Мексико од Скопје Нова Година

Мексико од Скопје Нова Година

цена од
1.549
EUR ,00
сега од
1.449
EUR ,00
траење
12 дена
Пријави се Барање
Барање

Нова Година славиме во земјата на сомбрерата, брзиот гонзалес, текилите, тортиљите и омилениот чили сос. Одиме на величенствените Кариби во магичното Мексико! Сместени сме во Плаја дел Кармен (Playa del Carmen)Бескрајна песочна плажа, тиркизно сино море какво никогаш не сте виделе, убаво средени улици, продавници за сувенири, мексикански кантини и ресторани, маријачи, барови... Ја посетуваме Чичен Ица (Chichen Itza) едно од новите светски чуда, ги истражуваме божествата на Маите, обичаите и се восхитуваме на нивните достигнувања. Го учиме мајанскиот календар, ја пробуваме нивната храна и зачини...

Го посетуваме малиот рај Исла Мухерес (Isla Muјeres) каде се капеме со делфини и Исла Холбош (Isla Holbox)сеуште неоткриениот карипски бисер кој ќе ве маѓепса со својата убавина и најубавото тиркизно море. Одиме во Тулум (Tulum) каде палмите ги допираат облаците, додека го слушаме шумот на морските бранови, а белиот песок ни ги милува стапалата и во автентична мексиканска атмосфера зачинета со малку бохо стил се чувстуваме како во рајот. Во Коба (Coba) ќе ни застане здивот кога од височина ќе ја видиме густата тропска џунгла која се простира до недоглед и фасцинтните сеноти, најпознатите природни подземни базени каде Маите им принесувале дарови на нивните богови, а сега важат за прекрасни, извајани од природата атракции. Истражуваме најрустичните колонијални градчиња чија посета не е целосна без малку текила и одлична храна.

Хедонистичка авантура што се памети цел живот! Добредојдовте во Мексико!


Рута
Скопје
Истанбул
Канкун (Cancun)
Плаја дел Кармен (Playa del Carmen)
Канкун (Cancun)
Истанбул
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
Дестинации
Мексико
Видови патувања
Нова година 2024
Код на патување
MX16
Тежина
Погодно за деца
Да

План и програма

Состанок на групата на Mеѓународниот аеродом во Скопје два часа пред лет. Лет од Скопје за Истанбул во 20:35h (TK1006). Пристигнување во Истанбул во 00:10h по локално време. 

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Скопје
  • Истанбул

Преседнување на лет за Канкун (Cancun) во 02:30h (TK181). Пристигнување во Канкун во 12:55h. ¡Hola Mexico! Трансфер до Плаја дел Кармен (Playa del Carmen), преубаво место на брегот на Карипското Море во државата Кинтана Ро (Quintana Roo) и едно од најубавите места на Ривиера Маја (Riviera Maya)!

Типично мексиканско градче кое од рибарско село прераснало во вистински бисер на тиркизниот Карипски брег заради убавата песочна плажа исполнета со весели и разиграни барчиња на плажа, тропска и егзотична атмосфера, маријачи, мексикански кантини и ресторани со превкусна храна.. Убаво средени улици од кои најважна е Quinta Avenida (5-та Авенија) односно главната улица која се протега долж океанот и плажата, а е веднаш до нашето сместување. Тука ќе најдете продавници кои продаваат интересни предмети, модерни бутици, тезги со традицонални сувенири, улични музичари и жива атмосфера која е полна со неодоливиот мексикански шарм. На оваа улицата се наоѓаат најпознатите ресторани и барови и ја прават една од најдобрите места за ноќен живот. 

По пристигнувањето во Плаја дел Кармен во попладневните часови се сместуваме во хотел. Вечерта, по желба, одиме на традиционална мексиканска вечера, а потоа во бар на неколку пијачки (текила, пиво или коктели, одлучете сами :) ). 

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Канкун (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување

Сместување

Hacienda Paradise Boutique Hotel, Playa del Carmen 1 ноќ

Место

  • Канкун (Cancun)
  • Плаја дел Кармен (Playa del Carmen)

Совршено отворање на нашата Мексиканска авантура! - Козумел (Cozumel)! Веднаш спроти брегот на Плаја дел Кармен, се наоѓа Козумел, најголемиот остров на Мексиканските Кариби, или за многумина неизбежната точка при посета на Карипско море. Задолжителна станица на сите светски луксузни крузери, заради прекрасните егзотични плажи. Козумел го краси рајска и живописна природа, плажи со бел мек песок, карипско сина вода и е совршеното место за релаксирање, забава, вкусна храна и полнење со позитивна енергија. Засолниште за љубителите на природата, риболовците, нуркачите и романтичарите, Козумел е сметан од античките Маите како дом на божицата на љубовта и плодноста. Освен прекрасните плажи по кои надалеку е познат, како круна на островот е шареното мексиканско градче San Miguel de Cozumel од каде започнува нашата авантура на островот.

Сместување

Hacienda Paradise Boutique Hotel, Playa del Carmen 1 ноќ

Место

  • Плаја дел Кармен (Playa del Carmen)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативен излет во Тулум (Tulum), градот на Маите на брегот на Карибите. Денот го започнуваме со посета на археолошката зона на Тулум, односно се запознаваме со еден од последните Мајански градови и еднствениот кој се наоѓа на самиот брег. Забавна и возбудлива историја која како приказна не забававува додека околу нас се шетаат игуани во различни големини. Стоиме на самата граница помеѓу густата џунгла и тиркизот на Карипското море. Град кој останал релативно зачуван и сеуште тука може да се видат кули за набљудување, храмови и резервоари со вода која ја користеле Маите. Слушаме приказни и се соживуваме со еден цел нов свет и нова култура! Авантурата ја продолжуваме длабоко во џунглата во Коба или изгубениот град. Возиме точаци или трицикли во овој тропски и егзотичен рај и се разминуваме со неговите моментални жители, мајмуните :)! Авантурата ја завршуваме во Тулум на плажа! Една од најубавите плажи и места на Карибите. Мноогу егзотика измешана со бохо стил, eco-chic хотели, барови и ресторани, бел песок, тиркизното Карипско море како од разгледница, laid back атмосфера и високи палми кои ги допираат облаците.

Сместување

Hacienda Paradise Boutique Hotel, Playa del Carmen 1 ноќ

Место

  • Плаја дел Кармен (Playa del Carmen)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Факултативен излет и капење во уникатните природни подземни базени кои ги има само тука на светот! Карактеристични за Јукатан, посетуваме четири сеноти и уживаме во длабокото синило и пливаме во кристално чистата вода. Пливаме во отворени, затворени и полу отворени сеноти, мали оази кои ја праваат оваа авантура незаборавна! Втората половина на денот ја поминуваме на една од најпознатите плажи на Ривиера Маја.

Сместување

Hacienda Paradise Boutique Hotel, Playa del Carmen 1 ноќ

Место

  • Плаја дел Кармен (Playa del Carmen)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Факултативен излет и посета на една од најпознатите Мајански пирамиди која е прогласена за едно од Седумте Светски Чуда - Чичен Ица (Chichen Itza)! Ова сигурно ќе биде едно од најимпресивните места кои ќе ги видите во животот, а приказната за Маите, нивната култура и начин на живот ќе ве допрат и ќе ве натераат на длабоко размислување. По посетата на комплексот одмораме и се освежуваме во една од најпознатите сеноти во Јукатан, сенотата Hubiku. На враќање го посетуваме шареното колонијално градче Ваљадолид (Valladolid). 

Сместување

Hacienda Paradise Boutique Hotel, Playa del Carmen 1 ноќ

Место

  • Плаја дел Кармен (Playa del Carmen)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Факултативен излет на еден од најубавите Карипски острови кој никако не смее да се пропушти! Исла Холбош (Isla Holbox) е мал тропски рај без асфалтирани улици, автомобили, бука... На островот не се дозволени автомобили, па го истражуваме со велосипеди и голф колички. Шармира со ниските шарени мали куќички и барови кои ја красат белата песочна плажа, а кристално чистата тиркизна вода е прошарана песочни насипи среде море кои наѕираат во бескрајното синило. Попатно застануваме и на Isla Pasion, ненаселено малечко островче познато по чудесниот биоверзитет - пеликани, фламингоси и шарени егзотични птици! Ден исполнет со мнооогу уживање и авантура!

Сместување

Hacienda Paradise Boutique Hotel, Playa del Carmen 1 ноќ

Место

  • Плаја дел Кармен (Playa del Carmen)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Факултативен излет и посета на далеку прочуениот и познатиот остров Исла Мухерес (Isla Mujeres). Пловиме со катамаран по тиркизното Карипско море со коктели во рака и се забавуваме на бродот до пристигнување на островот. По пристигнувањето ја истражуваме Исла Мухерес и време е за уживање на островот кој е посветен на мајанската божица Ишел, островот на љубовта и плодноста. Овој остров, светски познат е оддалечен од Јукатанскиот полуостров само тринаесет километри и е совршено место за вистинско доживување на Мексиканските Кариби! Уживаме и на најпозната плажа Playa Norte која со години прогласувана за ТОП10 најубави плажи на светот. 

Сместување

Hacienda Paradise Boutique Hotel, Playa del Carmen 1 ноќ

Место

  • Плаја дел Кармен (Playa del Carmen)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Факултативен излет Rio Lagartos и Las Coloradas! Овие две места доаѓаат на ред како потполно откровение во Мексико! Розевата лагуна, јато фламингоси, пловење со бродче низ мангрова шума, спа на мајански начин и дружење со крокодили!! 

Сместување

Hacienda Paradise Boutique Hotel, Playa del Carmen 1 ноќ

Место

  • Плаја дел Кармен (Playa del Carmen)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Ден посветен за Мексичките Малдиви! Одиме на факултативниот излет Бакалар, местенце кое се наоѓа на самиот југ на државата на Quintana Roo, на границата со Белизе. Со оглед на тоа што Бакалар се наоѓа надвор од туристичкиот дел на Јукатан и далеку од туристичките гужви сеуште е неистражено скриено богатство и нуди автентично доживување. Бакалар е место со необјаснива убавина благодарение на езерото кое се нарекува "Лагуната со седум бои". Ова прекрасно езеро како што посочува и неговото име, се прелива во седум нијанси сино кои се менуваат во текот на денот и на различни длабочини. Се восхитуваме на чистината и убавината на езерото и уживаме во спокојот кој маѓепсува на ова место.

Сместување

Hacienda Paradise Boutique Hotel, Playa del Carmen 1 ноќ

Место

  • Плаја дел Кармен (Playa del Carmen)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Напуштање на сместувањето и трансфер до аеродром. Лет од Канкун до Истанбул во 14:25h. (TK181). 

Превоз

  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Канкун – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Плаја дел Кармен (Playa del Carmen)
  • Канкун (Cancun)
  • Истанбул

Храна

  • Континентален појадок × 1

Пристигнување во Истанбул во 10:10h. по локално време. Преседнување на лет за Скопје во 20:20 часот (TK1005). Пристигнување во Скопје во 19:45h. . Крај на патувањето.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Истанбул
  • Скопје

Поаѓања и цени

Во овој момент немаме поаѓања за оваа тура.

Што е вклучено

Сместување

Hacienda Paradise Boutique Hotel, Playa del Carmen Пример 9 ноќи

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Канкун (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместување
  • Трансфер од сместување до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Канкун – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Храна

9 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за Мексико

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Тулум (Tulum) и Коба (Coba)

Тулум (Tulum) и Коба (Coba)
Цена: 85,00 EUR

Тулум е еден од последните изградени мајански градови пред доаѓањето на Шпанците и еден од последните мајански градови кој се наоѓа на самиот брег. Град кој останал релативно зачуван и сеуште тука може да се видат кули за набљудување, храмови посветени на богот Чак и резервоари со вода која ја користеле Маите. Слушаме приказни и се соживуваме со еден цел нов свет и нова култура. Авантурата продолжува во Коба или градот изгубен во џунгла.. Во среде густа тропска џунгла се појавува бисерот на Коба од кое ни застанува здивот- пирамидата која штом се искачиме гледаме како бујната зелена вегетација го проголтала овој град и се протега до недоглед. Се возиме низ џунглата со точаци или со не возат со трикцикли за доживувањето да е уште позабавно! Доколку е дозволено ќе имаме прилика и да се искачиме на пирамидата висока 42m (во останатите археолошки наоѓалишта забрането е качување по пирамидите) и да уживате во погледот на непрегледната џунгла. Денот го завршуваме во Тулум на плажа! Една од најубавите плажи и места на Карибите. Мноогу егзотика измешана со бохо стил, eco-chic хотели, барови и ресторани, бел песок, тиркизното Карипско море како од разгледница, laid back атмосфера и високи палми кои ги допираат облаците. Во цената на излетот е вклучено: превоз, влезници за археолошките наоѓалишта, локален водич и ручек

Четири сеноти

Четири сеноти
Цена: 75,00 EUR

Во оваа авантура ќе посетиме уникатните природни подземни базени кои ги има само тука на светот! Ќе уживаме во длабокото синило и освежителната вода. Некогаш во овие сеноти Маите им принесувале дарови на нивните богови, и биле портал кон подземниот свет. Сега сенотите важат за прекрасни, извајани од природата атракции и се совршено место за уживање. Потоа одиме на една од најубавите плажи на Карибите. Во цената на излетот е вклучено: превоз, посета на сенотите, претставник од агенцијата и ручек.

Чичен Ица (Chichen Itza)

Чичен Ица (Chichen Itza)
Цена: 95,00 EUR

Ја посетуваме една од најпознатите Мајански пирамиди која е прогласена за едно од Седумте Светски Чуда! На овој излет ќе научиме нешто повеќе за културата на Маите, ќе го разгледаме целиот комплекс, кој освен пирамдата вклучува и терен за „мајански фудбал“, опсерваторија и други храмови. А како доказ, во пасошот добиваме печат дека сме посетиле светско чудо! :) Исто така, ќе имаме прилика да се избањаме и во една од најубавите сеноти на полуостровот Јукатан. На враќање од излетот правиме кратка пауза за да го видиме градот Ваљадолид (Valladolid). Шаренолико градче во шпански колонијален стил како од филм! Несомнено за сите е љубов на прв поглед со своите ниски пастелни куќички кои водат до прекрасниот плоштад спроти катедралата која како убавица го краси и го чува ова место. Во цената на излетот е вклучено: превоз, влезници за археолошкиот комплекс и сенотите, локален водич и ручек.

Исла Холбош (Isla Holbox)

Исла Холбош (Isla Holbox)
Цена: 105,00 EUR

Малечко островче како мал рај среде Карипско море, без асфалтирани улици, автомобили, бука и масовен туризам. Шармира со ниските шарени мали куќички, мурали и хипстерски/бохо барови и ресторанчиња. На островот не се дозволени автомобили, па го истражуваме со велосипеди и голф колички. Уживаме во неговите плажи за кои со сигурност можеме да потврдиме дека се едни од најубавите на #ЦЕЛСВЕТ. Кристално чиста тиркизна вода со бел песок и песочни насипи среде море кои наѕираат во бескрајното синило. Кога некој ќе не праша кој факултативен излет не смее да се пропушти во Мексико, одговараме дефинитивно Исла Холбош! :). Попатно застануваме и на Isla Pasion, ненаселено малечко островче познато по чудесниот биоверзитет. Пеликани, фламингоси, егзотични птици - вистински тропски рај. Во цената на излетот е вклучено: превоз, претставник од агенцијата и ручек.

Исла Мухерес (Isla Muјeres)

Исла Мухерес (Isla Muјeres)
Цена: 90,00 EUR

Самото пристигнување до Исла Мухерес е вистинско доживување, а за островот мора да се уверите сами, бидејќи со ниедна слика не може да се долови убавината и енергијата на овој остров чија најпозната плажа Playa Norte е со години прогласувана за ТОП10 најубави плажи на светот. Пловиме со катамаран по тиркизното Карипско море со коктели во рака додека не милува карипското сонце и се забавуваме на бродот до пристигнување на островот. По пристигнувањето ја истражуваме Исла Мухерес и време е за уживање на островот кој е посветен на мајанската божица Ишел, островот на љубовта и плодноста. Овој остров, светски познат е оддалечен од Јукатанскиот полуостров само тринаесет километри и е совршено место за вистинско доживување на Мексиканските Кариби! По пристигнувањето на островот имаме buffet ручек, пливаме, танцуваме и пиеме коктели. Потоа одиме на плажата Плаја Норте (Playa Norte) која е најпознатото место на островот. Купуваме сувенири на локалното пристаниште и го шетаме шармантното шарено градче. Во цената на излетот е вклучено: превоз, возење со катамаран, алкохолни и безалкохолни пијалоци на катамаранот, ручек, претставник од агенцијата.

Рио Лагартос (Rio Lagartos) и Лас Колорадас (Las Coloradas)

Рио Лагартос (Rio Lagartos) и Лас Колорадас (Las Coloradas)
Цена: 110,00 EUR

Кулминација на патувањето доживуваме со факултативниот излет каде го посетуваме розевото езеро и храниме крокодили и се восхитуваме на розевите фламингоси! Возбудлив ден исполнет со многу адреналин и нереални пејзажи!

Излетот го започнуваме со пловење со бродче по Rio Lagartos низ густа мангрова шума каде гледаме многу егзотични птици и фламингоси! Се бањаме на начинот на Маите односно го мачкаме целото тело со бела глина, правиме пилинг или што многумина би рекле спа на мајански начин :)! Ручаме и авантурата ја продолжуваме во Las Coloradas, односно во срцето на Јукатанскиот полуостров до така нареченото розево езеро или розева лагуна опкружена со насипи од бела сол! Вистинскo чудо на природата и фасцинантна глетка ! Розовата боја на водата доаѓа од големиот број планктони со изразен црвен пигмент кои воедно ја прочистуваат водата, но и поради големата концентрација на сол. Невообичаената боја привлекува големо внимание и буквално прави да се чувствуваме како да сме на некоја друга планета.

За крај доаѓа највозбудливиот дел од авантурата, фармата на крокодили! Гушкаме бебиња крокодили и ги храниме големите крокодили! Најхрабрите може и да ги погалат :)! Едно од најинтересните доживувања во Вашиот живот! Во цената на излетот е вклучено: превоз, претставник од агенцијата, возење со бродче, ручек и сите влезници.

Бакалар (Laguna de los Siete Colores)

Бакалар (Laguna de los Siete Colores)
Цена: 105,00 EUR

Добредојдовте на Мексичките Малдиви! Одиме на Бакалар, местенце кое се наоѓа на самиот југ на државата на Quintana Roo, на границата со Белизе. Со оглед на тоа што Бакалар се наоѓа надвор од туристичкиот дел на Јукатан и далеку од туристичките гужви сеуште е неистражено скриено богатство и нуди автентично доживување. За разлика од Тулум, Канкун и Плаја дел Кармен, ова место не се наоѓа на Карипското море туку во внатрешноста. Бакалар е место со необјаснива убавина благодарение на езерото кое се нарекува "Лагуната со седум бои". Ова прекрасно езеро како што посочува и неговото име, се прелива во седум нијанси сино кои се менуваат во текот на денот и на различни длабочини. Се восхитуваме на чистината и убавината на езерото и уживаме во спокојот кој маѓепсува на ова место. По езерото пловиме со бродче и се мачкаме со лековита кал. Во цената на излетот е вклучено: превоз, претставник од агенцијата, возење со бродче, ручек.

Сместување

Hacienda Paradise Boutique Hotel, Playa del Carmen

Hacienda Paradise Boutique Hotel, Playa del Carmen
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Hacienda Paradise Hotel e хотел со 4* (по локална категоризација) кој се наоѓа на една од најдобрите локации во Плаја дел Кармен. Позициониран веднаш до 5-та авенија, најважната улица за ова Мексиканско градче, пешачка зона со многу кантини, ресторани, кафичи и продавници и улица која лежи паралелно со плажата. Се наоѓаме на еден блок (2 мин.) од 5-та авенија и на два блока (5 мин.) од плажа. Одлична локација за сé да ни е блиску. Веднаш до хотелот има голем трговски центар (Quinta Alegria Shopping Mall), маркети, аптека, менувачница, барчиња и ресторанчиња. Значително помирна улица од 5-та авенија без бука за одмор.
Надворешниот базен и бујната вегетација околу него, прават мала оаза за дружење и релаксирање по дневните активности.
Собите се уредени во во традиционален и автентичен стил, пространи и чисти. Располага со двокреветни соби со сопствен тоалет, TV, сеф и wi-fi. Услугата е на база на ноќевање со појадок.

Вебсајт http://haciendaparadise.com/

Адреса Avenida 10 Nte. entre calles 20 y 22 Centro
Gonzalo Guerrero
77710 Playa del Carmen
Q.R.
Mexico

Останати поаѓања за Дестинации

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Корисни информации поврзани со Ковид-19 и услови за патување и влез во државата

За влез во Мексико не е потребен ниту ПЦР тест, ниту вакцина против Ковид-19.

Секој патник за Мексико задолжително треба да ја пополни и следнава форма: https://www.inm.gob.mx/fmme/publico/en/solicitud.html

За влез во Мексико на Македонски граѓани им е потребна виза. Повеќе информации за вадењето на виза можете да добиете во нашите канцеларии.

Ве молиме сите овие информации, пред патување, уште еднаш проверете ги со претставници на нашата агенција. Агенцијата не сноси одговорност во случај на погрешни информации наведени на нашиот сајт, поради промена на регулативата за влез во државата, од моментот на објавување на овие информации, до моментот на патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.