Панама и Еквадор

Панама и Еквадор

цена од
2.399
EUR ,00
траење
13 дена
Пријави се Барање
Барање

Време е за авантура со нас во Централна и Јужна Америка.

Ги откриваме скриените места на оваа прекрасна карипска земја. Заедно ја истражуваме најголемата поморска кратенка, гледаме големи бродови како го минуваат Панамскиот канал и шетаме низ шарените улици на стариот кварт на главниот град - Панама Сити.

Неверојатниот свет на Јужна Америка во Еквадор. Ги посетуваме градовите Бањос и Кито - еден од најинтересните градови на овој континент. Ги истражуваме природните убавини, вулканите, тајните реки на Амазон, но и културните вредности, богатите шпански колонијални градови, културата на Инките и племињата од џунглата. Латиноамериканската култура на дланка.

Уникатна и незаборавна Jungle авантура

Напомена: Патувањето се реализира од Белград од Jungle Travel d.o.o. Beograd.


Рута
Белград
Истанбул
Панама Сити (Panama City)
Кито (Quito)
Бањос (Banos)
Кито (Quito)
Панама Сити (Panama City)
Истанбул
Белград

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
Jungle Travel d.o.o. Beograd, Србија
Дестинации
Јужна Америка, Кариби и Централна Америка, Панама
Код на патување
PANECU2
Тежина
Погодно за деца
Не

План и програма

Собир на патниците на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград два и пол часа пред летот. Лет од Белград во 20:10 часот (TK1084) со попатна станица во Истанбул.

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Белград-Панама Сити, во економска класа со трансфер со 23 кг чекиран и 7 кг рачен багаж

Место

  • Белград
  • Истанбул

Пристигнување во Истанбул во 00:05 часот и трансфер до летот за Панама Сити во 08:25 часот (TK800). Пристигнување во Панама Сити во 17:35 часот по локално време. Трансфер до хотел.

Превоз

  • Локален трансфер од аеродром до хотел

Сместување

Хотел во Панама Сити 1 ноќ

Место

  • Истанбул
  • Панама Сити (Panama City)

Факултативен излет – остров Тобога. Вулканскиот остров Табога е познат како „Островот на цвеќето“ и се наоѓа недалеку од брегот на Панама Сити. На оваа тура, крстариме до островот со катамаран и го поминуваме целиот ден во пливање и сончање на плажите на островот. Тропска флора, прекрасни песочни плажи, мек песок... овој остров е скапоцен камен на Панама. Враќање во сместување.

Сместување

Хотел во Панама Сити 1 ноќ

Место

  • Панама Сити (Panama City)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Денот го користиме за факултативен излет - архипелагот Сан Блас. Архипелагот Сан Блас на карипскиот брег на Панама има 365 острови и е дом на најпознатите од 7-те домородни индијански племиња во Панама - Гуните познати по своите прекрасни украси - Молас. Уживаме во кристално чиста вода додека пиеме коктели од страст или лубеница помешани со локални пијалоци како Чича Фуерте и Рон Абуело и уживаме во сонцето во карипска идила. Неверојатни подводни сцени и живописни бои. Враќање во сместување.

Сместување

Хотел во Панама Сити 1 ноќ

Место

  • Панама Сити (Panama City)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Напуштање на сместувањето и трансфер до аеродром. Лет за Кито. Слетуваме на 2850м надморска височина. Добредојдовте во главниот град на Еквадор! Главниот град кој е најблиску до екваторот и втор највисок главен град во светот. Мешавина на модерна и традиционална култура. Кито бил главен град на Шпанската империја на територијата на цела Латинска Америка. Овде ќе ги видите најголемите и најимпозантните катедрали, административните згради, луксузните фасади, кои го прават Кито еден од најинтересните градови на овој континент. Трансфер до хотел. Слободно време за истражување на градот.

Превоз

  • Transfer od hotela do aerodroma
  • Avio-kartu u ekonomskoj klasi, sa svim taksama na relaciji Panama Siti - Kito sa 20 kg čekiranog i 7 kg ručnog prtljaga
  • Lokalni transfer od aerodroma do hotela

Сместување

Hotel ** во Кито 1 ноќ

Место

  • Панама Сити (Panama City)
  • Кито (Quito)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Pichincha вулкан – полудневен излет. Авантурата ја започнуваме со возење на Telefericо/жичара до 4100м. надморска визина. Уживаме во прошетката на активниот вулкан и пејсажите кои ги скроила последната ерупција. Локалното население на шала ја поврзува ерупцијата со промената на домашната валута од Sucre во американски долар. Одиме по вулканот додека облаците ни се "мотаат" меѓу стапалата. Завршуваме на 4300м. од вкупно 4780 висина. Денот го продолжуваме со враќање во Quito и посета на Basílica del Voto Nacional. Највисоката базилика во Еквадор и Новиот Свет со своите 75м ја краси панорамата на градот, посебно со својот неоготски стил и статуи во облици на армадила, мравојади и горили кои треба да ги плашат лошите демони. Иако е започната во 80-тите години од 19-тиот век, сеуште не е завршена, а локалците велат дека со завршувањето на катедралата, доаѓа и крајот на светот. Патот го продолжуваме до брдото Panecillo на чиј врв, пред доаѓањето на конквистадорите, локалното население го обожувало Сонцето. Денес тука се наоѓа 45м. високата статуа на Богородица составена од 7000 плочки од алуминиум, која ноќе свети над градот и секако е еден од заштитните симболи на Quito

Сместување

Hotel ** во Кито 1 ноќ

Место

  • Кито (Quito)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Пазарот Otavalo – целодневен излет. Го посетуваме шарениот пазар Отавало, место каде што се испреплетуваат култури, традиционалниот начин на живот и облекување и илјадници години стари мудрости. Градот каде што живеат Отавалите, домородното население, каде жените во дупли црно-бели сукњи, долги плетенки и украсени блузи, шетаат по главниот плоштад Plaza de los Ponchos. На плоштадот се преливаат бои од текстил, џемпери од волна од алапачи, фигури на животни од Галапагос и Амазон, накит, слики и секако понча.

Сместување

Hotel ** во Кито 1 ноќ

Место

  • Кито (Quito)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Трансфер со автобус до Бањос, град опкружен со преку 60 водопади, каскадни надолу од Андите. Пред тоа, факултативно ја посетуваме прекрасната лагуна Килатоа, езеро во вулкански кратер. Се спуштаме во самиот кратер, под облаците, сè до самата вода, уживајќи во нереални сцени. По обиколката и паузата за ручек, продолжуваме до „портата на Амазон“. Бањос е совршен град за оние кои сакаат авантура и адреналин, како и за оние кои би уживале и би се одмориле. Трансфер до сместувањето и прошетка низ прекрасното колонијално гратче, релаксација на локалните пазари, капење во топлите извори...

Превоз

  • Трансфер од Кито то Бањос

Сместување

Хотел ** во Бањос 1 ноќ

Место

  • Кито (Quito)
  • Бањос (Banos)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативен излет „До крајот на светот“. Одиме во дрвена куќа на голема надморска височина од каде што се наоѓа мистериозниот вулкан Тунгурахуа, на само 2,5 километри додека лета врана, од која постојано извира чад. Ќе го доживееме „летот на кондорот“, ќе се луламе кон вулканот и ќе имаме можност да уживаме во природното богатство на овој регион. Во овој регион има феноменални водопади, а ние го посетуваме еден од најубавите и најпознатите - „Pailon del Diablo“. Назад во Бањос. Слободно време.

Сместување

Хотел ** во Бањос 1 ноќ

Место

  • Бањос (Banos)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Можност за одлична Jungle авантура. Факултативен излет – „Jungle“. Одиме во џунглата Пујо. Уживаме во недопрената природа, блиските колиби на брегот, птиците кои летаат над малиот Адам. Се пробиваме низ шумите и учиме за растенијата и животните кои живеат во прашумите, се тетовираме со природни бои од стеблата на дрвјата и плетеме круни од растенија. Ќе посетиме локална племенска заедница и ќе стекнеме нови сознанија и нови знаења за амазонските заедници. Враќање во сместување.

Сместување

Хотел ** во Бањос 1 ноќ

Место

  • Бањос (Banos)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Напуштање на сместувањето и трансфер до аеродромот во Кито. Лет за Панама Сити. Трансфер до сместување. Слободно време.

Превоз

  • Трансфер од Бањос до аеродромот во градот Кито
  • Авионски билет во економска класа, со сите даноци на релација Кито - Панама Сити со 20 кг чекиран и 7 кг рачен багаж
  • Трансфер од аеродром до хотел

Сместување

Хотел во Панама Сити 1 ноќ

Место

  • Кито (Quito)
  • Панама Сити (Panama City)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Напуштање на сместувањето. Факултативен излет –  Панамскиот канал и Каско Антигуо (стар град). Панамскиот канал, долг 77 километри, е најважната поморска кратенка во Америка, бидејќи ги поврзува Атлантскиот и Тихиот океан, што значително го скратува патувањето на бродовите. Секоја година овде поминуваат близу 15.000 пловни објекти. Панамскиот канал не е само важен извор на приход, туку и темел на државноста, со оглед на тоа што САД, градејќи го тој канал во 1914 година, ја разделија Панама, која дотогаш беше дел од Колумбија. Каско Антигуо е изградено уште во 1519 година на мал полуостров, но поради честите пиратски напади, морал да добие нов сјај на крајот на 17 век. Денес, стариот дел на градот е идеално место за пиење добар рум во сенката на вашата Панамска капа во бројни барови или за освежување со познатото кафе Гејша. Исто така, почестете се со уникатно шопинг искуство на тезгите на племето Гуна кои ги продаваат своите ракотворби (моласи). За време на нашата прошетка, откриваме зошто резиденцијата на претседателот се нарекува „Харона сала“ и од каде доаѓа францускиот плоштад во Панама. На плоштадот Симон Боливар дознаваме за важноста на неговото дело за цела Латинска Америка, а го посетуваме и христијанското наследство во Панама со посета на барокната црква од 17 век, Ла Мерсед и Митрополитската катедрала. Трансфер до аеродром. Лет за Белград со попатна станица во Истанбул во 19:05 часот (TK900).

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авионски билет со сите даноци на релација Панама Сити - Белград, во економска класа со трансфер со 23 кг чекиран и 7 кг рачен багаж

Место

  • Панама Сити (Panama City)

Храна

  • Kontinentalni doručak × 1

Факултативни излети

Пристигнување во Истанбул во 15:45 часот. Лет за Белград во 19:30 часот (TK1083). Пристигнување во Белград во 19:20 часот. Крај на патувањето.

Место

  • Истанбул
  • Белград

Поаѓања и цени

За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...

Што е вклучено

Сместување

Хотел во Панама Сити 4 ноќи
Hotel во Кито Пример 3 ноќи
Хотел во Бањос Пример 3 ноќи

Превоз

  • Авионски билет со сите такси на релација Белград-Панама Сити, во економска класа со трансфер со 23 кг чекиран и 7 кг рачен багаж
  • Локален трансфер од аеродром до хотел
  • Transfer od hotela do aerodroma
  • Avio-kartu u ekonomskoj klasi, sa svim taksama na relaciji Panama Siti - Kito sa 20 kg čekiranog i 7 kg ručnog prtljaga
  • Lokalni transfer od aerodroma do hotela
  • Трансфер од Кито то Бањос
  • Трансфер од Бањос до аеродромот во градот Кито
  • Авионски билет во економска класа, со сите даноци на релација Кито - Панама Сити со 20 кг чекиран и 7 кг рачен багаж
  • Трансфер од аеродром до хотел
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Авионски билет со сите даноци на релација Панама Сити - Белград, во економска класа со трансфер со 23 кг чекиран и 7 кг рачен багаж

Храна

9 × Континентален појадок , 1 × Kontinentalni doručak

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Индивидуални трошоци за времетраење на аранжманот
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Toboga island

Toboga island
Цена: 150,00 EUR

Островот Тобога е вулкански остров познат по својата богата тропска флора и прекрасните песочни плажи. Сместен на пацифичката страна на земјата во Панамскиот залив, островот е на 20 километри од главниот град, поради што е едно од омилените места за одмор. На оваа тура, крстариме до островот со катамаран и го поминуваме целиот ден во пливање и сончање на плажите на островот. Тропска флора, прекрасни песочни плажи, мек песок... овој остров е скапоцен камен на Панама.

Островите San Blas

Островите San Blas
Цена: 170,00 EUR

Островите Сан Блас се првото место за одмор во Панама и веројатно во цела Централна Америка. Тоа е затоа што островите се уште не се откриени за масовен туризам и затоа што се целосно под контрола на домородните жители - Куна. Всушност, Сан Блас е архипелаг кој се состои од приближно 365 острови, гребени и гребени. Островите се рај за екотуризам поради нивната недопрена околина. Екскурзијата ја започнуваме со рано утринско возење до пристаништето, од каде со брод пристигнуваме до вистинскиот карипски рај - островот Сан Блас. Го истражуваме подводниот свет, пливаме или едноставно се одмараме на сонце додека ја апсорбираме убавината на природата која ретко се гледа околу нас. Ќе имаме локален ручек, а потоа ќе се вратиме во Панама Сити. Цената вклучува: трансфер, возење со брод, ручек и локален водич. Цената не вклучува: такса за влез во националниот природен резерват, која се плаќа на лице место (20 долари на денот на објавувањето на програмата; предмет на промена).

Pichincha вулкан

Pichincha вулкан
Цена: 45,00 USD

Pichincha вулкан – полудневен излет. Авантурата ја започнуваме со возење на Telefericо/жичара до 4100м. надморска визина. Уживаме во прошетката на активниот вулкан и пејсажите кои ги скроила последната ерупција. Локалното население на шала ја поврзува ерупцијата со промената на домашната валута од Sucre во американски долар. Одиме по вулканот додека облаците ни се "мотаат" меѓу стапалата. Завршуваме на 4300м. од вкупно 4780 висина. Денот го продолжуваме со враќање во Quito и посета на Basílica del Voto Nacional. Највисоката базилика во Еквадор и Новиот Свет со своите 75м ја краси панорамата на градот, посебно со својот неоготски стил и статуи во облици на армадила, мравојади и горили кои треба да ги плашат лошите демони. Иако е започната во 80-тите години од 19-тиот век, сеуште не е завршена, а локалците велат дека со завршувањето на катедралата, доаѓа и крајот на светот. Патот го продолжуваме до брдото Panecillo на чиј врв, пред доаѓањето на конквистадорите, локалното население го обожувало Сонцето. Денес тука се наоѓа 45м. високата статуа на Богородица составена од 7000 плочки од алуминиум, која ноќе свети над градот и секако е еден од заштитните симболи на Quito. Вклучува влезници, трансфер и локален водич.

Пазарот Otavalo

Пазарот Otavalo
Цена: 45,00 USD

Пазарот Otavalo – целодневен излет. Го посетуваме шарениот пазар Отавало, место каде што се испреплетуваат култури, традиционалниот начин на живот и облекување и илјадници години стари мудрости. Градот каде што живеат Отавалите, домородното население, каде жените во дупли црно-бели сукњи, долги плетенки и украсени блузи, шетаат по главниот плоштад Plaza de los Ponchos. На плоштадот се преливаат бои од текстил, џемпери од волна од алапачи, фигури на животни од Галапагос и Амазон, накит, слики и секако понча. На патот до Отавала, застануваме во Сан Пабло - природно езеро, настанато со топење на лед од планината Имбабура - по која целата област го добила своето име. Го следиме времето по движењето на сонцето на соларен часовник и слушаме легенди за положбата на планетите, ѕвездите и континентите. Во "Cayambe" ги дегустираме познатите бисквити, само што извадени од рерна и послужени со сирење, замотани во листови од банана. Вклучува влезници, трансфер и локален водич.

Излет до “Крајот на светот“

Излет до “Крајот на светот“
Цена: 55,00 USD

Излет до “Крајот на светот“ – целодневен излет. Бањос е гратче опкружено со 60 водопади, вулкан и реки – кои ги откриваме низ денот исполнет со шетање, активности и преубави пејзажи. Со лулашка се залетуваме од крајот на светот кон “Грлото на Оганот”, попознат и како Тунгурахуа - вулкан над кој мистично се мешаат дим и облаци. Се возиме со жичара над реката Пастаза, се спуштаме со zip line над водопадот. Се шетаме низ шумата и висечкиот мост до водопадот Паилон дел Диабло, и дознаваме зошто водопадот се вика Ѓаволски котел. Го чекаме зајдисонцето на видиковецот Белависта од кој се отвара поглед на Бањос, долината Пастаза и мостот Сан Франциско. Цената на излетот вклучува влезници, трансфер, ручек. жичара, zip line и локален водич.

Jungle

Jungle
Цена: 55,00 USD

Jungle – целодневен излет. Во утринските часови поаѓаме према местото "Puyo", вратите на Амазон. Одиме во посета на заедницата Achuar - учиме за нивниот начин на живот, облекување, песни, пари и риболов. Играме со нив и се боиме во боите на нивното племе. Притоа пловиме со кануа по реката Puyo и уживаме во недопрената природа, блиските колиби на брегот, птиците кои летаат над малите адами. Ги пиеме нивните чаеви и вино. Посетуваме базени со џиновски риби. Се качуваме до видиковец од каде што се гледа Амазон и вливот на реката Puyo во "Pastaz". Се пробиваме низ шумите и учиме за билките и животните кои живеат во прашумата. Се тетовираме со природни бои од стеблата од дрвата, плетеме круни од билки и се капеме во водопадот Hola Vida. Вклучува влезници, трансфери, ручек и локален водич.

Панама Сити и Панамскиот канал

Панама Сити и Панамскиот канал
Цена: 65,00 EUR

Панама Сити е жив, космополитски и прекрасен град, главен град на Република Панама. Изграден е од Педро Аријас Давила, шпански гувернер, во 1519 година и се смета за еден од најважните градови во Америка. Турата ја започнуваме од стариот град - Каско Антигуо (Каско Виехо). Ќе видиме четири плоштади, ќе уживаме во прошетката по калдрманите улици меѓу куќите во колонијален стил и ќе научиме за историјата на ова светско наследство на УНЕСКО. Оттаму одиме до браната Мирафлорес и гледаме како бродовите минуваат низ Панамскиот канал. По возењето околу Серо Анкон, се упатуваме кон Amador's Causeway (Lover's Causeway) за најдобри панорамски погледи на градот и неверојатен поглед на влезната точка на Панамскиот канал. На островот Наос, правиме пауза за ручек, а потоа одиме во Центарот за природа Пунта Кулебра, Институтот за тропски истражувања Смитсонијан, каде што ќе видиме желки, морски ѕвезди, жаби, мрзливи и игуани. Цената на екскурзијата вклучува: локален водич, трансфери, влезница до браната Мирафлорес и природен центар Пунта Кулебра. Во цената на екскурзијата не се вклучени: ручек, индивидуални трошоци.

Сместување

Хотел во Панама Сити

Хотел во Панама Сити
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотелот во Панама Сити е сместувачки капацитет кој има двокреветни соби. Сите соби имаат тоалет. Услугата се базира на ноќевање со појадок (континентален појадок).

Hotel ** во Кито

Hotel ** во Кито
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотел ** (по локална категоризација) во Кито е сместувачки објект кој располага со двокреветни соби. Сите соби се климатизирани и поседуваат тоалет. Услугата е на база ноќевање со континентален појадок.

Хотел ** во Бањос

Хотел ** во Бањос
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Хотел ** (по локална категоризација) во Бањос е сместувачки објект кој располага со двокреветни соби. Сите соби се климатизирани и поседуваат тоалет.

Останати поаѓања за Панама

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е JUNGLE TRAVEL од Србија со лиценца OTP 162/2020.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА JUNGLE TRAVEL D.O.O. од Белград.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ ускладени со YUTA  стандардот.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, JUNGLE TRAVEL, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. Jungle Travel не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.

Во согласност со одредбите од Законот за туризам на Република Србија, Организаторот на патувањето има депозит во висина од 7500,00 ЕУР и гаранција за патување за категорија на лиценца А35 во висина од 350.000,00 ЕУР, која во случај:

А) на инсолвентност на Организаторот на патувањето, се обезбедуваат: 
1. трошоци за нужно сместување, исхрана и враќање на патниците од патувањето, до местото на поаѓање во земјата и странство, 
2. побарување на уплатените средства на Патниците по основ на Договорот за туристичку патување, кое Организаторот на патувањето не го реализирал, 
3. побарувања на уплатените средства на Патниците во случај на откажување на патувањето од страна на Патниците, во согласност со Општите Услови за Патување, 
4. побарување на разликите меѓу уплатените средства по основ на Договор за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршување или непотполно извршување на услуги, опфатени со Програмата на патување и во случај: 

Б) Надокнади на штета која е нанесена врз Патникот со неисполнување, делумно исполнување или неуредно исполнети обврски на Организаторот на патувањето, кои се одредени со Општите услови и Програмата на патување:
1. За побарување на уплатените средства на Патникот по основ на Договор за туристичко патување кое Организаторот на патувањето не го реализирал и
2. За побарување на разлики меѓу уплатените средства по основ на Договорот за туристичко патување и средствата намалени сразмерно за неизвршена, или непотполно извршени услуги кои се опфатени со Програмата на патување. 

Периодот на покритие на Гаранцијата за патување трае од датумот на нејзино издавање, па се до завршувањето на туристичкото патување, односно до враќање на Патниците на договореното одредиште. 

Гаранција по Договорот за Гаранција на патување број 0013/2020 од 10.01.2020, склучено со договарачот на осигурување - Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", Белград, ул. Кондина бр. 14, Полиса број 300067826 од 14.01.2020. Акционерско друштво за осигурување ДДОР НОВИ САД, Гаранцијата за патување се активира без одложување, односно во рок од 14 дена од денот на настанување на осигураниот случај, кај Националната асоцијација на туристички агенции ПУ “YUTA", +381 11 3228 686, по пишан пат или телеграма на адреса YUTA, Белград, ул. Кондина бр. 14, или на e-mail: garancijaputovanja@yuta.rs.

(Патникот своите права за надокнада на штета ги остварува врз основа на правосилни и извршни судски пресуди, односно одлуки на Арбитражниот суд или други вон-судски решенија на потрошувачки спор, во согласност со овие Општи услови и Општите услови на YUTA.)