сиенфуегос ги посетувамe најавтентичните палати и плоштади заштитени од УНЕСКО!


Рута
Скопје
Истанбул
Хавана
Тринидад
Хавана
Истанбул
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Guesthouse
Организатор
Jungle Travel d.o.o. Beograd, Србија
Дестинации
Куба
Код на патување
CU27
Тежина
Погодно за деца
Да

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања

Состанок на патниците на Mеѓународниот Аеродом во Скопје два часа пред лет. Лет од Скопје за Истанбул во 20:50h (TK1006). Пристигнување во Истанбул во 23:25h по локално време. 

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Скопје
  • Истанбул

Преседнување на лет за Хавана (Havana) во 02:10h (TK183). Пристигнување во Хавана во 07:45h. Трансфер од аеродромот до сместувањето. Првиот ден на Куба одмораме, уживаме и се запознаваме со магијата на Кариби. Можност за посета на плажата Дон Пепе која се наоѓа на 15км од Хавана. Се забавуваме со коктел во рака и латино ритам и уживаме во тиркизното Карипско море и бел песок.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Хавана (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување

Сместување

Casa Particulares - Havana 1 ноќ

Место

  • Хавана

Поаѓаме на факултативен разглед на Хавана. Прво ги посетуваме деловите на Централна Хавана кои се под заштита на УНЕСКО и се запознаваме со начинот на живот на Кубанците. Пазари, играње домино на улица, деца кои сакаат да се сликаат, а чии насмевки не можеме да ги одбиеме.. Ќе ги видиме четрите главни плоштади на Хавана, а потоа ќе се упатиме према Стара Хавана. Панорамскиот разглед го започнуваме во кабриолети со кои ќе ги посетиме најзначајните делови на градот, а на крајот ќе направиме “фотки“ кои никогаш нема да ги заборавиме.

Сместување

Casa Particulares - Havana 1 ноќ

Место

  • Хавана

Факултативни излети

Факултативен излет Вињалес - Рурална Куба. Ги посетуваме плантажите за тутун и шеќерна трска, сушарите за тутун, а потоа одиме во куќата на едно семејство кое живее во ова село, кадешто нашиот домаќин ќе ни покаже како се прават кубанските цигари, а домаќинката ќе ни подготви кафе од тукушто набрани зрна од околината. По ручекот во локалниот ресторан одиме на разгледување на Индијанските пештери кои се под заштита на УНЕСКО заради тоа што се изградени од тип на карпи кои ги има само тука и уште на неколку места во светот. Ќе пешачиме низ една од пештерите, а потоа се качуваме во чамец кој ќе не вози по реката внатре во пештерите и ќе не изнесе на другата страна.

Сместување

Casa Particulares - Havana 1 ноќ

Место

  • Хавана

Факултативни излети

Факултативен излет– Варадеро (Varadero). Пред да ја посетиме една од најубавите плажи на Карибите, ќе ја посетиме пештерата Saturno во која ќе имаме прилика и да се искапеме. Потоа продолжуваме кон плажата Варадеро каде ќе уживаме во белиот песок и кристалното море. 

Сместување

Casa Particulares - Havana 1 ноќ

Место

  • Хавана

Факултативни излети

Напуштање на сместувањето во Хавана и трансфер до Сиенфуегос (Sienfuеgos), град изграден во француски стил. Го разгледуваме градот, се шетаме по главното шеталиште, го разгледуваме главниот плоштад со триумфалната капија (единствена на Куба), се возиме покрај Пунта Горда (Punta Gordа), елитна населба покрај брегот на морето, ја посетуваме палатата Ваље - која била некогашна коцкарница во времето на Батиста... Вистински времеплов! Потоа се упатуваме кон Тринидад (Trinidad). Мало филмско место кое е под заштита на УНЕСКО заради сите зачувани објекти од колонијалниот период. Се сместуваме, a вечерта одиме во кубански клуб во пештера, танцуваме цела ноќ на најпознатите латино хитови! 

Превоз

  • Трансфер од Хавана до Сиенфуегос и Тринидад

Сместување

Casa Particulares - Trinidad 1 ноќ

Место

  • Тринидад

Факултативни излети

Градот Тринидад е основан во почетокот на 16тиот век. Шарениот град ја задржал својата автентичност и се смета за најсочуван град на Куба. Го разгледуваме познатиот плоштад Plaza Mayor, Casa de la Musica, местото на собирање на локалците, Музејот на борбата, Историскиот музеј и многу други знаменитости на Тринидад. Едночасовното шетање низ градот го завршуваме со посета на една од најубавите плажи на карипското море -- плажата Анкон. Прекрасна песочна плажа сместена на истоимениот полуостров.

Сместување

Casa Particulares - Trinidad 1 ноќ

Место

  • Тринидад

Факултативни излети

Авантурата ја започнуваме со незаборавно пловење со катамаран по Карибите. Попатно застануваме и нукраме на прекрасен корален гребен -- го бараме немо :). Продолжуваме кон нашиот остров, во меѓувреме на нашиот катамаран си пуштаме музика и пиеме по некоја пијачка. Пристигнуваме на островот Cayo Blanco, каде уживаме на преубавата плажа со тикизна вода и снежно бел песок додека понекогаш друштво ни прават домородците на овој остров, како игуани, hermit crabs и сл. По целодневното уживање на овој карипски рај се враќаме во Тринидад.

Сместување

Casa Particulares - Trinidad 1 ноќ

Место

  • Тринидад

Факултативни излети

Рано наутро го напуштаме нашето сместување и се упатуваме на незаборавна авантура за сите љубители на природа -- го посетуваме националниот парк Guanyara. Паркот се наоѓа на планината Topes de Collantes. До самата планина стигнуваме со руски отворен камион од кој совршено можеме да ја видиме и да ја доловиме целата природа. Започнува нашата авантура - пешачиме по шумите, уживаме во прекрасната природа, водопади, висечки мостови, се запознаваме со тропски растенија и необични птици. Ако имаме среќа, овде ќе ја видиме и најмалата птица на светот која живее на Куба - Пчелестото колибри. Некаде на половина пат не очекува вистинско изненадување, капење во природен извор и водопад, идеално освежување по планинарењето. По напорниот ден, се враќаме во Тринидад.

Сместување

Casa Particulares - Trinidad 1 ноќ

Место

  • Тринидад

Факултативни излети

Го напуштаме сместувањето и се упатуваме кон Санта Клара (Santa Clara), е значаен по тоа што е местото каде завршила кубанската револуција и овде го посетуваме меморијалниот споменик посветен на Че Гевара, неговиот гроб и музејот со колекција на негови лични предмети. Потоа се враќаме во Хавана. Имаме слободно попладне за купување на сувенири, шетање низ Хавана и уживање во некои од плоштадите со звуците на кубанската музика во позадина или можност за уживање на плажите во непосредна близина на Хавана. Се забавуваме со коктел во рака и латино ритам и уживаме во тиркизното Карипско море и бел песок. Последна ноќ на Куба, поздравување со новите пријатели и прилика да се утврдат научените салса чекори!

Превоз

  • Трансфер од Тринидад до Санта Клара и Хавана

Сместување

Casa Particulares - Havana 1 ноќ

Место

  • Хавана

Факултативни излети

Напуштање на сместувањето и трансфер до аеродром. Лет од Хавана до Истанбул во 09:10h. (TK183). 

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Хавана – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Хавана
  • Истанбул

Пристигнување во Истанбул во 08:30h. по локално време. Преседнување на лет за Скопје во 19:35 часот (TK1005). Пристигнување во Скопје во 20:00h. . Крај на патувањето.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Истанбул
  • Скопје

Поаѓања и цени

Во овој момент немаме поаѓања за оваа тура.

Што е вклучено

Сместување

Casa Particulares - Havana Пример 5 ноќи
Casa Particulares - Trinidad Пример 4 ноќи

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Хавана (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Трансфер од Хавана до Сиенфуегос и Тринидад
  • Трансфер од Тринидад до Санта Клара и Хавана
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Хавана – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Не е вклучено

  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Разглед на Централна и Стара Хавана и Возење со Кабриолети

Разглед на Централна и Стара Хавана и Возење со Кабриолети
Цена: 55,00 EUR

Поаѓаме на факултативен разглед на Хавана. Прво ги посетуваме деловите на Централна Хавана кои се под заштита на УНЕСКО и се запознаваме со начинот на живот на Кубанците. Пазари, играње домино на улица, деца кои сакаат да се сликаат, а чии насмевки не можеме да ги одбиеме. Ќе ги видиме четрите главни плоштади на Хавана, а потоа ќе се упатиме према Стара Хавана. Панорамскиот разглед го започнуваме во кабриолети со кои ќе ги посетиме најзначајните делови на градот, а на крајот ќе направиме “фотки“ кои никогаш нема да ги заборавиме.

Вињалес

Вињалес
Цена: од 70,00 EUR до 75,00 EUR

Долината Вињалес е позната по својот извонреден пејзаж и позната по традиционалните методи на земјоделство, особено за тутун кои останале непроменети и како таква се наоѓа под заштита на UNESCO. Целиот регион ја чува својата богата традиција преточена во архитектурата, во своите занаети и начинот на живот. Посетата на Вињалес ќе нѝ помогне подобро да се запознаеме со руралната околина и со прекрасната природа. Вињалес го красат шарени куќички, како и планините Моготес (Mogotes). Од Хавана е оддалечена 184 km, а патувањето до таму го дополнуваме со попатно застанувањe на местото Лас Баригонас (Las Barrigonas), познато по прочуените “Трудни палми“. Тоа се посебен вид на палми карактеристични само за Куба. Првата станица во Вињалес е секако Индијанската пештера, која ја разгледуваме со локален водич. На моторни чамци ја разгледуваме внатрешноста на пештерата и го фотографираме прекрасниот премин од пештерата во природата. Заедно продолжуваме кон познатата долина на тутунот, каде учиме како се обработува тутунот и се подготвува за правење на цигари. Посетуваме локална кубанска куќа во која домаќинот нѝ покажува како се изработуваат цигари, а и ние самите ќе имаме можност да пробаме. Доколку имаме желба можеме заедно да одиме до еден од прекрасните палачари и да пробаме вистинска локална храна. При враќањето во Хавана застануваме на видиковец од кој има најубав поглед на долината Вињалес и планините Моготес. Идеално место за фотографии. Цената на излетот вклучува превоз, влезница за пештерата, локален водич и посета на локална куќа.

Варадеро

Варадеро
Цена: 65,00 EUR

Дваесетте километри прашкасто бел песок и тиркизната сина боја на морето направиле Варадеро да стане една од најпознатите плажи на Карибите. Од таа причина, се упатуваме од Хавана кон Варадеро на еднодневен излет и уживање. Карипското тиркизно море колку што е прекрасно на површината е уште поубаво во длабочината. На пат до Варадеро ја посетуваме и се бањаме во пештерата Сатурно (Saturno). Пештера со слатка чиста вода со длабочина и до 20 метри која дефинитивно вреди да се посети. Одиме на плажа во Варадеро каде единствено што нѝ преостанува е потполно да се опуштиме и уживаме. Целиот излет не би била целосен без зајдисонцето и коктелите во кои може да уживаме на видиковецот Bacunayagua каде погледот нѝ го красат зелените кралски палми и највисокиот мост на Карибите. Во цената на излетот е вклучено: трансфери, влез во пештерата, претставник од агенцијата.

Santa Clara и Cienfuegos

Santa Clara и Cienfuegos

ИЗЛЕТИ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ!

Santa Clara -- Санта Клара е град во кој можеме одблиску да се запознаеме со револуцијата. На влезот во градот има мавзолеј, меморијален комплекс во кој се наоѓа гробот на Че Гевара како и предмети кои ги користел во текот на својот живот. По посетата на мавзолејот продолжуваме кон центарот на градот. Центарот на Санта Клара навистина ја чува целата историја за која ќе слушнеме нешто повеќе на овој излет. Ќе го посетиме споменикот на Tren Blindado и ќе се запознаеме со архитектурата на овој живописен град. 

Cienfuegos -- Сиенфуегос е колонијален град основан во 1819. година од стрaна на француски велепоседници, познат по својата прекрасна архитектура кој се наоѓа на карипскиот брег во јужно-централна Куба. Овој град од 2005. година се наоѓа на листата на  на UNESCO на светско културно наследство. Ја посетуваме Palacio del Valle, палатата од која се нуди прекрасен поглед на заливот. Украсена е со симболи на маварската архитектура, улицата Прадо, Малекони - историскиот центар на Сиенфуегос. 

Во излетите се вклучени: превоз, влезници во Palacio de Valle и мавзолејот на Че Гевара и услугите на претставникот од агенција.

Тринидад City Tour и Плажата Анкон

Тринидад City Tour и Плажата Анкон
Цена: 45,00 EUR

Градот Тринидад е основан во почетокот на 16тиот век. Шарениот град ја задржал својата автентичност и се смета за најсочуван град на Куба. Го разгледуваме познатиот плоштад Plaza Mayor, Casa de la Musica, местото на собирање на локалците, Музејот на борбата, Историскиот музеј и многу други знаменитости на Тринидад. Едночасовното шетање низ градот го завршуваме со посета на една од најубавите плажи на карипското море -- плажата Анкон. Прекрасна песочна плажа сместена на истоимениот полуостров.

Cayo Blanco (Trinidad)

Cayo Blanco (Trinidad)
Цена: 75,00 EUR

Авантура на Cayo Blanco, малечко островче како мал рај среде Карипско море, без асфалтирани улици, автомобили, бука и масовен туризам. кое го красат бел песок, тиркизно море и палми. Пловиме со катамаран по тиркизното Карипско море со коктели во рака додека не милува карипското сонце и се забавуваме на бродот. Во близина на островот се наоѓа корален гребен кој ќе имаме прилика да го истражиме со нуркање и ќе се запознаеме со водниот свет. Кога ќе завршиме со нуркање продолжуваме кон островот. Пристигнуваме на нашиот остров и не воудушевува кристално чистата тиркизна вода со бел песок и песочни насипи среде море кои наѕираат во бескрајното синило.


Во цената е вклучено: пијачки на катамаранот, ручек, сите трансфери и услугите на претставникот од агенција.

Guanayara Trekking

Guanayara Trekking
Цена: 65,00 EUR

Излет за вистинските љубители на природата. Guanyara паркот се наоѓа на планината Topes de Collantes. До самата планина стигнуваме со руски отворен камион од кој совршено можеме да ја видиме и да ја доловиме целата природа. Нашето прво застанување е видиковецот од кој се гледа Тринидад, Карипското Море и шеќерната долина. Со камиончето продолжуваме до Casa de la Café, музејот на кафето. Локалниот водич нѝ раскажува за традиционалното производство на кафе и нѝ ги покажува направите кои некогаш се користеле. По дегустацијата на кафе, продолжуваме понатаму до паркот и нашата прошетка и авантура може да започне. Доколку имаме среќа може да видиме и Tocororo, националната птица на Куба. Прошетката низ паркот е прилагодена за сите возрасти и е долга 4km, а на половина пат правиме пауза и се освежуваме во природен базен, а потоа продолжуваме покрај реката Guanayarа

Во цената на излетот е вклучен: водич, превоз и ручек.

Сместување

Casa Particulares - Havana

Casa Particulares - Havana
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Guesthouse или Casa Partuculares на Куба е сместувачки објект кој го поседуваат кубански семејства. Наменет е за туристи кои би сакале да ја доживеат Куба на автентичен начин. Собите се двокреветни и сите соби имаат сопствен тоалет. Собите може да имаат прозори кои гледаат према надвор, или внатрешни прозори кои се типични за овој дел од светот, како би се избегнала “галамата“ од улица. Овие сместувачки објекти се исклучително чисти. Истите се главен извор на приход на семејствата кои ги поседуваат, а семејствата се 100% ангажирани да го направат Вашиот престој најкомфорен што може. Овие “каси“ кои ние ги букираме се наоѓаат на одлични локации.

Casa Particulares - Trinidad

Casa Particulares - Trinidad
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Guesthouse или Casa Partuculares на Куба е сместувачки објект кој го поседуваат кубански семејства. Наменет е за туристи кои би сакале да ја доживеат Куба на автентичен начин. Собите се двокреветни и сите соби имаат сопствен тоалет. Собите може да имаат прозори кои гледаат према надвор, или внатрешни прозори кои се типични за овој дел од светот, како би се избегнала “галамата“ од улица. Овие сместувачки објекти се исклучително чисти. Истите се главен извор на приход на семејствата кои ги поседуваат, а семејствата се 100% ангажирани да го направат Вашиот престој најкомфорен што може. Овие “каси“ кои ние ги букираме се наоѓаат на одлични локации.

Останати поаѓања за Куба

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Корисни информации поврзани со Ковид-19 и услови за патување и влез во државата

За патување на Куба не е потребно ниту сертификат за вакцинација, ниту негативен ПЦР или АНТИГЕН тест за Ковид-19!

Сите патници пред патувањето мораат да ja пополнат и следнава форма: https://dviajeros.mitrans.gob.cu/inicio

При влез во земјата се мери температура на сите патници. Доколку некој патник има симптоми на Ковид-19, истиот може да биде подложен и на дополнителен тест за Ковид-19 на аеродромот во Хавана. Трошокот за овој тест го сноси патникот. Патниците со позитивен резултат мора да останат во карантин, во објекти за таа намена, назначени од локалните власти. Трошокот за лечење, карантин и продолжениот престој во сместувањето, во случај на позитивен тест, го сноси патникот.

Ве молиме сите овие информации, пред патување, уште еднаш проверете ги со претставници на нашата агенција. Агенцијата не сноси одговорност во случај на погрешни информации наведени на нашиот сајт, поради промена на регулативата за влез во државата, од моментот на објавување на овие информации, до моментот на патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е JUNGLE TRAVEL од Србија со лиценца OTP 162/2020.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА JUNGLE TRAVEL D.O.O. од Белград.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ускладени со YUTA  стандардот.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, JUNGLE TRAVEL, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. Jungle Travel не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.

Во согласност со одредбите од Законот за туризам на Република Србија, Организаторот на патувањето има депозит во висина од 7500,00 ЕУР и гаранција за патување за категорија на лиценца А35 во висина од 350.000,00 ЕУР, која во случај:

А) на инсолвентност на Организаторот на патувањето, се обезбедуваат: 
1. трошоци за нужно сместување, исхрана и враќање на патниците од патувањето, до местото на поаѓање во земјата и странство, 
2. побарување на уплатените средства на Патниците по основ на Договорот за туристичку патување, кое Организаторот на патувањето не го реализирал, 
3. побарувања на уплатените средства на Патниците во случај на откажување на патувањето од страна на Патниците, во согласност со Општите Услови за Патување, 
4. побарување на разликите меѓу уплатените средства по основ на Договор за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршување или непотполно извршување на услуги, опфатени со Програмата на патување и во случај: 

Б) Надокнади на штета која е нанесена врз Патникот со неисполнување, делумно исполнување или неуредно исполнети обврски на Организаторот на патувањето, кои се одредени со Општите услови и Програмата на патување:
1. За побарување на уплатените средства на Патникот по основ на Договор за туристичко патување кое Организаторот на патувањето не го реализирал и
2. За побарување на разлики меѓу уплатените средства по основ на Договорот за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршена, или непотполно извршени услуги кои се опфатени со Програмата на патување. 

Периодот на покритие на Гаранцијата за патување трае од датумот на нејзино издавање, па се до завршувањето на туристичкото патување, односно до враќање на Патниците на договореното одредиште. 

Гаранција по Договорот за Гаранција на патување број 0013/2020 од 10.01.2020, склучено со договарачот на осигурување - Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", Белград, ул. Кондина бр. 14, Полиса број 300067826 од 14.01.2020. Акционерско друштво за осигурување ДДОР НОВИ САД, Гаранцијата за патување се активира без одложување, односно во рок од 14 дена од денот на настанување на осигураниот случај, кај Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", +381 11 3228 686, по пишан пат или телеграма на адреса YUTA, Белград, ул. Кондина бр. 14, или на e-mail: garancijaputovanja@yuta.rs.

(Патникот своите права за надокнада на штета ги остварува врз основа на правосилни и извршни судски пресуди, односно одлуки на Арбитражниот суд или други вон-судски решенија на потрошувачки спор, во согласност со овие Општи услови и Општите услови на YUTA.)