Најновата Jungle авантура во Градот што никогаш не спие!! -- Њујорк 🗽✨
Ги посетуваме најиконските места на #целсвет -- од срцето на Њујорк -- Times Square, лудиот Broadway, до врвот на светот Empire State Building и познатата Статуа на Слободата!!! Градот што го инспирира цел свет е подготвен да ве прими со својата луда енергија, долга историја и урбан шик.
Ова патување е вашата шанса да го доживеете Њујорк во целата негова раскош!
Подгответе се за авантура што ќе ве остави без здив! 🌍✨
✨ 8 ПОСЕТИ ВКЛУЧЕНИ ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ! ✨
- Превоз
- Авион, Локален трансфер
- Сместување
- Хотел
- Организатор
- ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
- Дестинации
- Северна Америка, Соединетите Американски Држави
- Код на патување
- US11
- Тежина
- Погодно за деца
- Да
План и програма
Состанок на Меѓународниот аеродром во Скопје, два часа пред летот. Разговараме за егзотични дестинации и со нетрпение го чекаме нашиот лет. Лет од Скопје до Њујорк со кратко преседнување во Истанбул. Одиме на западот во градот кој што никогаш не спие!! Авантурата може да започне!!! Пристигнуваме во Њујорк во попладневните часови, имаме трансфер до нашето сместување. Имаме слободно време да го истражиме нашиот нов дом -- излегуваме на вечера, а потоа можеме да продолжиме на пијачка на некој руфтоп. Ноќевање
Превоз
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Њујорк (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж.
- Трансфер од аеродром до сместување.
Сместување
Хотел со 3* во Менхетн 1 ноќ
Место
- Скопје
- Истанбул
- Њујорк
Започнуваме со нашата авантура во урбаната џунгла -- Њујорк!! Започнуваме со срцето на градот и првата асоцијација за Њујорк -- Тајмс Сквер (Times Square). Заштитниот знак на големото јаболко -- светкав и блескав со илјадници билборди, вистинско филмско доживување. Веднаш до него познатиот Бродвеј, каде што ја почувствувате магијата на театарот -- театри со светско познати мјузикли, кина, гламурозни ресторани и барови. Оттука продолжуваме во Rockefeller Center -- најубавиот Арт Дек проект во Њујорк, и познатиот Брајант Парк кој несомнено ќе го препознаете од многу филмски сцени. Продолжуваме со прошетка низ Grand Central станицата -- една од најголемите станици на #целсвет и шармантниот West Village, каде што градот добива поинтимна нота -- опколени сме со стотици галерии, хипстерски кафлуиња и прекрасни ресторани. Место кое ве прави филмски ѕвезди, каде се снимани стотици филмови и серии како „Сејнфелд“, „Пријатели“, „Сексот и градот", како и познатата Magnolia Bakery! Враќање во сместување и ноќевање.
Сместување
Хотел со 3* во Менхетн 1 ноќ
Факултативни излети
Се упатуваме кон Battery Park. Се качуваме на фери и се упатуваме кон познатиот остров на слободата (Liberty Island), каде се наоѓа еден од главните симболи на Њујорк -- Статуата на слободата (Statue of Liberty). Уживаме во прекрасаниот панорамски поглед кон Њујорк и нашата авантура ја продолжуваме кон Lower Manhattan -- тука се наоѓа финансиското срце на светот, познатиот Wall Street. Ја посетуваме познатата берза, Zucotti паркот и споменикот на бикот. Продолжуваме во можеби и најпознатиот дел во овој дел на градот -- култната населба СоХо. Населба позната по своите уметнички галерии, upscale бутици и уникатна архитектура. Нашиот ден го завршуваме со лабава прошетка на зајдисонце по познатиот Brooklyn Bridge -- мост кој ги поврзува Manhattan и Brooklyn. По нашата авантура се враќаме во нашето сместување, вечерта излегуваме во некои од локалните барови на пијачка или ручек. Ноќевање.
Сместување
Хотел со 3* во Менхетн 1 ноќ
Факултативни излети
Овој ден е резервиран за посета на некои од најпознатите музеи во Њујорк -- одбираме помеѓу: The Metropolitan Arts Museum или Natural History Museum. Метрополитскиот музеј на уметноста, попознат како THE MET, e еден од најголемите и најпрестижните музеии на светот. Се наоѓа на позната петта авенија и е дом на повеќе од 2 милиони уметнички дела. Од египетски артефакти, до европски-ремек дела на Ван Гог, Рембрант и Пикасо! Потоа се селиме во Централ Парк -- во чија околина се наоѓа Американскиот музеј на природна историја. Овој музеј е дом на огромни фосили на диносауруси, животни од целиот свет, минерали, метеорити, интерактивни експонати од вселената и што ли уште не. Најпознатата атракција која не пречекува на самиот влез во музејот е скелет на Тираносаурус и огромниот дијамантски слон. Ноќевање
Сместување
Хотел со 3* во Менхетн 1 ноќ
Факултативни излети
Рано наутро тргнуваме на факултативен излет до Вашингтон - главниот град на САД. Започнуваме со посета на International Trade Center (Mеѓународниот Трговски Центар) и зградата на Роналд Реган (Ronald Regan Building), околу овие две згради се наоѓаат сите главни атракции на градот, како Капитол зградата (Capitol Building), Белата куќа (White House), споменикот на Вашингтон (Washington Monument) и споменикот на Линколн (Lincoln Memorial). Шетаме по најпознатата авенијата во градот -- авенијата Пенсилванија, каде се наоѓа споменикот -- Иво Џима, Меморијалот на корејските воени ветерани и споменикот на виетнамските воени ветерани. Нашата авантура ја завршуваме во познатиот Smithsonian NASA Museum -- каде се запознаваме повеќе со работата на оваа позната инститиуција и свеленската трка. Ноќевање.
Сместување
Хотел со 3* во Менхетн 1 ноќ
Факултативни излети
Нашата авантура ја започнуваме во историскиот Харлем, маало познато по своето богато културно наследство и џез-историја. Го посетуваме познатиот Аполон театар, легендарно место каде што многу музички икони ја започнале својата кариера. Шетаме по шармантните улици и пиеме кафе во некој од локалните кафлулиња. Ја посетуваме и познатата Африканската методистичка епископска црква -- која е изградена во познатата Харлемска ренесанса. Продолжуваме кон Централ Парк, зелената оаза на Њујорк. Започнуваме со прошетка низ Бетесда терасата и фонтаната, еден од најфотографираните делови на паркот. Шетаме низ паркот и денот го завршуваме на Sheep Meadow, идеално место за пикник и уживање во погледот кон силуетата на градот. Ноќевање
Сместување
Хотел со 3* во Менхетн 1 ноќ
Факултативни излети
Го напуштаме нашето сместување. Имаме слободно време да прошетаме низ Њујорк, да докупиме уште по некој сувенир и да посетиме уште некое култно место или руфтоп. Вечерен трансфер од хотел до аеродром.
Превоз
- Трансфер од сместување до аеродром.
Место
- Њујорк
Лет од Њујорк до Истанбул. Пристигнување во Истанбул. Преседнување на лет за Скопје. Пристигнување во Скопје во вечерните часови. Крај на патувањето.
Превоз
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Њујорк - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж.
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Место
- Њујорк
- Истанбул
- Скопје
Поаѓања и цени
Што е вклучено
Превоз
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Њујорк (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж.
- Трансфер од аеродром до сместување.
- Трансфер од сместување до аеродром.
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Њујорк - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж.
- Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
Не е вклучено
- Меѓународно здравствено осигурување (може да се уплати во агенцијата)
- Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
- Виза за САД
Факултативни излети
Soho, Liberty Island, Wall Street & Brooklyn Bridge
Museum Day
Washington D.C.
Сместување
Хотел со 3* во Менхетн
Корисни информации
Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.
Важни напомени
Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.