Зачудувачки како една малечка точка во Индискиот океан, близу источниот африкански брег може да не освои толку многу. Со причина е едно од најегзотичните места на #ЦелСвет и сон на секој патник! Добредојдовте во малиот рај наречен Маурициус! Изобилува со величенствена природа, природни актракции кои освојуваат и дефинитивно најегзотичните плажи. Хедонистичка Jungle приказна!
Не е никакво изненадување што Маурициус е опишан како „рај на земјата“, со својата величествена убавина. Овој неверојатен остров е познат по своите прекрасни плажи со мек бел песок, сместени меѓу блескавиот тиркизен Индиски Океан и прекрасните зелени планини. Ако целта е рајот, тогаш тоа е сигурно Маурициус.
Сепак, Маурициус нуди многу повеќе отколку што “на прва“ изгледа. Островот совршено балансира релаксација и луксуз, со авантура и возбуда. Пешачете до спектакуларните планински погледи и водопади предизвикани од вулканска активност. Не само ова, туку и богатиот растителен свет, и феноменални места за нуркање. Има нешто уникатно во пливањето покрај бреговите на една од најоддалечените земји во светот. Притоа, откријте ги лагуните, шарените корали, риби и прекрасните морски желки. Подгответе се да го откриете овој возбудлив подводен свет!
- Превоз
- Авион, Автобус, Локален трансфер
- Сместување
- Хотел
- Организатор
- ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
- Дестинации
- Маурициус
- Код на патување
- MR3
- Тежина
- Погодно за деца
- Да
План и програма
Состанокот на патниците е на Mеѓународниот Aеродром во Скопје два часа пред летот. Вечерен лет од Скопје за Vienna со Austrian Airlines, со преседнување во Виена . Авантурата може да започне! Одиме на местото кое со причина го нарекуваат рајот на земјата!
Превоз
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Виена (Austrian Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Место
- Скопје
- Виена
Пристигнуваме во Виена. Преседнување на лет за Маурициус. Пристигнуваме на Маурициус по што следи организиран трансфер до сместувањето. Check in во хотелот и авантурата може да започне!
Превоз
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Виена - Маурициус (Austrian Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Трансфер од аеродром до сместувањето
Сместување
Le Palmiste Resort & Spa 1 ноќ
Место
- Виена
- Порт Луј
Храна
- Полу-пансион (вечера) × 1
Посета на главниот град на Маурициус - Порт Луј. Порт Луј е активен град кој со векови привлекувал сликари, музичари, вајари и писатели. Прошетка низ центарот на градчето кој е навистина симпатичен и посета на локалниот пазар каде купуваме сувенири, зачини итн. Слободно време и пауза за ручек, по што се посетува црквата со црвен кров. Од таму, денот продолжува на најубавите плажи на северот на Маурициус, како што се "Pereybere" и "Mont Choisy", каде се гледа зајдисонцето.
Сместување
Le Palmiste Resort & Spa 1 ноќ
Место
- Порт Луј
Храна
- Полу-пансион (појадок и вечера) × 1
Факултативни излети
Ден резервиран за факултативна екскурзија - одење на островот Il-o-Serf (Île aux Cerfs). Ајде да одиме да го откриеме овој магичен остров. Пловиме во најдолгата лагуна на островот долж источниот брег, останувајќи во коралниот гребен. Прво го посетуваме водопадот, а потоа одиме на островот и поминуваме неверојатен ден под тропското сонце. Паузираме за ручек на соседниот остров и вкусуваме риба и локален рум... Враќање во сместување.
Сместување
Le Palmiste Resort & Spa 1 ноќ
Храна
- Полу-пансион (појадок и вечера) × 1
Факултативни излети
Можност за посета на најубавата плажа на јужниот брег на Маурициус - плажата Le Morne. За зајдисонце, се посетува западниот брег на Маурициус, плажата Flic and Flac.
Сместување
Le Palmiste Resort & Spa 1 ноќ
Место
- Trou aux Biches
Храна
- Полу-пансион (појадок и вечера) × 1
Факултативни излети
Денеска имаме посета на прекрасниот природен парк Касела, каде ќе имаме можност да видиме различни диви животни како лавови, гепарди, нилски коњи, разни егзотични птици, антилопи, ноеви, жирафи... Посетата на паркот вклучува 45-минутно сафари, како и возење со tulawaka gold coaster ride. Во паркот има и два ресторани со прекрасен поглед на југозападниот брег на Маурициус. Враќање во сместување.
Сместување
Le Palmiste Resort & Spa 1 ноќ
Храна
- Полу-пансион (појадок и вечера) × 1
Факултативни излети
Можност за крстарење со катамаран или брз брод на величествените северни острови. Тука може да се видат делфини во нивното природно живеалиште. Пливање и нуркање во еден од најубавите предели од островот кој ќе ве остави без здив. Островите се природни резервати со голем број на разновидни птици и спектакуларни пешачки патеки. Целосно уживање во природната убавина на Маурициус.
Сместување
Le Palmiste Resort & Spa 1 ноќ
Храна
- Полу-пансион (појадок и вечера) × 1
Факултативни излети
Факултативна екскурзија – Поаѓање кон источните плажи на Маурициус. На оваа екскурзија ќе имаме можност да ги посетиме плажите како што се: Belle Mare и да направиме одлични фотографии на плажата Poste La Fayette. Ден за капење, сончање и уживање на една од најубавите плажи на Маурициус. Враќање во сместување.
Сместување
Le Palmiste Resort & Spa 1 ноќ
Храна
- Полу-пансион (појадок и вечера) × 1
Факултативни излети
Утрото се збогуваме со овој магичен остров. Трансфер до аеродром. Лет од Маурициус за Виена е во 10.20 часот.
Превоз
- Трансфер од сместувањето до аеродромот
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Маурициус - Виена (Austrian Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Место
- Порт Луј
- Виена
Храна
- Полу-пансион (појадок) × 1
Во Виена пристигнуваме во 18:10. Летот од Виена до Скопје е во 22:45 во Скопје пристигнуваме во 00:15. Крај на патувањето.
Превоз
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Виена - Скопје (Austrian Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Место
- Виена
- Скопје
Поаѓања и цени
Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€ (12.400,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.
Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци.
Што е вклучено
Превоз
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Виена (Austrian Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Виена - Маурициус (Austrian Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Трансфер од аеродром до сместувањето
- Трансфер од сместувањето до аеродромот
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Маурициус - Виена (Austrian Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Виена - Скопје (Austrian Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Храна
1 × Полу-пансион (вечера) , 6 × Полу-пансион (појадок и вечера) , 1 × Полу-пансион (појадок)Не е вклучено
- Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
- Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
Факултативни излети
Остров Il-o-Serf
Park Casela
Посета на северните острови
Поаѓање кон источните плажи на Маурициус
Сместување
Le Palmiste Resort & Spa
Останати поаѓања за Дестинации
Малдиви Limited - SUN ISLAND 5* Resort
На барањеМалдиви Limited - SUN ISLAND 5* Resort
На барањеСингапур, Бали и Куала Лумпур од Скопје
Последни местаКуба Хедонизам (Хавана и Варадеро)
Последни 2 местаМалдиви Limited - SUN ISLAND 5* Resort
На барањеСингапур, Бали и Куала Лумпур од Скопје
Последни местаМалдиви Limited - SUN ISLAND 5* Resort
На барањеМалдиви Limited - SUN ISLAND 5* Resort
На барањеДоминиканска Република - All Inclusive
Последни 3 местаМалдиви Limited - SUN ISLAND 5* Resort
На барањеМалдиви Limited - SUN ISLAND 5* Resort
На барањеМалдиви Limited - SUN ISLAND 5* Resort
На барањеКорисни информации
Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.
Корисни информации поврзани со Ковид-19 и услови за патување и влез во државата
Задолжително е здравствено осигурување.
Сите патници пред патувањето мораат да ja пополнат и следнава форма: https://safemauritius.govmu.org/ . Патниците мораат да го испринтаат и QR кодот кој ќе го добијат по успешно пополнета апликација, или истиот да го сочуваат на телефон. QR кодот ќе Ви биде потребен за време на чекирање на авиокартите во Скопје.
Ве молиме сите овие информации, пред патување, уште еднаш проверете ги со претставници на нашата агенција. Агенцијата не сноси одговорност во случај на погрешни информации наведени на нашиот сајт, поради промена на регулативата за влез во државата, од моментот на објавување на овие информации, до моментот на патување.
Важни напомени
Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.