Танзанија и Занзибар од Скопје

Танзанија и Занзибар од Скопје

цена од
1.599
EUR ,00
траење
11 дена
Пријави се Барање
Барање

Одењето на сафари во Африка е едно од бесценетите и незаборавните искуства што може да ги има некој во животот.. Неверојатно патување со пејзажи слични на соништа до сведочење на животниот циклус, додека во позадина ни оди познатиот саундтрак на филмот „Кралот лав“ :).

Зборот „сафари“ на свахили значи патување, а за остатокот од светот сафари е збор што означува патување за кое живееме. Уникатно искуство што ни ја отсликува хармонијата на Африка, која нè учи на кругот на животот..

Насмеаното племе ве носи на авантура во мама Африка – планини, живописна природа, сафари во еден од најпознарите Национални паркови и магичните плажи на Занзибар...

Одиме во ДВА Национални паркови: НП Тарангир и НП Нгоронгоро кој се наоѓа во вулкански кратер! Денес кратерот е вистински рај за над 30.000 диви животни и се смета за најгусто „населен“ национален парк. Дом на гепарди, црн носорог, зебри и биволи, додека од друга страна ги демнат лавови и хиени.. На југозападната страна на паркот се наоѓа езерото Магади, кое е живеалиште на фламинго и нилски коњи..

Патувањето го продолжуваме на Занзибар во Кендва најпознатото и најубавото место на Занзибар за чилање на плажа и полнење батерии.. Уживање на плажа со бел најситен песок, палми и бесконечниот тиркизен Индиски океан. Десетици барчиња и клубови на плажа, добра храна, ефтино пиво и Коњаги - локална ракија од шекерна трска, еден од најпознатите производи на Танзанија. Ќе уживаме во африканската кујна, и ќе се прејадеме од на папаја, ананас, банани и кокос.. Сместени сме на сама плажа каде навечер во песок се ставаат маси и столчиња, се палат свеќи и оган и се вечера под отворено небо, додека свири Афричка музика.  

Од Кендва ја истражуваме питомата џунгла на островот, веселите села, пливаме со делфини на југот од островот, гушкаме џиновските желки, единствените жители на островот Prison Island. Воодушевено ќе го истражуваме главниот град и лавиринтот на камените улици.. Хаотична атмосфера, ценкање, бука, деца, месо, зачини, свежо овошје, мирис на риба, жени кои се шетаат со садови врз глава и се останато што ќе ви падне на памет, на едно место. Жива и динамична атмосфера. Stone Town е главниот и единствен град во Занзибар кој речиси не се променил во последните 200 години, а во него ќе најдеме траги од на бурното минато. Пред само 100-тина години во Stone Town, постоел најголемиот пазар на робови каде што биле носени робови од цела Африка.. Одиме и на Накупенда - пуст остров (песочна дина) која од градот е одалечена само 25 минути возење со бродче.. Како на цртан филм, бел прашкаст песок, опколен со корален гребен и тиркизна лагуна - најегзотичната “плажа“ која ја имате видено во животот..

Африканска приказна полна со адреналин, хедонизам и авантура! Одиме?


Рута
Скопје
Истанбул
Аруша
Кендва (Kendwa)
Истанбул
Скопје

Превоз
Авион, Локален трансфер
Сместување
Хотел, Guesthouse, Вила
Организатор
ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ Скопје, Македонија
Дестинации
Африка, Занзибар, Танзанија
Видови патувања
Експедиции
Код на патување
TZ34
Тежина
Погодно за деца
Да

План и програма

Состанокот на патниците е на Mеѓународниот Aеродром во Скопје два часа пред лет. Утрински лет од Скопје за Истанбул. Пристигнување во Истанбул и преседнување на лет за Килиманџаро во попладневните часови.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со 2x 23кг. чекиран и 8кг. рачен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Килиманџаро (Turkish Airlines), во економска класа со 2x 23кг. чекиран и 8кг. рачен багаж

Место

  • Скопје
  • Истанбул

Пристигнување во Аруша (Arusha) во утринските часови (околу 03:00 часот наутро), по што следи трансфер до сместувањето. Во хотелот ја плаќаме и претходната ноќ, што значи дека веднаш по доаѓање во хотел, можеме да влеземе во собите. Одмараме, се освежуваме, појадуваме, па се сретнуваме со нашиот претставник и го одржуваме информативниот состанок. Нашиот претставник ни ја раскажува програмата и ни кажува технички работи кои би требале да ги знаеме на патувањето (каде да смениме пари, каде да пазариме, каде има најдобро јадење, каде и кога има добра забава итн.)
Напладне, заминуваме на нашиот прв излет, со цел да го отвориме ова патување со запознавање на Африка и нејзиното културно наследство! 

Во 1994 година е основан Центарот за културно наследство Аруша кој е всушност првата африканска институција која е посветена на проучување на богатството содржано во африканските културни традиции. Самата градба на Центарот е позната поради специфичниот дизајн и богатството на африканска уметност вклесана во него. Врвот Ухуру на Килиманџаро служел како инспирација за примарната конструкција. Има и извонредна низа рачно изработени предмети, вклучувајќи скулптури од Вердит, уникатни маски и слики од познати африкански уметници. Работата на домородните уметници е видно прикажана во одлична уметничка галерија сместена во Центарот за културно наследство Аруша. 
Го разгледуваме градот, одмараме и уживаме во некое локално ресторанче или бар и застануваме на видиковец од каде се гледа планината Меру, по што се враќаме во сместувањето.

Превоз

  • Трансфер од аеродром до сместувањето

Сместување

Mrimba Palm Hotel Arusha 2 ноќи

Место

  • Аруша

Храна

  • Континентален појадок × 1
  • Вечера × 1

Факултативни излети

По појадокот се одјавуваме од сместувањето и поаѓаме на дводневен факултативен излет - САФАРИ! Ја истражуваме дивината на Африка! Магична авантура со некои од најегзотичните животни на дофат на рацете и пејсажи кои ќе ве магепсаат. Возење во потрага по “големата петорка“, најдивите животни на Африка - илјадници антилопи, зебри и скриените жители на ова единствено место! Се упатуваме кон Националниот парк Тарангир. Името на паркот потекнува од реката Тарангир која го преминува паркот. Реката Тарангир е примарен извор на свежа вода за дивите животни. Зафаќа површина од приближно 2.850 квадратни километри и изобилува со бујна вегетација мешавина од шуми со багрем, тревни површини и баобаб! Паркот е познат како дом на многубројни слонови, а вообичаено се гледаат големи стада од илјадници зебри, биволи, жирафи, газели, мајмуни, бабуни, лавови, леопарди, гепарди..

Сместување

Fanaka Safaris Campsite & Lodges 1 ноќ

Место

  • Аруша

Храна

  • Полн пансион × 1

Факултативни излети

По појадокот се упатуваме кон националниот парк Нгоронгоро со сафари џипови. Нгоронгоро, познат и како круна на Танзанија, е еден од најважните и најубавите национални паркови заради својата поставеност и заради својата флора и фауна. Патуваме околу 3,5 часа, трансфер за кој можеме да кажеме дека авантурата наречена сафари е започната!

Попатно поминуваме покрај големата раседна долина, која се протега од Етиопија, Кенија и Танзанија. Тоа е еден огромен ров, вдлабнатина на Земјината површина која е толку колосална што може да се види од површината на Месечината! По должината на Раседната долина се наоѓаат топли извори кои исфрлаат пареа и врела вода, сведочејќи за метежот кој постои длабоко под земјината површина. Пристигнуваме во Националниот парк околу 10 часот.  

Зборот „сафари“ на свахили значи патување, а за остатокот од светот сафари е збор што означува патување за кое живееме! Уникатно искуство што ни ја отсликува хармонијата на Африка, која нè учи на кругот на животот.. Националниот парк Нгоронгоро е осмото чудо на светот на природата, исто така познат како калдера која привлекува безброј авантуристи од цел свет. Претставува најневеројатниот парк во Танзанија. Се наоѓа во внатрешноста на кратерот на поранешен вулкан кој на дното на кратерот кој има направено плодна долина богата со животински свет..

Бројот на животни во овој парк е навистина фасцинантен. Животни како лавови, зебри, слонови итн. кои мигрираат преку езерото Мајанара, во Националниот парк Серенгети, и кон Кенија - Масаи Мара. Нгорогоро е познат и по фасцинатните црни песочни насипи кои всушнос се пепел од Ол Доињо Ленгаи, вулкан или „Планината на боговите“, како што се нарекуваат Масаите ... Го напуштаме паркот попладне и се упатуваме назад кон Аруша, во сместувањето.

Сместување

Mrimba Palm Hotel Arusha 1 ноќ

Место

  • Аруша

Храна

  • Континентален појадок × 1
  • Вечера × 1

Факултативни излети

По напуштање на сместувањето во Аруша, локален лет и трансфер до Занзибар (Zanzibar). Пристигнуваме на Занзибар (Zanzibar) во претпладневните часови и трансфер до сместувањето во Кендва (Kendwa), туристичко место на север на островот на една од најубавите плажи каде не е изразена плимата и осеката. Вистинско уживање во тиркизниот океан и белиот песок. Откога правиме check-in во собите, имаме доволно време да се освежиме, а потоа излегуваме и на плажа и започнува уживање на Индискиот океан.. Денот го поминуваме на лежалка, комплетно опуштени, уште во неверување каде се наоѓаме :)

Превоз

  • Локален лет од Танзанија до Занзибар

Сместување

Mocco Beach Villas *** 1 ноќ

Место

  • Кендва (Kendwa)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Претпладне одиме на факултативен излет разгледување на Stone Town и истражување на најинтересните атракции – куќата во која живеел Фреди Меркјури (Freddie Mercury), мали и живи улички и плоштади, Старата тврдина, Палатата на чудата, музеи, локални пазари, звуците, боите и мирисите на Африка! Се чувствуваме како да сме дел од National Geographic документарец, а не на одмор... Името Stone Town на свахили значи: “Стар Град”. Градот се наоѓа на листата за светско културно наследство на УНЕСКО од 2000-тата година. По Stone Town, одиме на Prison Island, остров кој се наоѓа северно од градот, а името го добил по местото каде што некогаш се држеле заробеници и робови. Денес ова е мирно место каде ќе уживаме во пливање и дружење со џиновски желки кои се пренесени на ова место во 19-тиот век од Сејшелите. Некои желки се стари преку 100 години, а ние ќе имаме прилика да ги храниме и галиме. Јаготката на шлагот е Накупенда! Песочен насип од околу 2000 метри квадратни песочен рај, опколени со корален гребен и најтиркизниот Индиски океан, без ниедно ресторанче, кафана, или било што друго на нив, како на филм... Далеку сме од масовниот туризам на Европа, далеку од гужви, нема големи бродови и илјадници туристи. Го имаме целиот остров само за нас. Пиеме пиво, слушаме музика и се капеме во најубавата вода што некогаш ја имате видено. Го чекаме зајдисонцето. На враќање, патот ни го осветлува месечината, а ние уживаме во свежиот тропски ветер. Совршен ден на Занзибар! Враќање во сместувањето

Сместување

Mocco Beach Villas *** 1 ноќ

Место

  • Кендва (Kendwa)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Слободно време за уживање во магијата на тропскиот остров и неговите најубави плажи! Сончање, масажи, овошје и морски плодови. Вечерно излегување во некои од beach баровите.

Сместување

Mocco Beach Villas *** 1 ноќ

Место

  • Кендва (Kendwa)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Одиме на авантура во џунглата со зачини. Занзибар во светот е познат и како островот на зачините. При колонизацијата на овој остров, Арапите, познати трговци и морепловци, носеле различни зачини од различни делови на светот. Климата на Занзибар се покажала како совршена за огромен број од нив, па денес на овој магичен остров се наоѓаат неколку џунгли или градини со зачини. Ние ќе ја посетиме најголемата градина и ќе се запознаеме со многу зачини кои Занзибарците ги користат во своите домаќинства. Одиме на авантура каде пливаме во познатата Сина Лагуна (Blue Lagoon) додека се дружиме со најразлчни шарени морски риби и морски ѕвезди. Потоа одиме до ресторанот The Rock каде имаме доволно време да се сликаме, па продолжуваме до “најлабавиот“ и интересниот дел од целиот излет - Kae Funk. Beach Bar во кој според многу луѓе ја има највкусната храна на Занзибар, најдобрата музика и неверојатно вкусни коктели. Има огромни лежалки, места за чил и опуштање. Некаде пред зајдисонце, на самата плажа се пали оган, а во beach bar-от почнува програма, која во овој момент нема да Ви ја откриеме ;) 

Сместување

Mocco Beach Villas *** 1 ноќ

Место

  • Кендва (Kendwa)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

По појадокот, одиме на малиот Занзибарски рај! Тиркизна вода која не може да се спореди со ниедна друга на светот, снежно бел песок и бујна зелена вегетација! Островот Мнемба од неодамна е прогласен за морски резерват, корален атол опкружен со гребени и кристално чистиот Индиски океан. Претставува најпопуларно место за нуркање, со големи живописни корали, како и дом на многубројни подводни желки и делфини. Одиме во авантура на која ќе го истражуваме најинтересниот подводен свет на Занзибар. Враќање во сместувањето и слободно време. Вечерно излегување во некои од баровите.

Сместување

Mocco Beach Villas *** 1 ноќ

Место

  • Кендва (Kendwa)

Храна

  • Континентален појадок × 1

Факултативни излети

Последниот ден по check out-от од сместувањето имаме слободно време да се поздравиме со нашиот нов омилен остров. Ја впиваме енергијата на Занзибар, уживаме на некоја од тропските плажи, пиеме по некој Килиманџаро или Конаги и докупуваме сувенири. Ова е нашиот последен ден. Вечерен трансфер до Аеродром. 

Превоз

  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Занзибар - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со 2x 23кг. чекиран и 8кг. рачен багаж

Место

  • Кендва (Kendwa)
  • Истанбул

Храна

  • Континентален појадок × 1

Лет од Занзибар до Истанбул. Пристигнување во Истанбул. Преседнување на вечерниот лет за Скопје. Пристигнување во Скопје. Крај на патувањето.

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со 2x 23кг. чекиран и 8кг. рачен багаж

Место

  • Истанбул
  • Скопје

Поаѓања и цени

Во овој момент немаме поаѓања за оваа тура.

Што е вклучено

Сместување

Mrimba Palm Hotel Arusha Пример 3 ноќи
Fanaka Safaris Campsite & Lodges Пример 1 ноќ
Mocco Beach Villas Пример 5 ноќи

Превоз

  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Скопје - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со 2x 23кг. чекиран и 8кг. рачен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Килиманџаро (Turkish Airlines), во економска класа со 2x 23кг. чекиран и 8кг. рачен багаж
  • Трансфер од аеродром до сместувањето
  • Локален лет од Танзанија до Занзибар
  • Трансфер од сместувањето до аеродром
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Занзибар - Истанбул (Turkish Airlines), во економска класа со 2x 23кг. чекиран и 8кг. рачен багаж
  • Индивидуален авио билет со сите такси на релација Истанбул - Скопје (Turkish Airlines), во економска класа со 2x 23кг. чекиран и 8кг. рачен багаж

Храна

8 × Континентален појадок , 2 × Вечера , 1 × Полн пансион

Не е вклучено

  • Факултативни излети и влезници за културно-историски споменици
  • Виза за Занзибар (на граница - 50 УСД)
  • За невакцинирани: Задолжителен ПЦР или БРЗ АНТИГЕН ТЕСТ за влез во земјата!

Факултативни излети

Напомена! Термините и цените на факултативните излети се од информативен карактер и истите се променливи, а зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.

Arusha City Tour

Arusha City Tour
Цена: 30,00 USD

Градот Аруша, именуван по племето Масаи, е основан на почетокот на 20 век. Првично била административна единица на германската колонија но се' што останало од колонијалното минато е ѕидот на некогашната тврдина на југот на градот. Во 1994 година е основан Центарот за културно наследство Аруша кој е всушност првата африканска институција која е посветена на проучување на богатството содржано во африканските културни традиции. Самата градба на Центарот е позната поради специфичниот дизајн и богатството на африканска уметност вклесана во него. Врвот Ухуру на Килиманџаро служел како инспирација за примарната конструкција. Има и извонредна низа рачно изработени предмети, вклучувајќи скулптури од Вердит, уникатни маски и слики од познати африкански уметници. Работата на домородните уметници е видно прикажана во одлична уметничка галерија сместена во Центарот за културно наследство Аруша. 

Дводневно сафари (НП Нгорогоро и НП Тарангир)

Дводневно сафари (НП Нгорогоро и НП Тарангир)
Цена: 390,00 USD

Зборот „сафари“ на свахили значи патување, а за остатокот од светот сафари е збор што означува патување за кое живееме. Уникатно искуство што ни ја отсликува хармонијата на Африка, која нè учи на кругот за животот и смртта. Авантурата започнува наутро. На паркингот ги чекаме познатите џипови за сафари, за кои оттсекогаш сме сонувале. Седејќи во удобните седишта се упатуваме кон нашата прва дестинација - Националниот парк Тарангир. Паркот зафаќа површина од 2.800 км2 и го нарекуваат мало Серенгети. Името го носи според реката Тарангир, која е единствениот извор на вода во околината и место за собирање на бројни диви животни. Пристигнуваме во паркот околу пладне, ги земаме пакетите со ручек и започнуваме со нашата авантура. Паркот изгледа како африканската пустина како што си ја замислувавме целиот живот, вистинска савана со слонови, жирафи, зебри и лавови кои талкаат непречено и гордо. Покрај животните, овој парк е познат и по големиот број баобаб дрва, познати како Африканско дрво на животот. Возењето низ паркот завршува во доцните попладневни часови и се упатуваме кон сместувањето во близина на паркот Нгоронгоро - нашата втора дестинација. Вечераме и си легнуваме рано за да можеме да се одмориме за продолжението на авантурата наречена сафари колку што е можно подобро. 
По појадокот се упатуваме кон Националниот парк Нгоронгоро. Нгорогоро е осмото чудо на светот на природата, исто така познат како калдера која привлекува безброј авантуристи од цел свет. Претставува најневеројатниот парк во Танзанија. Се наоѓа во внатрешноста на кратерот на поранешен вулкан кој на дното на кратерот кој има направено плодна долина богата со животински свет.. Излетот започнува со утринско возење низ прекрасната африканската пустина до Националниот парк.. Одиме на авантура и во потрага по животни! Паркот изгледа како африканската пустина што ја замислуваме целиот наш живот, вистинска савана, дом на гепарди, црн носорог, зебри и биволи, додека од друга страна ги демнат лавови и хиени.. 
Цената на излетот е вклучено: трансфер со сафари џипови, влезница во Националните паркови и ручек.

Занзибар Premium - пакет излети

Занзибар Premium - пакет излети
Цена: 240,00 USD

1. Stone Town - City Tour и Накупенда

Излет на кој ја дишеме историјата и влегуваме во сржта на Занзибар. Откако Португалците прв пат се закотвиле на брегот на Stone Town, бил и останал центар на сите збиднувања на овој необичен остров. По Португалците, пристигнале Оманците, па Британците, и сите тие, па и многу други, оставиле траен печат врз овој град, кој и ден-денес претставува неверојатна мешавина на различни култури од целиот свет со автентична африканска основа. Цел овој раскош и бои, градби и многу различни обележја, нѐ освојуваат при првата средба со градот кој од 2000-та година се наоѓа на листата на светско културно наследство на УНЕСКО. На излетот поаѓаме во утринските часови. Ја посетуваме Старата тврдина, која се вика и Португалска тврдина, бидејќи нејзините темели ги поставиле Португалците. Потоа била надградена од оманските Арапи и целото тоа време била главен одбрамбен гаризон на островот. Последниве неколку години служи како место за одржување на разни културни манифестации, од кои најважната е ZIFF (Занзибарскиот Меѓународен Филмски Фестивал). Веднаш до тврдината се наоѓа “Куќата на чудата”, која е еден од главните симболи на Занзибар, некогашна церемонијална палата на третиот султан на Занзибар, султанот Барагаш, која прв во источна Африка имала струја, водовод и електричен лифт. Ќе имаме прилика да ја видиме и палатата на последниот султан на Занзибар, персиски амами, англиканска црква, изградена на местото на последниот пазар за робови во светот. Ќе го посетиме и Darajani пазарот, каде би можеле од прва рака да почуствуваме како африканскиот хаос совршено функционира. Ги посетуваме најважните знаменитости – куќата на фронтменот на групата Queen, Фреди Меркјури, која денес е хотел. Ќе шетаме низ тесните улички полни со насмеани деца и ќе се восхитуваме на различните и фамозни занзибарски врати, кои од секогаш биле статусен симбол на сопственикот на домаќинството. По заводливиот Stone Town се упатуваме со бродче кон Накупенда. 

Накупенда е песочен насип кој се наоѓа отприлика 25мин. возење со чамец од пристаништето во Stone Town. Околу 2000 метри квадратни песочен рај, опколени со корален гребен и најтиркизниот Индиски океан, без ниедно ресторанче, кафана, или било што друго на нив, како на филм... Далеку сме од масовниот туризам на Европа, далеку од гужви, нема големи бродови и илјадници туристи. Го имаме целиот остров само за нас. Дечкото кој го вози чамецот забива 4 дрвени колци во песокот и врз нив става шаторско крило за сенка. Ни сече свежо тропско овошје и се повлекува на бродот каде што распалува скара и ни приготвува вкусни морски специјалитети за ручек (доколку сакаме, ручекот мора да го најавиме, а истиот чини 10$ по лице). Пиеме пиво, слушаме музика и се капеме во најубавата вода што некогаш ја имате видено. Го чекаме зајдисонцето. На враќање, патот ни го осветлува месечината, а ние уживаме во свежиот тропски ветер. Забораваме на сите проблеми. Совршен ден на Занзибар! 

Вклучено е: водич на англиски јазик, сите влезници и организиран превоз по предвидениот план и програма.

Цена на факултативниот излет, доколку се пријавите индивидуално (без пакет): 65$

_____________________________________________________________________________________________________________

2. Џунгла со зачини и Селото Паџе

Нашата следна авантура е џунглата со зачини. Занзибар во светот е познат и како островот на зачините. При колонизацијата на овој остров, Арапите, познати трговци и морепловци, носеле различни зачини од различни делови на светот. Климата на Занзибар се покажала како совршена за огромен број од нив, па денес на овој магичен остров се наоѓаат неколку џунгли или градини со зачини. Ние ќе ја посетиме најголемата градина и ќе се запознаеме со многу зачини кои Занзибарците ги користат во своите домаќинства. Ќе видиме како расте и како изгледа мускатниот орев, како се одгледува и користи циметот, ванилата, ѓумбирот, куркумата и бројни други зачини. Ќе ја помирисаме главната состојка на Chanel no. 5 парфемот и ќе ја видиме Занзибарската верзија. Ќе дознаеме која е разликата измеѓу црниот, белиот и црвениот бибер и ќе видиме како расте кафе на Занзибар. Дегустираме различни тропски овошја, а ќе видиме и како локалците берат кокос на неверојатно високите палми. Гледаме како растат каранфилчиња и зошто се толку важни за Занзибар.. 

Излетот го завршуваме со посета на Паџе, неверојатно шармантно место, кое важи за туристички центар на источниот брег на Занзибар, кој иако не е толку развиен како северниот, има еден посебен шмек. Прва работа која ќе ја забележиме е изобилство на kite-сурфери, чии змаеви го прават и така магичното занзибарско небо, уште помагично. Доколку имаме среќа и пристигнеме за време на осека, ќе видиме како изгледа брегот кога водата се повлекува скоро километар од него. Шетаме по брегот, на кој се лоцирани нашите омилени барови со одлична храна и музика. Овој дел, многумина ги потсетува на Тулум, Мексико. За крај, прошетка низ селото и доцна попладне се враќаме во сместувањето.  

Вклучено: водич на англиски јазик, организиран превоз по предвидениот план и програма.

Цена на факултативниот излет, доколку се пријавите индивидуално (без пакет): 75$

_____________________________________________________________________________________________________________

3. Blue Lagoon, Ресторан The Rock, Kae Funk 

Релаксирачки ден, создаден за потполно уживање во океанот, коктелите и локалната храна. Одиме на авантура каде пливаме во познатата Сина Лагуна (Blue Lagoon) додека се дружиме со најразлчни шарени морски риби и морски ѕвезди. Потоа одиме до ресторанот The Rock каде имаме доволно време да се сликаме, па продолжуваме до “најлабавиот“ и интересниот дел од целиот излет - Kae Funk. Beach Bar во кој според многу луѓе ја има највкусната храна на Занзибар, најдобрата музика и неверојатно вкусни коктели. Има огромни лежалки, места за чил и опуштање. Некаде пред зајдисонце, на самата плажа се пали оган, а во beach bar-от почнува програма, која во овој момент нема да Ви ја откриеме ;)

Вклучено: водич на англиски јазик, сите влезници и организиран превоз по предвидениот план и програма.

Цена на факултативниот излет, доколку се пријавите индивидуално (без пакет): 65$

_____________________________________________________________________________________________________________

4. Островот Мнемба, пливање со делфини и Maasai Village.

Добредојдовте на малиот Занзибарски рај! Тиркизна вода која не може да се спореди со ниедна друга на светот, снежно бел песок и бујна зелена вегетација! Островот Мнемба од неодамна е прогласен за морски резерват, корален атол опкружен со гребени и кристално чистиот Индиски океан. Претставува најпопуларно место за нуркање, со големи живописни корали, како и дом на многубројни подводни желки и делфини. Главната цел на овој излет е пливањето со делфини, кое никогаш нема да го заборавиме. Продолжуваме со посета на село на најпознатото племе во Африка -- Маасаите. Танзанија е земја богата со преку 120 различни племиња, секое племе со свои цели, традиции и карактеристики. Го посетуваме културниот центар на најпознатото племе во Танзанија - Масаи (Maasai). Учиме за нивната историја, традиции и нивниот специфичен начин на животот. Дознаваме кои се тие, како стануваат воини, што јадат, каква е распределбата на работните задачи во нивните полигамни семејства, и по што го прави нивното племе уникатно. Имаме можност да влеземе во нивните автентични куќи, кои се изградени од кал, дрво и кравји измет. Интересен факт е дека нивните куќи ги градат жените, по стапување во брак. Мажите од племето не учат како рачно да запалиме оган користејќи само дрво, имаме шанса да се облечеме во нивната традиционална облека - шука, а нивните воини ќе не учат да користиме лак и стрела. Нашата посета ја завршуваме со традиционален Масаи танц, на кој можеме да се придружиме и да се чувствуваме како дел од племето!

Цена на факултативниот излет, доколку се пријавите индивидуално (без пакет): 60$

_____________________________________________________________________________________________________________

ЦЕНА НА СИТЕ ИЗЛЕТИ ЗАЕДНО ВО ПАКЕТ: 240$

Сместување

Mrimba Palm Hotel Arusha

Mrimba Palm Hotel Arusha
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Mrimba Palm Hotel е хотел со 3* по локална категоризација во Аруша, Танзанија во близина на Njiro Complex. Хотелот располага со двокреветни или трокреветни соби. Секоја соба има сопствен тоалет, балкон, сеф, ТВ и клима уред. Собите се чисти и едноставно уредени. Услугата е на база ноќевање со појадок (континентален појадок).

Адреса Block H Njiro Kwa Msola
Tanzania

Fanaka Safaris Campsite & Lodges

Fanaka Safaris Campsite & Lodges
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Fanaka Safaris Campsite & Lodges e сместувачки објект типичен за Африка. Сместувачкиот објект располага со пространи двокреветни и трикреветни соби со сопствен тоалет. Услугата е на база на полн пансион.

Вебсајт https://fanakasafaricamps.co.tz/

Адреса Mto wa Mbu (Arusha)
Mto Wa Mbu
Tanzania

Mocco Beach Villas ***

Mocco Beach Villas ***
Кликнете на сликата за да ја отворите галеријата
Ова е пример на сместување какво што можете да очекувате. Вистинското сместување може да биде друго, но слично во поглед на тоа што нуди.

Одличната локација на Mocco Beach Villa и познатата релаксирана атмосфера го прават идеално место за одмор. Без разлика дали ќе уживате на плажа или ќе нурнете во длабочините на Индискиот Океан, Mocco Beach Villa претставува неописливо бегство од островот. Mocco Beach Villa има приватен дел на плажа, а објекти за спортови на вода и изнајмување велосипеди се достапни на лице место. Вилата располага со двокреветни или трокреветни соби. Секоја соба има сопствен тоалет. Услугата е на база ноќевање со појадок.

Вебсајт https://moccobeachvilla.co.tz/

Адреса 67WQ+259
Kendwa
Tanzania

Останати поаѓања за Дестинации

Корисни информации

Овде ќе најдете корисни информации за самата дестинација, како и некои совети за ова патување.

Важни напомени

Ве молиме внимателно прочитајте ги овие напомени. Сметаме дека е исклучително важно нашите патници да бидат добро информирани, што овозможува помалку недоразбирања за време на патувањето и попријатно искуство.

Напомени:
Општи напомени:

  • Организатор на патувањето е TA ЦЕЛ СВЕТ ДОО СКОПЈЕ со лиценца УП 113-289 ОД 17.07.2024 година.
  • При пријавување, потребно е да доставите копија од пасош/податоци од пасошот со кој патникот ќе патува на самото патување. Патникот мора задолжително да го провери траењето и исправноста на патниот документ, како и бројот на слободни страници потребни за патувањето.
  • Сите пасоши мораат да имаат рок на важење минимум 180 дена (6 месеци) од датумот на враќање во земјата.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото на измена на одредени содржини од програмата, во случај на вонредни околности и работи кои агенцијата не може да ги предвиди, за време на склучување на договорот.
  • Организаторот на патувањето не е овластен и не ја проценува валидноста на патните и други исправи.
  • За сите информации кои се дадени по усмен пат, агенцијата не сноси никаква одговорност.
  • Потписникот на Договорот за патување или претставникот на групата на патници е задолжен да ги информира и запознае сите патници со договорениот програм на патување, условите на плаќање, визирање и ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ НА ТА ЦЕЛ СВЕТ од СКОПЈЕ.
  • Патниците се должни, два дена пред поаѓање, да го проверат точното време и место на поаѓање на групата.
  • Патникот е должен сам да се запознае со правилата на однесување во земјата во која патување и да ги почитува важечките законски царински прописи.
  • Во превозните средства најстрого е забрането пушење, конзумирање на алкохол и опојни средства.
  • Патниците се дожни да, во автобусите и другите превозни средства со кои се врши трансфер, останат на своите места и не смеат истите да ги напуштаат на места кои не се предвидени за пауза (граници, чек-поинт станици, патарини итн). Во случај патникот да го напушти возилото без претходен договор со претставникот на агенцијата, истиот сам ги сноси сите трошоци и последици.
  • Патникот кој преку неадекватно однесување, ги вознемирува останатите патници или смета на шоферите и/или придружникот на групата во својата работа, ќе биде одма исклучен од патувањето и целата одговорност преоѓа на него/неа, без право на жалба и враќање на пари.
  • Патникот е должен да ја почитува “саатницата” одредена од страна на претставникот на агенцијата на патувањето, во спротивно, претставникот на агенцијата има право да го исклучи патникот од патувањето.
  • Во туристичките автобуси не е можна употреба на тоалет. Во согласност со планот и програмот на патувањето, паузи се прават на 3-4 часа (во зависност од локацијата и опременоста на бензинските станици), кои патниците можат да ги користат за употреба на тоалет.
  • Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и времетраењето на истите. Со плаќање на превозот, патникот го прифаќа горенаведеното, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е направен на база на минимум 10 патници за далечни патувања и 50 патници за европски патувања.
  • Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот или други објективни околности, организаторот на патувањето ги информира патниците дека аранжманот е откажан – најкасно 10 дена пред датумот на поаѓање за далечни патувања и 5 дена пред датумот на поаѓање за европски патувања.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат превоз со авион, по купување на авио картата, невозможно е средствата да се вратат и во тој случај – важат условите на авио компанијата.
  • Кај аранжманите кои вклучуваат low-cost авио компании, во случај на одложување на летот, откажување или губење на конекциите, патниците се дожни сами да ги платат новонастанатите трошоци и агенцијата не може да влијае на околностите кои се надвор од нејзиниот домет.
  • Цените на low cost аранжманите се подложни на промена. По уплата на авансот се проверуваат тарифите и на патникот му се потврдува цената на аранжманот.
  • Агенцијата не сноси одговорност доколку дојде до промена на авио конекциите од страна на авио компаниите.
  • Саатниците на летовите наведени во планот и програмот или добиени од страна на агенцијата се подложни на менување и зависат исклучиво од авио компанијата.
  • Агенцијата го задржува правото да го одбере превозното средство за трансфер. Трансферот се врши до самото сместување, доколку истото е физички возможно.
  • За сите понудени или достапни дополнителни доплати, кои имаат врска со планот и програмот на патувањето, или сместувањето, потребно е да се изјасните при пријавување.
  • Доколку некој патник сам одлучи да смени дел од планот и програмот на патувањето, агенцијата нема обврска на тој патник да му обезбеди трансфер/ран или доцен check-in или check-out во сместувањето/различни ноќевања во сместувањата, од она што е предвидено со планот и програмот на патувањето.
  • Малолетните патници за време на патувањето мора да имаат заверена согласност од родителите.
  • Заради почитување на саатниците предвидени со програмот на патување, како и почитување на времето на останатите патници од групата, не постои можност за задржување на границите кои претставуваат излез од Европска Унија, поради заверување на сметки и враќање на данок од Европската Унија (TAX FREE)
  • Наша препорака е да водите сметка за вашите лични документи и пари на Вашето патување.
  • За овој аранжман се применуваат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ.

Напомени во врска со сместувањето:

  • Организаторот на патувањето, ТА ЦЕЛ СВЕТ, го задржува правото на распоред по соби, во согласност со структурата на собите во сместувачкиот објект. Доколку постои можност, агенцијата се труди да излезе во пресрет на желбите на патниците (Ве молиме да имате разбирање. Ова патување пред сѐ треба да биде авантура и добра забава).
  • Во сместувачките објекти се влегува првиот ден од престојот во согласност со правилата на самиот сместувачки објект.Начесто, check-in е во попладневните часови (14h или 15h), а check-out – последниот ден од престојот, најчесто до 10h или 11h.
  • Описите на сместувачките објекти се од информативен карактер.
  • Некои од дополнителните содржини на сместувачките објекти се достапни со доплата. Постои можност на отстапувања и промена на достапноста на некои содржини, бидејќи истите зависат исклучиво од сместувачките објекти (нпр. Сеф, паркинг, мини-бар, ТВ, клима уред...)
  • Патникот е должен да ги почитува правилата на сместувачкиот објект и сам сноси одговорност доколку дојде да санкционирање од страна на персоналот на сместувачкиот објект
  • Во некои сместувачки капацитет во Азија, Африка и Латинска Америка – нема врела вода.
  • Сместувачките капацитети ги сместуваат патниците и го одредуваат распоредот и типот на собите спрема својата расположливост во дадениот момент. Агенцијата не е во можност да им потврди на клиентите дали креветите ќе бидат twin (раздвоени) или double (голем француски лежај), како ни спратноста во самото сместување, освен доколку тоа не е посебно назначено во Договорот. Клиентот со уплата на аранжманот се согласува со овие факти и условите на сместувањето, без право на жалба.
  • Патниците коио патуваат сами во некои програми имаат можност да со доплата, престојуваат сами во еднокреветна соба. Доколку патникот сака да се спои со некој од другите патници од групата и не сака да плаќа доплата, прифаќа да се спои со било кое лице од групата, без оглед на возраста и полот на сопатникот. Во овие ситуации, агенцијата апсолутно не одговара за било какви евентуални непријатност или несогласувања кои патниците можат да ги имаат за време на патувањето.

Напомена во врска со факултативните излети:

  • Факултативните излети не се задолжителен дел од патувањата и за факултативните излети не е обезбедена заштита во поглед на гаранција за патувањето.
  • Термините и цените на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини по локалитетите, бројот на пријавени патници и други објективни околности.
  • Факултативните излети се реализираат од страна на локални агенции. ТА ЦЕЛ СВЕТ не е во можност да влијае на работи кои се надвор од нејзиниот домет, односно се врзани за самата реализација на излетот.
  • Факултативните излети се реализираат од локални туристички водичи, на самите локалитети, на англиски јазик. Со плаќање на излетот, патникот ги прифаќа сите услови на локалната агенција, без право на жалба.
  • Агенцијата не може да влијае на времетраењето на патувањата до локалитетите, времето на поаѓање, враќање или обиколка, како ни стручноста на локалните водичи.
  • При уплата на факултативен излет, патникот ги прифаќа условите на локалната агенција која е организатор на излетот. Доколку еден патник уплаќа излет во име на други патници, истиот е должен да ги извести сопатниците за условите на локалната агенција. Било какви измени и откажување од излетот по уплатата, не се возможни, ниту е возможно, под било кои околности, да се рефундираат уплатените средства.
  • Се молат сите патници, пред уплаќање на факултативен излет, да се информираат и упознаат со предвидениот план и услови за факултативниот излет.

Напомена во врска со визите:

  • Патниците задолжително мора да се запознаат со визниот режим на државата во која патуваат.
  • Некои амбасади бараат задолжително присуство на патникот за аплицирање за виза. Патниците се должни да ги испочитуваат правилата на амбасадата,
  • Патниците се должни да ги достават документите за визирање, најдоцна 1 месец пред патувањето, а доколку не ги достават во наведениот рок, должни се сами да ја обезбедат визата за патување.
  • Патниците кои не посеуваат нови биометриски пасоши на Република Македонија, должни се сами да се запознаат со визниот режим на државите во кои патуваат и сами да ги обезбедат визите за патување.
  • Агенцијата не гарантира дека на патникот ќе му биде одобрена виза и не е овластена да утврдува валидност на документи.
  • Агенцијата не сноси одговорност во случај на недобивање на виза.