Тајланд - Пукет од Скопје

Тајланд - Пукет од Скопје

цена од
1.349
EUR ,00
траење
10 дена
Пријави се Барање
Барање

Одиме во „земјата на насмевките“, во скапоцениот камен на Југоисточна Азија, одиме во Тајланд (Thailand)! Уживаме на југот на оваа прекрасна земја на најпознатиот и најголемиот остров – Пукет (Phuket). Егзотични плажи со бел мек песок и тиркизна вода, луд ноќен живот, будистички храмови, живописни локални места, ресторани и мали острови во близина со недопрена природа. Многумина Пукет (Phuket) ќе го опишат како рај за хедонисти, а неговата природна убавина – чиста егзотика!


Рута
Скопје
Истанбул
Пукет
Истанбул
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
Дестинации
Азија, Тајланд
Код на патување
TH32
Тежина
Погодно за деца
Да

План и програма

Состанокот на патниците е на Mеѓународниот Aеродром во Скопје два часа пред летот. Вечерен лет од Скопје со Turkish Airlines (ТК1006), со преседнување во Истанбул. Авантурата може да започне! Одиме на местото кое со причина го нарекуваат рајот на земјата!

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Скопје
  • Истанбул

Преседнување на лет за Пукет (Phuket). Пристигнување во попладневните часови. Трансфер до сместувањето. Авантурата започнува! Сместени сме во местото Патонг (Patong). Пукет (Phuket) е најголемиот и најпознат тајландски остров. Капењето, масажите, преубавите плажи, белиот песок, тиркизното топло море, феноменалните зајдисонца и островите кои се во непосредна близина, ќе направат да се чувствувате како во рајот! Време резервирано исклучиво за уживање! Несекојдневен ноќен живот и сцени како од најлудите филмови! 

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Пукет (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Oakwood Journeyhub Hotel Phuket 1 ноќ

Место

  • Истанбул
  • Пукет

Слободно време за уживање и одмор во магијата на тропскиот остров и неговите најубави плажи! Сончање, масажи, овошје и коктели

Сместување

Oakwood Journeyhub Hotel Phuket 1 ноќ

Место

  • Пукет

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативен излет на островот Пи Пи (Koh Phi Phi) каде е сниман филмот “The Beach”. Егзотични пејсажи кои потполно ќе ве остават без здив.

Сместување

Oakwood Journeyhub Hotel Phuket 1 ноќ

Место

  • Пукет

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Ден резервиран за факултативен излет и посета на Големиот Буда и будистичкиот храм Чалонг (Wat Chalong). Одиме на лесен трекинг низ бујната вегетација каде се запознаваме со преубавата природа на овој остров. Кај Големиот Буда слушаме приказни за будизмот и културното наследство на Тајланд. Уживаме во најубавиот поглед на островот! Потоа го посетуваме будистичкиот храм Чалонг каде ќе имаме можност да видиме будистички монаси кои се заштитен знак на секој храм. Доколку имаме време може да застанеме попатно на некоја од плажите за краток одмор.

Сместување

Oakwood Journeyhub Hotel Phuket 1 ноќ

Место

  • Пукет

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Факултативен излет на Џејмс Бонд островот (James Bond Island). Ова островче е дел од архипелагот на помали варовнички острови – карпи, кои се издигнуваат од морето и во кои се скриени пештери богати со сталактити и сталагмити.

Сместување

Oakwood Journeyhub Hotel Phuket 1 ноќ

Место

  • Пукет

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Слободен ден или можност за посета на Рајската плажа (Paradise beach) или некоја друга прекрасна плажа која не сме ја посетиле дотогаш. За оние кои преферираат дополнителни активности, постои можност за организирање на некои од факултативните излети (Tiger Kingdom, Monkey hill итн.) 

Сместување

Oakwood Journeyhub Hotel Phuket 1 ноќ

Место

  • Пукет

Храна

  • Континентален појадок × 1

Нема да најдете поинтерактивно и побогато искуство од поминување квалитетно време со слоновите. Оваа можност еднаш во животот да се сретнете со овие нежни гиганти во Пукет, Тајланд, никогаш нема да ја заборавите!
Овде можете да поминете малку време со слоновите, или во вода или на плажа или и двете. Тоа е прекрасно искуство за создавање спомени кои никогаш нема да ги заборавите. Денот го продолжуваме на една од најубавите плажи на Пукет – Naiharn!

Сместување

Oakwood Journeyhub Hotel Phuket 1 ноќ

Место

  • Пукет

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Го напуштаме сместувањето во претпладневните часови. Купуваме сувенири, пиеме кафе, пиеме уште по некој Chang или Singhа, ја чуствуваме лутината на на tom yum супата, грицкаме pad thai на улица и се збогуваме со земјата на насмевки. Вечерен трансфер до аеродром. Лет до Скопје со преседнување.

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Пукет – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Пукет

Храна

  • Континентален појадок × 1

Пристигнување во Истанбул. Преседнување на утринскиот лет за Скопје. Пристигнување во Скопје. Крај на патувањето.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Место

  • Истанбул
  • Скопје

Поаѓања и цени

Во овој момент немаме поаѓања за оваа тура.

Што е вклучено

Сместување

Oakwood Journeyhub Hotel Phuket Пример 7 ноќи

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Пукет (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Пукет – Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со вклучен багаж

Храна

7 × Континентален појадок

Не е вклучено

  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за Тајланд со еден влез и услуга за визирање

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Островите Пи Пи (Koh Phi Phi), Maya Bay и Коh Khai

Островите Пи Пи (Koh Phi Phi), Maya Bay и Коh Khai
Цена: 50,00 EUR

Поаѓање во утринските часови и трасфер до пристаништето. Пристигнуваме на архипелагот на островот Пи Пи, каде е сниман филмот “The Beach”. Го посетуваме заливот Маја (Maya bay), дијамант и симбол на овие острови и застануваме да ја видиме Пилеј лагуната (Pileh lagoon). Уживаме во капењето и тиркизното море. Поминуваме покрај Викингшката пештера (Viking cave) и слушаме приказни за древните пирати. Пристигнуваме на плажата на мајмуните (Monkey beach) каде постои можност да храниме мајмуни. Слободното време го користиме за нуркање во прекрасната тиркизна вода и пливање со рипчињата со необични бои. Пауза за ручек на Пи Пи Дон (Phi Phi Don). За крај го оставаме островот Каи (Koh Khai), хипи оаза, каде ќе се опуштиме со освежителни коктели и звукови на реге музика. Враќање во сместувањето во попладневните часови. 

Во цената на излетот е вклучено: повратен трансфер до пристаништето, возење со брод, ручек без конзумација на пијалок, маска за нуркање, влезница за национален парк Maya bay, претставник од агенцијата, локален водич.

Храмот на Големиот Буда и Будистичкиот Храм Чалонг

Храмот на Големиот Буда и Будистичкиот Храм Чалонг
Цена: 45,00 EUR

Ден резервиран за посета на Големиот Буда и будистичкиот храм Чалонг (Wat Chalong). Го разгледуваме Големиот Буда слушаме приказни за будизмот и културното наследство на Тајланд. Уживаме во најубавиот поглед од островот! Потоа го посетуваме будистичкиот храм Чалонг, каде ќе имаме можност да видиме будистички монаси, кои се заштитен знак на секој храм. Денот го продолжуваме на една од најубавите плажи на островот Karon.

James Bond островот и Нака Јаи

James Bond островот и Нака Јаи
Цена: 55,00 EUR

Поаѓање во утринските часови и трансфер до пристаништето. Закуска и кафе додека добиваме вовед за претстојниот ден од локалниот водич. Одиме на Џејмс Бонд авантура со брод! Најпрво го посетуваме островот Панак (Panak), каде што со кану ќе започнеме да ја истражувате пештерата и ќе уживаме во убавината на заливот!

Продолжуваме до островот Џејмс Бонд или Као Тапу и Као Финг Кан. Овој мал остров т.е. карпа, станал популарен во 1974 година кога е снимен филмот ,,Човекот со златниот пиштол’’ James Bond 007.

Оттаму одиме на островот Панје (Koh Panyee) каде одмораме и ручаме, а по ручекот го истражуваме селото (Panyee Floating Village), традиционално пловечко село каде ќе прошетаме и ќе видиме како живеат локалците среде море.

Го посетуваме и островот Нака познат по својата прекрасна плажа со бел песок каде совршено ќе ни заврши оваа авантура. Од островот Нака, се враќаме во пристаништето во Пукет и трансфер назад до хотелот.

Во цената на излетот е вклучено: трансфер од хотелот до пристаништето и назад, возење со speed boat, возење со кану, ручек без вклучени пијалоци, преставник од агенцијата, локален водич.

Капење со слонови и плажата Naiharn

Капење со слонови и плажата Naiharn
Цена: 60,00 EUR

Едно од најзабавните и најинтерактивните искуства поминати со овие нежни џинови! Авантура која никогаш нема да ја заборавиме! Си играме со слончињата, ги галиме, ги бањаме и уживаме во прекрасната плажа и живописна природа! Денот го продолжуваме на една од најубавите плажи на Пукет – Naiharn!

Сместување

Oakwood Journeyhub Hotel Phuket

Oakwood Journeyhub Hotel Phuket
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Oakwood Hotel Journeyhub Phuket е хотел со 4* лоциран во Патонг, на помалку од 1 км од плажата Патонг (околу 10 минути пешки) на помирна локација за вистински одмор. Во рамките на хотелот има ресторан, надворешен базен и фитнес центар. Хотелот располага со двокреветни и трикреветни климатизирани соби. Секоја соба има сеф, ТВ и сопствен тоалет и Wi-Fi. Услугата е на база ноќевање со појадок. Во близина е плажата Калим и трговскиот центар Јунгцејлон. 

Вебсајт https://www.oakwood.com/thailand/phuket/hotel-phuket

Адреса 240/8
Pungmuang Sai Kor Road
Tambon Patong
Kathu District
Phuket
83150 Patong Beach
Thailand

Останати поаѓања за Дестинации

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Корисни информации поврзани со Ковид-19 и услови за патување и влез во државата

Вакцинирани патници: Потврда за целосна вакцинација (минимум 2 дози) против Ковид-19! 

Невакцинирани патници: Негативен ПЦР тест за Ковид-19 не постар од 72 часа пред времето на поаѓање (време на полетување од Скопје). Тестот треба да биде издаден на англиски јазик, да го содржи името и адресата на лабараторијата каде истиот е направен, да покажува јасен негативен резултат и јасно да биде напишан датумот и времето на земање на примерокот. 

Ве молиме сите овие информации, пред патување, уште еднаш проверете ги со претставници на нашата агенција. Агенцијата не сноси одговорност во случај на погрешни информации наведени на нашиот сајт, поради промена на регулативата за влез во државата, од моментот на објавување на овие информации, до моментот на патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.