Маурициус Хедонизам

Маурициус Хедонизам

цена од
1.849
EUR ,00
сега од
1.749
EUR ,00
траење
10 дена
Пријави се Барање
Барање

Зачудувачки како една малечка точка во Индискиот океан, близу источниот африкански брег може да не освои толку многу. Со причина е едно од најегзотичните места на #ЦелСвет и сон на секој патник! Добредојдовте во малиот рај наречен Маурициус! Изобилува со величенствена природа, природни актракции кои освојуваат и дефинитивно најегзотичните плажи. Хедонистичка Jungle приказна!

Не е никакво изненадување што Маурициус е опишан како „рај на земјата“, со својата величествена убавина. Овој неверојатен остров е познат по своите прекрасни плажи со мек бел песок, сместени меѓу блескавиот тиркизен Индиски Океан и прекрасните зелени планини. Ако целта е рајот, тогаш тоа е сигурно Маурициус.

Сепак, Маурициус нуди многу повеќе отколку што “на прва“ изгледа. Островот совршено балансира релаксација и луксуз, со авантура и возбуда. Пешачете до спектакуларните планински погледи и водопади предизвикани од вулканска активност. Не само ова, туку и богатиот растителен свет, и феноменални места за нуркање. Има нешто уникатно во пливањето покрај бреговите на една од најоддалечените земји во светот. Притоа, откријте ги лагуните, шарените корали, риби и прекрасните морски желки. Подгответе се да го откриете овој возбудлив подводен свет!


Рута
Скопје
Виена
Порт Луј
Trou aux Biches
Порт Луј
Виена
Скопје

Превоз
Авион, Автобус, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
Дестинации
Маурициус
Код на патување
MR3
Тежина
Погодно за деца
Да

План и програма

Планот и програмата важи за следните поаѓања 5. 4. 2025

Состанокот на патниците е на Mеѓународниот Aеродром во Скопје два часа пред летот. Вечерен лет од Скопје за Vienna  со Austrian Airlines, со преседнување во Виена . Авантурата може да започне! Одиме на местото кое со причина го нарекуваат рајот на земјата!

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Виена (Austrian Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Скопје
  • Виена

Пристигнуваме во Виена. Преседнување на лет за Маурициус. Пристигнуваме на Маурициус по што следи организиран трансфер до сместувањето. Check in во хотелот и авантурата може да започне!

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Виена - Маурициус (Austrian Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Silver Beach Hotel 1 ноќ

Место

  • Виена
  • Порт Луј

Храна

  • All Inclusive (ручек и вечера) × 1

Посета на главниот град на Маурициус - Порт Луј. Порт Луј е активен град кој со векови привлекувал сликари, музичари, вајари и писатели. Прошетка низ центарот на градчето кој е навистина симпатичен и посета на локалниот пазар каде купуваме сувенири, зачини итн. Слободно време и пауза за ручек, по што се посетува црквата со црвен кров. Од таму, денот продолжува на најубавите плажи на северот на Маурициус, како што се "Pereybere" и "Mont Choisy", каде се гледа зајдисонцето. 

Сместување

Silver Beach Hotel 1 ноќ

Место

  • Порт Луј

Храна

  • All Inclusive × 1

Факултативни излети

Ден резервиран за факултативна екскурзија - одење на островот Il-o-Serf (Île aux Cerfs). Ајде да одиме да го откриеме овој магичен остров. Пловиме во најдолгата лагуна на островот долж источниот брег, останувајќи во коралниот гребен. Прво го посетуваме водопадот, а потоа одиме на островот и поминуваме неверојатен ден под тропското сонце. Паузираме за ручек на соседниот остров и вкусуваме риба и локален рум... Враќање во сместување.

Сместување

Silver Beach Hotel 1 ноќ

Храна

  • Полу-пансион (појадок и вечера) × 1

Факултативни излети

Овој ден ја посетуваме најубавата плажа на јужниот брег на Маурициус - плажата Le Morne. А во втората половина на денот го бркаме сонцето -- за зајдисонце се упатуваме кон западниот брег на Маурициус, каде ја посетуваме плажата Flic and Flac. Уживаме во прекрасното зајдисонце над тиркизните води на Индискиот Океан. 

Сместување

Silver Beach Hotel 1 ноќ

Место

  • Trou aux Biches

Храна

  • All Inclusive × 1

Факултативни излети

Денеска имаме  посета на прекрасниот природен парк Касела, каде ќе имаме можност да видиме различни диви животни како лавови, гепарди, нилски коњи, разни егзотични птици, антилопи, ноеви, жирафи... Посетата на паркот вклучува 45-минутно сафари, како и возење со tulawaka gold coaster ride. Во паркот има и два ресторани со прекрасен поглед на југозападниот брег на Маурициус. Враќање во сместување.

Сместување

Silver Beach Hotel 1 ноќ

Храна

  • All Inclusive × 1

Факултативни излети

По појадок, крстариме со катамаран или брз брод на величествените северни острови. Тука може да се видат делфини во нивното природно живеалиште. Пливаме и нуркаме во еден од најубавите предели од островот кој ќе ве остави без здив. Островите се природни резервати со голем број на разновидни птици и спектакуларни пешачки патеки. Целосно уживање во природната убавина на Маурициус. 

Сместување

Silver Beach Hotel 1 ноќ

Храна

  • All Inclusive × 1

Факултативни излети

Факултативна екскурзија – Поаѓање кон источните плажи на Маурициус. На оваа екскурзија ќе имаме можност да ги посетиме плажите како што се: Belle Mare и да направиме одлични фотографии на плажата Poste La Fayette. Ден за капење, сончање и уживање на една од најубавите плажи на Маурициус. Враќање во сместување.

Сместување

Silver Beach Hotel 1 ноќ

Храна

  • All Inclusive × 1

Факултативни излети

Утрото се збогуваме со овој магичен остров. Трансфер до аеродром. Лет од Маурициус за Виена е  во 10.20 часот. 

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродромот
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Маурициус - Виена (Austrian Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Порт Луј
  • Виена

Храна

  • All Inclusive (појадок) × 1

Во Виена пристигнуваме во 18:10. Летот од Виена до Скопје е во 22:45 во Скопје пристигнуваме во 00:15. Крај на патувањето.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Виена - Скопје (Austrian Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Виена
  • Скопје

Поаѓања и цени

За повеќе информации за поаѓањето како цени, попусти, услови за плаќање, Ве молиме кликнете на полето со поаѓањето подолу
Вчитувам...
Вчитувам...

Сите уплати се вршат исклучиво во денарска противредност по курс од 62 денари за 1 евро и тоа: при пријавување се плаќаат 200€ (12.400,00 МКД) по лице. Преостанатиот дел се плаќа најдоцна 40 дена пред поаѓање. Можност за плаќање преку трансакциска сметка (на фактура) и со платежни картички Visa, Master, Maestro.

Препорачуваме рано пријавување на патници заради ограничениот број на места. При пријавувањето потребно е да се достави скренирана прва страница од патната исправа, која е валидна за датумот на патувањето (има важност минимум 6 месеци по датумот на враќање и има доволно празни страници во текот на патувањето), во спротивно агенцијата не одговара за печатење на авио билетот со погрешни податоци.

Што е вклучено

Сместување

Silver Beach Hotel Пример 7 ноќи

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Виена (Austrian Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Виена - Маурициус (Austrian Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер од сместувањето до аеродромот
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Маурициус - Виена (Austrian Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Виена - Скопје (Austrian Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Храна

1 × All Inclusive (ручек и вечера) , 5 × All Inclusive , 1 × Полу-пансион (појадок и вечера) , 1 × All Inclusive (појадок)

Не е вклучено

  • Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

МАУРИЦИУС - ПОСЕТИ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНА

МАУРИЦИУС - ПОСЕТИ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНА

9 ПОСЕТИ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ:

  • ПОСЕТА НА ГЛАВНИОТ ГРАД PORT LOUIS
  • ПОСЕТА НА CAUDAN WATERFRONT (новиот дел на градот)
  • ПОСЕТА НА ЛОКАЛЕН ПАЗАР
  • ПОСЕТА НА CAP MALHEUREUX
  • ПОСЕТА НА FORT ABELAIDE
  • ПОСЕТА НА ПЛАЖАТА PEREYBERE 
  • ПОСЕТА НА ПЛАЖАТА MONT CHOISY
  • ПОСЕТА НА ПЛАЖАТА FLIC EN FLAC
  • ПОСЕТА НА ПЛАЖАТА LE MORNE

Остров Il-o-Serf

Остров Il-o-Serf
Цена: 65,00 EUR

Ајде да го откриеме овој магичен остров и неговата околина. Островот е познат по своите песочни плажи како разгледници. Пловиме во најдолгата лагуна на островот долж источниот брег, останувајќи во коралниот гребен. Ќе бидеме воодушевени од прекрасниот пејзаж на планинските венци кои го опкружуваат островот. Имаме неверојатен ден под тропското сонце. Денот е резервиран за сончање, капење или прошетка низ пејзажи кои го одземаат здивот додека правите совршени фотографии.

Во цената на патувањето е вклучено: организиран превоз според планираниот план, услуги на претставник на нашата агенција, ручек

Park Casela

Park Casela
Цена: 55,00 EUR

Посета на прекрасниот природен парк Касела, каде ќе имаме можност да видиме различни диви животни како лавови, гепарди, нилски коњи, разни егзотични птици, антилопи, ноеви, жирафи... Посетата на паркот опфаќа 45-минутна сафари, како и , tulawaka gold coaster ride. Во паркот има и два ресторани со прекрасен поглед на југозападниот брег на Маурициус.

Во цената на патувањето е вклучено: организиран превоз според планираната маршрута, услуги на претставникот на нашата агенција, влез во паркот, сафари (45 мин), , tulawaka gold coaster ride.

Во цената на екскурзијата не е вклучено: ручек, сликање, дополнителни активности (интеракција со лавови и гепарди, хранење и сликање со жирафи, четворо велосипед, зип лајн...)

Посета на северните острови

Посета на северните острови
Цена: 70,00 USD

Уживање во природната убавина на Маурициус. Островот Габриел е прогласен за засолниште поради богатиот и недопрен биодиверзитет. Островот е познат по прекрасните песочни плажи, тиркизното море, спокојната атмосфера и богатиот екосистем. Излетот го започнуваме рано наутро. Не чека превоз до Grand Baie од каде со катамаран го продолжуваме патувањето. Пловиме околу час и половина на отворен океан до островот и ако имаме среќа ќе видиме китови во нивното природно живеалиште. На островот имаме слободно време за сончање и капење. Источниот дел на островот Габриел е најдобар за нуркање. Ќе најдете недопрено океанско дно, прошарано со корали и различни видови на риби. 

Во цената на патувањето е вклучено: организиран превоз според планираниот план, услуги на претставник на нашата агенција, ручек со алкохолни и безалкохолни пијалоци.

Поаѓање кон источните плажи на Маурициус

Поаѓање кон источните плажи на Маурициус
Цена: 25,00 EUR

На оваа екскурзија ќе имаме можност да ги посетиме плажите како што се: Belle Mare и Poste La Fayette Beach. Ден за капење, сончање и уживање на една од најубавите плажи. Источниот брег на Маурициус е познат по широките плажи со бел песок.

Во цената на патувањето е вклучено: организиран превоз според планираниот план, услуги на претставник на нашата агенција

Сместување

Silver Beach Hotel

Silver Beach Hotel
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Silver Beach Hotel 3* (по локална категоризација) се наоѓа во најшармантниот дел на Маурициус, во источниот дел на островот. Хотелот има многу топла атмосфера опкружена со егзотична градина и прекрасна песочна плажа. Во рамките на хотелот има базен за потполно уживање. Достапно Wi-Fi во целиот хотел. Сместувањето е во стандардни двокреветни соби.

Услугата е на база ноќевање со all inclusive.

Вебсајт http://www.silverbeach.mu/

Адреса Coastal Road
44210 Trou dʼ Eau Douce
Mauritius

Останати поаѓања за Дестинации

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Корисни информации поврзани со Ковид-19 и услови за патување и влез во државата

Задолжително е здравствено осигурување.

Сите патници пред патувањето мораат да ja пополнат и следнава форма: https://safemauritius.govmu.org/ . Патниците мораат да го испринтаат и QR кодот кој ќе го добијат по успешно пополнета апликација, или истиот да го сочуваат на телефон. QR кодот ќе Ви биде потребен за време на чекирање на авиокартите во Скопје.

Ве молиме сите овие информации, пред патување, уште еднаш проверете ги со претставници на нашата агенција. Агенцијата не сноси одговорност во случај на погрешни информации наведени на нашиот сајт, поради промена на регулативата за влез во државата, од моментот на објавување на овие информации, до моментот на патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.