Малдиви Limited - SUN ISLAND 5* Resort

Малдиви Limited - SUN ISLAND 5* Resort

цена од
2.599
EUR ,00
сега од
2.299
EUR ,00
траење
10 дена
Пријави се Барање
Барање

ОВАA ГОДИНА ОСВОЈУВАМЕ НОВ ОСТРОВ НА МАЛДИВИ!!

Најновата Jungle програма -- Малдиви Limited!!! Со ограничен број на поаѓања и места!! Се сместуваме во најголемиот и најпознатиот ресорт остров со 5* -- Villa Park Sun Island!! 

Концептот на овие острови е секој ресорт е остров сам за себе. Ресортот Park Villa Sun Island се наоѓа на островот Nalaguraidhoo и е најголемиот ресорт остров на Малдиви! Островот е долг околу 1600 метри, широк околу 440 метри и може да го истражите пеш или со велосипед. Вистинска хедонистичка приказна!

Островот е голем, па во секој момент можете да најдете плажа каде што ќе бидете сосема сами! Тиркизната лагуна што го опкружува островот е дом на најшарените рипчиња и корали! Вистинска подводна разгледница! Јужната страна на островот е опкружена со плиток гребен кој е идеален за нуркање и за сите што сакаат да ја откријат магијата на подводниот свет на островот постои нуркачка школа каде можете да изнајмите опрема за нуркање.

А ресортот располага со буквално сѐ -- 5 ресторани за најромантичните вечери, 6 барови или кафулиња, спа и фитнес центар, центар за анимација на деца, центар за нуркање, tree-top adventure park и што ли уште не?

Нашите денови се исполнети со уживање на најубавата плажа на #целсвет, масажи, романтични вечери, коктели и дружба со нашата екипа!

Имаме на располагање различен вид на соби од познатите куќички на вода до приватни вили на плажа!! Изберете го сместувањето што најмногу ви одговара иии полетуваме!!!

Време е за потполно уживање!!! Спремни? Одиме!!!!

 

Сакате да патувате цела фамилија? 

Супер!! Kids-friendly патување со одлични цени за деца! 

Цената за дeца од 0-1.99 години изнесува 400€ (без разлика на вилата што ќе ја изберете) 

Цената за деца од 2-12 години изнесува 1549€ (без разлика на вилата што ќе ја изберете)


Рута
Скопје
Софија
Доха
Мале
Налагураиду (Nalaguraidhoo)
Мале
Доха
Софија
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
Дестинации
Азија, Малдиви
Код на патување
MV106
Тежина
Погодно за деца
Да

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања 3. 4. 202510. 4. 2025

Состанок на патниците и трансфер до Аеродромот во Софија, Бугарија. Попладневен лет од Софија за Доха со Qatar Airlines, пристигнување во Доха. Преседнување на лет за Мале, Малдиви. Авантурата може да започне! Одиме на местото кое со причина го нарекуваат рајот на земјата!

Превоз

  • Трансфер од Скопје до Меѓународниот Аеродром во Софија
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Софија - Доха (Qatar Airlines), во економска класа со вклучен багаж.

Место

  • Скопје
  • Софија
  • Доха

По слетувањето на аеродромот во Мале потребено е да се упатите кон шалтерот на Vila Park Sun Island Resort каде ќе добиете инструкции за трансферот до Мамигили. Во зависност од времето на слетување во Мале времето на чекање за локалниот лет може да биде од 2 до 4 саати саати (има вкупно 4 летови на ден од Мале до Мамигили). За времето на чекање може да уживате на еден од најуникатните аеродроми на цел свет кој е отворен од сите страни, да си земете кафе, да се стационирите на некоја од терасите со најубав поглед кон Индискиот океан и да дозволите да ви „летне„ времето на чекање. До Мамигили патуваме со домашен/локален лет кој трае околку 30 минути, а потоа со speed boat уште 10тина минути до нашиот остров – ресорт Villa Park Sun Island каде ќе не пречекаат со welcome drinк и ќе ве сместат во совршениот лоби двор додека трае постапката за чекирање во вашето одбрано сместување. Се сместуваме и започнуваме со истражување на овој рај!

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Доха - Мале (Qatar Airlines), во економска класа со вклучен багаж.
  • Локален лет од аеродромот во Мале до Мамигили.
  • Трансфер со брз брод од аеродром до сместување.

Сместување

Villa Park Sun Island Resort 5* 1 ноќ

Место

  • Мале
  • Налагураиду (Nalaguraidhoo)

Храна

  • Полн-пансион (Ручек и Вечера) × 1

Денови резервирани за потполно уживање на овој егзотичен остров! Шетаме по плажата со бел песок, читаме книга, пиеме коктел и уживаме во тропскиот рај! Целосно се опуштаме и полниме батерии. Ресорт кој располага со буквално сѐ -- па кога сакаме одиме на масажа во прекрасниот спа центар, или пак се враќаме во нашето детство и уживаме во водниот парк, го посетуваме уникатниот tree-top парк или играме билјард, тенис или одбојка со нашата екипа!! Ресортот располага и со 6 барови или кафулиња и 5 ресторани за најромантичните вечери на #целсвет! Овие денови се посветени на нас и уживањето!!

Сместување

Villa Park Sun Island Resort 5* 6 ноќи

Место

  • Налагураиду (Nalaguraidhoo)

Храна

  • Полн-пансион (Појадок, Ручек и Вечера) × 6

По појадок, правиме check-out од нашите соби. Имаме слободно време да уживаме на плажа и да се поздравиме со островот! Пиеме уште една пијачка и имаме трансфер со брз брод до аеродромот во Мамигили. Локален лет до Мале. Лет од Мале за Софија, со преседнување во Доха.

Превоз

  • Трансфер со брз брод од сместување до аеродром.
  • Локален лет од Мимигили до Мале.
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Мале - Доха (Qatar Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Налагураиду (Nalaguraidhoo)
  • Мале
  • Доха

Храна

  • Полн-пансион (Појадок) × 1

Пристигнување во Доха. Преседнување на лет за Софија. Пристигнување во Софија и трансфер од Софија до Скопје. Крај на патувањето.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Доха - Софија (Qatar Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Локален трансфер од Меѓународниот аеродром во Софија до Скопје.

Место

  • Доха
  • Софија
  • Скопје

Поаѓања и цени

За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€ (12.400,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци.

Што е вклучено

Сместување

Villa Park Sun Island Resort 5 Пример 7 ноќи

Превоз

  • Трансфер од Скопје до Меѓународниот Аеродром во Софија
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Софија - Доха (Qatar Airlines), во економска класа со вклучен багаж.
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Доха - Мале (Qatar Airlines), во економска класа со вклучен багаж.
  • Локален лет од аеродромот во Мале до Мамигили.
  • Трансфер со брз брод од аеродром до сместување.
  • Трансфер со брз брод од сместување до аеродром.
  • Локален лет од Мимигили до Мале.
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Мале - Доха (Qatar Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Доха - Софија (Qatar Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Локален трансфер од Меѓународниот аеродром во Софија до Скопје.

Храна

1 × Полн-пансион (Ручек и Вечера) , 6 × Полн-пансион (Појадок, Ручек и Вечера) , 1 × Полн-пансион (Појадок)

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Задолжителна доплата за Green Tax. Такса која се плаќа при доплата на аранжманот кај нас во канцеларија. Истата изнесува 42€ (6 евра дневно по лице).
  • Опционална доплата од 370€ за ALL-INCLUSIVE - Full-board + алкохолни и безалкохолни пијалоци, попусти во рестораните, 1 вечера во А la Carte рестораните, бесплатен излет, бесплатен water sport, користење на спа центарот и снорклинг опрема

Сместување

Villa Park Sun Island Resort 5*

Villa Park Sun Island Resort 5*
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Villa Park Sun Island е ресорт со 5* (по локална категоризација) на Малдиви -- домот на најфасцинантните и најегзотичните плажи на светот! Се сместуваме на најголемиот ресорт-остров на оваа рајска држава!! Ресорт кој располага со буквално сѐ -- waterpark, fitness центар, спа, tree-top adventure park, билјард, тенис, забавен парк за деца, водни спортови, работилници по градинарење и што ли уште не!! Villa Park располага и со 6 различни ресторани кои служат храна од #целсвет (јапонска, италјанска, американска....), како и 6 различни барови (коктел бар, вински бар, garden bar итн.)

А сѐ што Ви остана е да ја изберете вашата соба од соништата:


Sun Villa

Вила која се наоѓа во тропска градина, со када и туш на отворено, овие вили располагаат со една спална соба и се совршени за парови и фамилии. Опкружени се со живописно зеленило и се наоѓаат близу до ресторани на Вила Парк. Sun Villa's располагаат со се што ви треба за да го поминете одморот од соништата! Сите вили располагаат со фен, сеф, пешкири, минибар, и клима уред.

Големина на вилата: 46m2

Beach Villa

Вила на самата плажа, која е целосно опремена со се што ви треба за незаборавно патување на Малдиви. Вилата располага со една спална соба со еден дупли кревет и помошен кревет! Вилите располагаат со приватни лежалки и тераса кои се на само неколку метри од тиркизниот Индиски океан! Сите вили располагаат со фен, сеф, пешкири, минибар, и клима уред.

Големина на вилата: 35m2

Water Villa

Дефинитивно сместувањето кое го замислуваме кога ќе помислиме на ресорт на Малдиви. Се сместуваме во познатите куќички на вода. Сите вили располагаат со голема тераса со две лежалки, сопствени скали кои водат до прекрасниот индиски океан! Сите вили располагаат со фен, сеф, пешкири, минибар, и клима уред.

Големина на вилата: 73m2

Вебсајт https://villaresorts.com/villa-park/

Адреса Nalaguraidhoo
Maldives

Останати поаѓања за Дестинации

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.