Добредојдовте на огромниот континент кој нуди за секого по нешто. Од поларни мечки во арктичката тундра и Канада, до сончевите плажи и корали на Карибите. Од исток до запад градовите како што се Лос Анџелес, Сан Франциско, Њујорк, Бостон, Портланд, Орегон, Торонто и други, изгледаат како да немаат ништо заедничко, но имаат, сите тие се наоѓаат на ист континент.
На границата помеѓу САД (USA) и Канада (Canada) ќе уживате во едно од најпосетените чуда на природата, Нијагарини водопади, а погледот на најголемиот кањон во светот Гранд Кањон ке ви го одземе здивот. Кога патувате низ толку голем континент чувствувате влијанија на разни култури, Навахо Индијанците во Аризона, домородските заедници во запуштените делови на Алјаска и француското влијание во Канада. Со локалното население можете да разговарате на дури 100 различни јазици и во 6 временски зони. Авантурата во Северна Америка нуди се во едно, нереални плажи, национални паркови, раздвижени градови, микс на сите кујни на светот и се тоа на само еден континент...