Соединетите Американски Држави

Соединетите Американски Држави

САД -- земјата на неограничени можности и незаборавни авантури! Со 50 држави, секоја со своја магија, посета на САД е сонот на секој светски патник, нудејќи градски метрополи, природни чуда и културни богатства.

Западното крајбрежје блеска со Калифорнија, домот на Холивуд, Сан Франциско и Националниот парк Јосемити (Yosemite). Вашингтон го краси Сиетл и сите негови модерни достигнувања, додека Орегон плени со вулкани и живописни шуми.

Во југозападниот дел, не чекаат Големиот Кањон, шарениот свет на Ново Мексико, и стотици возбудливи авантури во пустините на Невада и Јута.

На источниот брег, откријте го шармот на Масачусетс, долгата историја на Вашингтон, и природната убавина на Мејн

Секако ни една посета на САД не е целосна без посета на Њујорк, градот што никогаш не спие, каде се наоѓа Times Square, Broadway, Empire State Building и познатата Статуа на слободата.

Дали сте подготвени за најновата Jungle авантура, за патување во земја што ќе ве фасцинира со својата големина, култура и незаборавни моменти. 

Добредојдовте во САД – вашата следна голема авантура! 🌍✈️

Поаѓања

Патувања