Малдиви Resort 5*

Малдиви Resort 5*

цена од
1.749
EUR ,00
сега од
1.549
EUR ,00
траење
9 дена
Пријави се Барање
Барање

Оваа зима освојуваме уште еден остров на Малдиви!!!

Најновата Jungle програма -- Малдиви Ресорт!!! САМО 2 поаѓања во јануари и март 2025!!

Се сместуваме на островот Kuda Bandos -- Замислете си мал тропски рај, палми, песок, островче кое во должина се поминува за 10 минути, а во ширина за 5 минути.

Концептот на овие острови е секој ресорт е остров сам за себе. Остров кој претставува уникатна комбинација на рустикален шарм, чувство на бегство и неспоредлива егзотика.

Тиркизната лагуна што го опкружува островот е дом на најшарените рипчиња и корали! Островот е опкружена со плиток корален гребен кој е идеален за нуркање и за сите што сакаат да ја откријат магијата на подводниот свет на островот постои и 

Оваа програма е вистинскиот избор за сите кои сакаат да заборават на своите проблеми на егзотичен тропски остров. Островче со неколку ресторанчиња и барови и најдобра плажа на #ЦелСвет. Замислете си и прекрасна плажа со бел прашкаст песок, палми и тиркизен океан. Вашето совршено тропско бегство!

Нашите денови се исполнети со уживање на најубавата плажа на #целсвет, масажи, романтични вечери, кокоси и дружба со нашата екипа!

 

Сакате да патувате цела фамилија? Супер!! Kids-friendly патување со одлични цени за деца! 

👉 Цената за деца од 2-12 години изнесува:

☀️ Ноќевање со појадок 1259€

☀️ Ноќевање со појадок и вечера -- 1359€

☀️ Ноќевање со појадок, ручек и вечера -- 1449€

☀️ All-inclusive -- 1499€


Рута
Скопје
Истанбул
Мале
Kuda Bandos
Мале
Истанбул
Скопје

Превоз
Авион
Сместување
Хотел
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
Дестинации
Азија, Малдиви
Код на патување
MV214
Тежина
Погодно за деца
Да

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања 27. 1. 2025

Состанок на патниците на Меѓународниот Аеродром во Скопје. Лет од Скопје за Истанбул со Turkish Airlines, пристигнување во Истанбул. Преседнување на лет за Мале, Малдиви. Авантурата може да започне! Одиме на местото кое со причина го нарекуваат рајот на земјата!

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж.

Место

  • Скопје
  • Истанбул

По слетувањето на аеродромот во Мале потребено е да се упатите кон претставникот на Malahini Kuda Bandos Resort каде ќе добиете инструкции за трансферот до ресортот. До Малахини патуваме со брз брод, трае кој трае околку 2 часа. Се сместуваме во нашиот хотел и започнуваме со истражување на овој рај!

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Мале (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж.
  • Трансфер со брз брод од аеродромот во Malé до Kuda Bandos

Сместување

Malahini Kuda Bandos Resort 1 ноќ

Место

  • Мале
  • Kuda Bandos

Храна

  • Ручек (услуга полн-пансион) × 1
  • Вечера (услуга полу-пансион) × 1

Денови резервирани за потполно уживање на овој егзотичен остров! Шетаме по плажата со бел песок, читаме книга, пиеме коктел и уживаме во тропскиот рај! Целосно се опуштаме и полниме батерии! Овие денови се посветени на нас и уживањето!!

Сместување

Malahini Kuda Bandos Resort 6 ноќи

Место

  • Kuda Bandos

Храна

  • Континентален појадок × 6
  • Ручек (услуга полн-пансион) × 6
  • Вечера (услуга полу-пансион/полн-пансион) × 6

По појадок, правиме check-out од нашите соби. Трансфер со брз брод до аеродромот во Мале. Лет од Мале за Истанбул. Пристигнување во Истанбул. Преседнување на лет за Скопје. Пристигнување во Скопје. Крај на патувањето.

Превоз

  • Трансфер со брз брод од Kuda Bandos до Male.
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Мале - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Kuda Bandos
  • Мале
  • Истанбул
  • Скопје

Храна

  • Континентален појадок × 1

Поаѓања и цени

За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...
Вчитувам...

Што е вклучено

Сместување

Malahini Kuda Bandos Resort Пример 7 ноќи

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж.
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Мале (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж.
  • Трансфер со брз брод од аеродромот во Malé до Kuda Bandos
  • Трансфер со брз брод од Kuda Bandos до Male.
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Мале - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Храна

7 × Ручек (услуга полн-пансион) , 1 × Вечера (услуга полу-пансион) , 7 × Континентален појадок , 6 × Вечера (услуга полу-пансион/полн-пансион)

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Важна напомена: На ова патување нема претставник од агенција.
  • Опционална доплата од 210 ЕУР по лице за Полу-пансион (ноќевање со појадок и вечера)
  • Опционална доплата од 300 ЕУР по лице за Полн-пансион (ноќевање со појадок, ручек и вечера)
  • Опционална доплата од 460 ЕУР по лице за All-Inclusive (ноќевање со појадок, ручек, вечера и алкохолни/без-алкохолни пијалоци)
  • Задолжителен green tax за Малдиви која изнесува 12€ дневно по лице (или 84€ по лице за цело патување)

Сместување

Malahini Kuda Bandos Resort

Malahini Kuda Bandos Resort
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Malahini Kuda Bandos е нашето совршено тропско бегство на Малдиви. Замислете мало островче, опколено со претиркизна лагуна, бел прашкаст песок и живописни палми покрај самиот брег. Малахини е сместувачки објект со 5* (по локална категоризација) во Каафу атолот. Ресортот располага со 5 ресторани и барови, како италјански ресторан и tree-top ресторан. Изберете помеѓу Garden Room -- соба сместена во самото срце на островот, опколена со живописната вегетација на островот на само 2 минути од плажа или Deluxe Room -- соба која се наоѓа на самата плажа на ресортот. 

Услугата е на база ноќевање со појадок.

Вебсајт https://www.malahini.mv/#/

Адреса Malahini Holdings Pvt. Ltd. 3rd Floor Jazeera Building No.15 Boduthakurufaanu Magu
20077
Maldives

Останати поаѓања за Дестинации

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.