Политика на приватност
ЦЕЛ СВЕТ ДОО го задржува правото да собира одредени лични податоци за време на пребарувањето на некои интернет страници од овој Сајт - како би ги исполниле вашите барања и потреби. Секое собирање на ваквите информации на овие страници ќе биде спроведено во согласност со овие правила на приватност, како и важечките прописи за заштита на лични податоци.
Општо
ЦЕЛ СВЕТ ДОО многу сериозно ја разбира приватноста на Вашите податоци. Нашата политика на приватност е осмислена така да Вас ве извести за нашата пракса во врска со собирањето, користењето и откривањето на податоците кои ги доставувате преку интернет страницата www.jungletribe.mk и другите партнерски страници (“Сајт“).
Ако го користите овој Сајт тоа значи дека се согласувате да ги собираме Вашите податоци. Истите да го користиме и откриваме во согласност со оваа политика на приватност, како и дека сте согласни со нејзиниот обврзувачки карактер.
Како ги собираме податоците?
Ова се информациите или податоците за личноста (информации кои Ве идентификуваат) кои можеме да ги собираме и обработуваме:
- Вашите одговори на сите прашалници и анкети кои можеме да ги користиме за потребите од истражување;
- Податоцие за Вашите посети на сајтот и ресурсите до кои пристапувате;
- Информациите кои ни ги давате кога пријавувате проблеми со сајтот.
Овие информации ги собираме само кога Вие одлучите да ни ги доставите. Не сте должни да ни доставувате никакви лични податоци и тоа нема да има никакво влијание врз можноста на користење на сајтот.
Информациите исто така се собираат и тогаш кога Вие активно не ги доставувате, т.е. со помош на различни технологии и методи како што се ИП адресите и “колачиња“ (“cookies"). На овој начин не се собираат, ниту чуваат личните податоци.
ИП адресата е бројот кој Вашиот провајдер за интернетски услуги го доделил на вашиот компјутер, за да можете да пристапите на интернет. Генерално се смета дека ова не е податок за личноста, бидејќи преку ИП адресата најмногу може да се дојде до Вашиот провајдер на интернетски услуги или големи компании или организации кои го обезбедуваат Вашиот пристап до интернет (као на пр. вашиот работодавец, ако сте на работно место).
Вашата ИП адреса ја користиме да дијагностицираме проблеми со нашите сервери, да пријавиме информации кои не се лични и го утврдиме најбрзиот пат за усмерување на Вашиот компјутер до нашиот сајт, но и да го водиме и унапредуваме сајтот.
Користење податоци
Собраните информации за Вас ги користиме на следниот начин:
- да се осигураме дека содржината на сајтот е прикажана на најефикасен начин и за Вас и за Вашиот компјутер и да го прилагодиме сајтот на Вашите потреби;
- као помош за генерално унапредување на сајтот;
- да ги исполнуваме и да управуваме со сите обврски кои настануваат на основ на било која спогодба заклучена измеѓу Вас и нас;
- да Ви овозможиме да учествувате во интерактивните функции на сајтот и на други услуги;
- да Ве контактираме и известуваме за измените на сајтот или услугите кои ги нудиме (освен ако не сте нагласиле дека тоа не го посакувате);
- да анализираме како корисниците го користат нашиот сајт и за интерните потреби во областа на маркетинг и истражување;
- Вашите податоци нема да ги препродаваме на трети лица, нути да ги користиме за маркетинг за корист на трети лица;
Размена на податоци
Ниеден податок кој го доставите преку сајтот нема да го отркиеме на трети лица освен во следните случаи:
- као дел од нашите постапки за резервирање и со цел нудење на нашите услуги, податоците мора да се даваат на трето лице кое учествува во реализација на услугите;
- ако сме должни да откриеме или да ги споделиме Вашите лични податоци за да ја исполниме својата законска обврска (на пр., ако за тоа добиеме судски налог или за потребите за спречување на измама или други криминални активости)
- да исполниме било кој услов за користење кој важи за било кој од сајтовите, или да исполниме било кој друг услов или спогодба кој важи за нашите услуги
- можеме да ги споделиме Вашите лични податоци со трети лици во склоп на продажба на еден дел или целата компанија и имотот на било кое трето лице или во склоп на било какво реконструирање или реорганизација, но при тоа ќе ги превземеме сите чекори за да ги обезбедиме Вашите права на приватност (истите и понатаму да бидат заштитени);
- за заштита на правата, имотот или безбедноста на компанијата Jungle Travel d.o.o., односно ЦЕЛ СВЕТ ДОО, корисникот на сајтот, или било кое трето лице. Тоа вклучува размена на податоци со други компании и организации со цел заштита од измама.
- Покрај се претходно наведено, нема да откриваме никакви лични податоци освен ако Вие за тоа не ни дадете дозвола.
Колачиња
“Cookie" или “колаче“ е текстуална датотека која ја создава интернет страницата и која се поставува на Вашиот компјутер и содржи информации за Вашите активности на интернет. Информациите во колачињата не содржат податоци за лична идентификација кои ги доставувате до нашиот сајт.
На сајтот, користиме колачња за да го следиме движењето на корисникот низ сајтот, што ни овозможува да ги подобриме своите услуги. Колачињата исто така ги користиме кога се логирате на некои од нашите онлине услуги за да Ви овозможиме да останете логирани во истите. Колачето ви помага да го искористите сајтот на најдобриот начин, а нам ни помага да ви ја понудиме прилагодената услуга.
Оној момент кога ќе го исклучите пребарувачот, престанува и нашиот пристап до колачето. Освен тоа, имате можност да прифатите или одбиете користење на колачиња. Повеќето интернет пребарувачи автоматски прифаќаат користење на колачиња, но доколку тоа не го сакате, со измена во подесувањата, може да му дадете упатство на пребарувачот да ги блокира. За измена во својот пребарувач, одете во напредни подесувања.
Да ги користиме колачињата, потребна ни е Ваша согласност. На почетната страница на интернет сајтот се наоѓа јасно известување за колачиња. Доколку продолжите да го користите сајтот откога сте го виделе тоа известување, заклучуваме дека се согласувате да ги користиме горе-опишаните колачиња.
Ако одличите да не ги прифатите колачињата, тоа нема да влијае на Вашиот пристап до повеќето информации кои постојат на сајтот. Меѓутоа, некои услуги или функционалности од сајтот нема да бидат во потполност достапни.
Пристап до податоците за личности и нивна измена
Ќе ги превземеме сите разумни чекори во согласност со нашите законски обврски да ги ажурираме или поправиме податоците за идентификација на личноста кои ги поседуваме, а кои сте ги доставиле преку овој сајт.
Законот ви дава право на пристап на информациите кои постојат за вас. Вашето право на пристап може да се оствари во согласност со закон. Секое барање за пристап може да се наплати 500 денари, како би се покриле трошоците кои ги имаме кога Вам ви ги даваме податоците кои за Вас ги чуваме. Доколку сакате да видите поединости од било кои податоци за личност кои ги чуваме за Вас, Ве молиме да не контактирате преку нашата страница за контакт.
Ги превземаме сите одговарачки чекори да ги заштитиме Вашите податоци за идентификација на личност додека ги пренесувате од компјутерот до нашиот сајт, но и да ги заштитиме од губиток, злоупотреба и неовластен пристап, откривање, измени или уништување. За да ги сочуваме Вашите податоци, ги користиме водечките технологии и софтвери за шифрирање на податоци и применуваме строги безбедности стандарди за спречување на неовластен пристам до овие податоци.
Доколку користите лозинка, корисничко име или други посебни пристапни лозинки на овој сајт, одговорни сте и за превземање на разумни чекори за нивна заштита.
Други интернет сајтови
На овој сајт се наоѓаат сите врски и референци за други интернет страници. Не заборавајте дека оваа политика за заштита на приватноста и податоците за личноста не важи и за овие сајтови.
Ние не можеме да одговараме за политиките и праксите за заштита на приватноста на сајтовите со кои не управуваме. Дури и ако им пристапите преку нашиот сајт. Ви препорачуваме внимателно да ја прочитате политиката за заштита на приватноста на секој сајт кој го посетувае и да контактирате со сопственикот или операторот доколку имате било какви недоумици или прашања.
Освен тоа, доколку дојдете до овој сајт преку трети лица, ние не можеме да одговараме за политиката и праксата за заштита на приватноста на сопственикот и оператерот на сајтовите на трети лица и ви препорачуваме внимателно да ја прочитате политиката за заштита на приватноста на сајтовите на третите лица и ги контактирате сопствениците или операторите ако имате било каква недоумици или прашања.
Пренос на вашите податоци надвор од Европа
Како дел од услугите понудени преку сајтот, податоците кои ни ги давате може да се пренесуваат и чуваат во земјите надвор од Европската унија - на пример, во случај кога некој од нашите сервери од време на време се наоѓа во земја надвор од Европската Унија или некој од нашите добавувачи на услуги доаѓа надвор од ЕУ. Освен тоа, податоците можеме да ги размениме со други еквивалентни национални тела, кои се наоѓаат во земјите ширум светот. Може да се случи тие земји да немаат слични закони за заштита на податоци како во Република Србија или Република Северна Македонија. Ако на таков начин ги пренесеме вашите податоци надвор од Европската Унија, ќе ги превземеме сите чекори да ги обезбедиме Вашите права на приватност - да истите бидат заштитени како што е наведено во оваа политика за заштита на приватноста.
Доколку го користите сајтот надвор од Европа, вашите податоци може да се пренесуваат и надвор од Европа - како би можеле да ви ги понудиме услугите.
Кога ни ги доставувате личните податоци, согласни сте со тоа да истите можат да се пренесуваат или обработуваат надвор од Европа на горе-опишаниот начин.
Известување за измени во нашата Политика за заштита на приватноста
Сите информации за било какви измени во нашата политика за заштита на приватноста ќе ги поставиме на сајтот за да обезбедиме да секогаш бидете во тек со информациите кои ги собираме, како ги користиме и во кои прилиги ги, доколку е применливо, разменуваме со други страни.